1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    1.956
    Пол:
    Женски
    Во систина мене ми рекоа да ставам првата недела со уште една пелена затоа што едното колкче му беше малце лабаво. После првиот преглед ми рекоа веќе нема потреба. Ако нема некаков проблем не се става
     
    На zverkica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    2.913
    Пол:
    Женски
    Се што ти пишале мамиве плус би ти додала млечни производи редуцирано да јадеш не мора скроз да ги исклучиш само да намалиш.

    Но имај во предвид од бебе до бебе. Еве јас јадам грашок детево нема проблем од тоа, а е зрнеста храна што не се препорачува.
     
    На zverkica, tina2018 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  3. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    3.816
    Пол:
    Женски
    Јас од вчера одам кај Јасна Апостолски Николов. Јас имам премногу млеко и само молзев и уште повеќе белја правев, се повеќе млеко имав. Она вчера ми даде насоки за мојата ситуација конкретно, а околу молзењето до крај ми рече никако, дека се одмолзува малце 30/40мл дур не се ослободи притисокот. Ако молзиш до крај само стимулираш повеќе лактација и после градите камен.Иначе ќе знаеш на допир кога е празна градата. Фати ја со рака, треба да е лесна на допир. А бебуш нормално е да цица кратко, малечко е, нема сила. Како што ќе расте ќе цица и влече подолго. Јас топло ти ја препорачувам Јасна, јас се што прочитав за неа беше позитивно, јас вчера бев па уште е рано да кажам, ама многу позитивен впечаток ми остави. :):)
     
    На Honny, tina2018, kostovaivana и 2 други им се допаѓа ова.
  4. marijamarkoska

    marijamarkoska Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Фала ти за инфо. Каде беше, кај неа? Може ли online или она да дојде?
     
    На bybeDkid му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    3.816
    Пол:
    Женски
    Јас бев кај неа а може и онлајн и она да дојде. Ама видете се лично, нека ти ги види градите, онлајн не е тоа тоа, ова е осетлива работа. Јас ја најдов на фб и и пишав, одма одговара, достапна е во секое време.
     
    На marijamarkoska му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Хахахах, е да, супа ми е секојдневие, денес ќе јадам телешка чорба
     
    На tina2018 и bybeDkid им се допаѓа ова.
  7. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    И јас јадам таков и ок е
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LjLj

    LjLj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    495
    Грчеви секако имаат бебињата, некое поизразени некое помалку и обично завршуваат до 6 недели, ама може да траат и повеќе. Грчеви имаат и тие што се на ад, а во формулата нит грав има нит зелена салата.
    Додека сфатите дека од некоја храна имало грчеви, па ќе се ставите на диета.. грчевите ќе завршат....
    Не се замарајте со јадењето и толку рестрикции да си правите, без разлика дали доите или не, убаво е да се јаде редовно и тоа да е разноврсна храна и да пиете многу вода и течности без шеќери.
     
    На Marge, Oneo, Honny и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    3.159
    Пол:
    Женски
    Е фала на информацијата.
    Јас јадам се освен марула од тоа имаше реакција само.
    За грчеви ништо не сум давала ги немаме а имаме 2.5 месеци.
    Членката кажа дека јадела боранија и дека имало реакција и побара листа за 'забранета' храна па од таму и одговорот мој.
    А тоа кој што ке јаде и како ке си прави е негова одлука ни јас а па ни ти не може да му каже дали да се става на диета и дали да се 'замара'
     
  10. LjLj

    LjLj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    495
    Со ова што го пишуваш само ми го потврдуваш тоа што го пишав.

    Твоето бебе немало грчеви, а ти јадеш се, освен зелена салата, ама на членката и одговараш дека нејзиното бебе има грчеви од боранијата и што да не јаде доилка...
    А тие на ад што се, од што им се грчевите, на нив па да не им даваат ад ?

    Значи индивидуално е, кај некои се поизразени кај некои помалку. Нормален процес се грчевите, дигестивниот систем им проработува и се развива.

    Моето искуство, знаење и совет е дека доилка треба да има редовна и правилна исхрана и да внесува многу течности.
    Грчевите ќе поминат порано или подоцна..

    Секако дека секој ќе си јаде што сака, тука сме да споделиме свое мислење и совет кога веќе некој прашува.

    А, твоето иронично 'фала' личи дека очигледно имаш проблем ако некој различно мисли и ти реплицира.
    Ти реплицирав тебе, зашто тој коментар ми се погоди после серија коментари за доење и грчеви и што да не се јаде...
    опуштено мајка, ништо лично немаше во коментарот, немаше потреба да си го оправдуваш одговорот.
     
