Мајка со силиконски брадавици пробај,може бебе неможе да фати града,јас така моето скоро 3 недели со силиконки и еве дури пред недела почнавме директ да цицаме пошо брадвката ми се издолжи убаво за бебе да фаќа града директ,плус долното усте ни е навнатре малку и затоа му беше потешко фаќањето
И мене ми нема логика ама првиот пат ме вратија не ме вакцинираа пошто бебе имаше 40 дена, а не 3 месеци.
До 3ти месец се оформува основен имунитет на бебето а јер вакциниве се релативно нови, се препорачува да се почека да направи бебу 3 месеци. Јас така чекав и на 3 месеци се вакцинирав со Фајзер. Фајзер и Модерна се едино одобрени за доилки, само кај нас нема Модерна па Фајзерче. Иначе јас и бебе во истиот ден примавме вакцина, она сабајлето јас поручекта. Одма си доев. Еве беба е скоро 8 месеци цица најнормално, никакви проблеми не сме имале.
Сите се одобрени за доилки, па дури и за трудници. Освен астра зенека. @Ahoy е стручњак на темава, корегирај ме ако грешам.
Не праам реклама ама јас медела земав, скапички се накај 900мденари ама бебе уште во болница со нив почна и добро ги фаќаше
Би ти препорачала да си го гледаш бебето дали има реакции на нешто. Јас лично јадам се освен грав, мене и онака ми е тежок гравот а можам да замислам на бебе како ќе му е. До сега еве 2 месеци е бебето, само два пати и има засметано шо сум јадела. Еднаш беше од млеко шо пиев, другиот пат не знам од шо беше. Иначе онака се препорачува да се избегнуваат грав, зелка, зачини, газирано. Патронажната ми кажа да се избегнуваат цитрусни овошја секој ден - еднаш до два пати неделно само.
Да да ептен погодени, јас ги одбив што се вика, гледај и ти ако брадавките ти се малку подраснати и испакнати да го учиш директ на града, малку е болно на почеток ама со ланолинче се се решава
Не било убаво ни јаткасти плодови, смоки, ради алергени да се јадат, зелена салата,брокула,карфиол, цвекло никако, само варен морков останува од зеленчук за јадење, значи салата нема за нас доилките
Ме интересира зошто баш варен морков, јас незнам колку морков салата имам изедено до сега па немало никаков проблем.
Prv pat slusam za cveklo, a sekoj den jadam.. isto i jatkasti plodovi jadam sekoj den po malku( orev i lesnik najmnogu )
Син ми имаше грчеви кога јадев цвекло, ама за секоја храна - прво пробајте, па ако има мака тогаш лимитирајте, не значи дека ако едно бебе реагира ќе реагира и друго.
Кај моево од краставица му се случуваше тоа, ама муабетот ми е дека секое бебе е индивидуално. Од цвекло немаше проблем, пиев сок и јадев секој ден заради ниско железо.
Според педијатарот во ремедика, и живиот морков прави гасови и најдобро е варен да се јаде, не е мое мислење, само споделувам со вас што ми рекоа да не јадам