  11. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Јас прашав зашто 2 дена бебе не е престанато да плаче. Педијатарот рече било гладно, не можело да фати. 2 недели има. Ај земав силиконски брадавици, пумпа да вида колку млеко цица и дохрана за два три оброка. Сега мислиме дека се грчеви зашто тоа ќе плаче кога е гладно, а не по цел ден. Паднато е 100 гр од болница. Синоќа му дадовме дохрана и спиеше. Има ли негде да се испита квалитет на млеко?
     
  12. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    Квалитет на мајчино млеко?
     
  13. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Да.
     
  14. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    Не постои неквалитетно мајчино млеко :) се создава според потребите на бебето. Или не влече доволно или може се грчеви, ама тоа по напредокот се гледа. Знам дека е често на стартот да не качуваат одма или да паѓаат во тежина. Моево првиот месец константно губеше килажа и затоа прејдов на комбинирано со ад а сега е само на ад. Скроз исто како што кажуваш беше, по цел ден плачки и уште не знам дали беа грчеви, глад или и двете. :(
     
    На zverkica и tina2018 им се допаѓа ова.
  15. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    6.221
    89219A13-B91C-4748-9465-36E73EB7E404.jpeg
    *На ова и overstimulation би додала.
     
    На Oneo, Pacient srna, kostovaivana и 5 други им се допаѓа ова.
  16. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Тинче не се замарај со млекото, се си е во ред, ќе има и пивеќе млеко со тек на време, само редовно ставај го на града да стимулира млекце побрзо да се прави, за грчеви пробај со Колипрев капки и пробиотик Рекол, до месец дена да издржите оа ќе даваш и сирупче Нурсе Харви, и нас ни почнаа на две недели и беше неподносливо колку плачеше, ама со капките се среди некое време и на месец дена пак вриштеше и му дадовме плус сирупче за да се смири бебето, издржи мајка
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    3.159
    Пол:
    Женски
    Нема никаква иронија во мојот одговор извини ако делувало така. А дека некои храни прават грчеви и сметаат кај бебе сметаат,само кај секое индивидуално и секоја мајка треба се да јаде и ако примети дека нешто му смета на бебе треба да го исфрли, тоа е мој став. Е сега ако јадеш грав и упорно гледаш дека има грчеви после конзумација не знам дали си викаш ај ке си јадам секако ке си има грчеви и ако не јадам...ја не би можела. Или ако ете јадела боранија и мисли дека е од запршката треба да и се посочи дека поголеми се шансите да се од боранијата отколку од запршката. Е сега се во врска со одгледување бебе е индивидуално и секоја мајка има право да си прави како што смета дека е најдобро за нејзиното бебе. Сите си кажуваме совети или како ние правиме а секако секоја ке си одлучи за себе и своето бебе.
     
  18. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    3.159
    Пол:
    Женски
    Нека ти е здраво и живо јас дури сега сватив дека ти си породена,само убавини мајка. Млекото твое е идеална храна за бебушот немој да се сомневаш во тоа и да дозволиш да ти влијае околината. Само ставај на града цело време да ти надојде млеко уште е многу рано 2недели е. Не се откажувај мајка. Јади,пиј многу многу течности и ставање на града да стимулира бебето. Среќно
     
    На IRBBB и tina2018 им се допаѓа ова.
  19. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Ептен држи вода муабетот со споредба на ад и мајчино млеко, не дека ние не сакаме да јадеме се, така ни наведуваат уште од сам старт сестрите на породилно па после и педијатрите, сигурно има некаква врска и храната инаку не би постоеле такви забрани од педијатрите. Еве јас два пати каснав мелено месо и бебе се утепа од вриштење, ете и тоа веќе не јадам, мајки сме и од жал се ќе сториме за бебето да не се мачи и не плаче. Јадев и зелена салата и цвекло,бебе плачеше, и тоа престанав, незнам што да кажам освен дека е период кој мора да пројде а ние само гледаме да најдеме начин некако да им помогнеме да не плачат
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LjLj

    LjLj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    495
    Квалитетно е секое мајчино млеко.
    Малечки се тешко им е да влечат, и за да бидат најадени многу пати цицаат. Како расте, поефективни стануваат и брзо цицаат.
    Ако сакаш да доиш, треба трпеливост, упорност и не се прашувај зашто цело време бара да цица... едноставно така е, сакаат млекце, спијат на цице, сакаат да ги држиш..
    Во меѓувреме почнуваат грчеви на кои обично пикот им е на 6 недели.. а грчевите знаат да бидат одвратни.. и така благо кажано првите 6 недели се хаос и за мајка и за бебе.. некогаш и сито ќе плаче, и нема ни да знаеш некогаш зашто плаче
    Јас имав бебе од 2кг, порано родено, мораше ад, ама и давав и да цица кога си дојде дома, па со упорност и трпеливост на 3 месеци ја исфрливме формулата.
     
    На marta993, tina2018, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.