мамички ај в молам за помош значи бебушка моја никако да ја надојам, влече се и заспива ама по каката познавам дека не е надоена и морав да почнам да и давам адаптирано е сега прашањево ми е како да се измолзувам купив на Чико рачна пумпица и не можам никако не сака неколку капки и толку пробувам рачно тече млеко ама ми се слева по рацее и никако да го соберам во шише.. а сакам да му давам мое млеко кога веќе имам , плус осеќам дека ми се пунат градите иморам некако да се измолзам , ама како ?
uinik можно е и да немаш млеко доволно штом велиш дека е гладна бидејки на првородките им надоага млекото убаво кај 4-5 ден ти ке шприцнеш со раката иам млеко али на почеток само после нема поцекај усте некоја денда ти надојде млекото убаво а у меѓувреме ставај облоги со топла вода на крпа обично натопија во топла вода и на градите ставај да се прошират млечните канали да тече повеке млеко или пак нека ти покаже некој како рачно правилно да се измолзуваш оти пак и таму има финта треба точно да знаеш каде да стиснеш за да шприцне млекото
^Уник доењето е борба, особено на почетокот, скоро сите новороденчиња заспиваат, треба многу упорност. Пробај да ја држиш будна додека доиш, тепкај ја со прстите по носето, под брадичето јас така му правев на син ми. За измолзување чим ти тече по рацето можеби слаб е вакумот, кога ќе се стави пумпата на градата треба вакум да се направи и така да си тече како што треба млекото во шишето. Честито, нека ти е здрава и жива принцезата
Јуник мора да бидеш упорна , чешкај ја позади увцето и нема да заспие ( мене ова ми го кажаа во бооница) зашто и керка ми заспиваше одма хаха Колку повеке ја доиш , значи колку повеке градите се празнат толку повеке млеко се создава ново. Штом градите ти се полнат тогаш не ти треба млеко вештачко да и даваш. Полека полека ке се навикнете, не се секирај
Најпрво добредојде во светот на мајките и овие слатки маки По породувањето,доењето е следната потешкотија за мајката.Тоа бара голема упорност која одприлика трае една недела,по што и бебето и мајката ќе се научат како е најдобро Бидејќи во моментов немаш некоја поголема работа првиве неколку дена ставај ја на града што повеќе.Да таа ќе заспива ,но одвреме навреме и ќе цица. Каките треба да бидат со златно-жолта боја ,но да не те плаши ако на самата пелена има друга боја,затоа што гелот од некои пелени може да ја обои.Најдобро бојата се гледа на марамиците. Доколку бебето спие по 1-2 часа (а нема жолтица) тоа значи дека е најадено. Доколку има жолтица тогаш мораш да ја будиш затоа што жолтицата ги успива и зашеметува и можат и гладни да спијат и по повеќе часови.Посвети се максимално на доењето овие неколку дена за во иднина да ти биде полесно,бидејќи доењето е олеснување за мајката во смисол дека каде и да одиш,што и да правиш храната е со тебе. За рачното измолзување самата брадавица односно врвот од каде што тече млекото стави го во шишето и полека притискај.Така она што ќе истекува ќе нема каде да бега и ќе тече по зидовите од шишето. Јас лично не сум за тоа веднаш да се почне со АД млеко(доколку мајката има),повеќе сум за варијантата цело време на града .Така сум правела и со моите и за 2-3 дена сме го фаќала редот.Мене во почетокот најзгодно ми беше да дојам легната,па откако ќе го фатеа редот почнував и седната.
Уник да е жива зи здрава малата ,јас еве како тазе мајка веке два месеци наполнивме уште мака мачам со доењето,моето е лакомко и нема да заспие ако не е најаден па нека се преврти светот вришти ли вришти.На почетокот почнав со измолзување и сите видови пумпици ги сменив и едвај можев некоја капка да извадам и му давав по 30 мл ад млеко ама па цел ден на града ми беше за да надојде млеко ако задраме кај увцето го скубнував или одма ке го извадев од града и одма се будеше ,и така со денови па и до ден денес немам толку млеко колку што он сака да цица ама не се откажувам пак го дојам и кога ке видам дека после заспива свакам дека е нацицан ако плаче му додавам вештачко млеко ,ке видиш самото бебе ке си покаже што и како треба но битно е да бидеш упорна и нонстоп на града . Ако градите почнат да ти се стврднуваат земи си едно шишенце пластично од кока кола и наполниго со вода топла и на градата масирај како ваљак да ти служи градите ке се опуштат и тогаш повеке млеко ке надојде и полесно може да тече ,ако имаш пак температура на града одма зелка свежа лист да земеш и со сукало или толчник да ја расукаш и на гради да ја држиш недај боже мастит да не фатиш . Епа тоа е добре дојде во светот на Мајките ,сите работи ке ги пробаш за своето дете .
Доењето си бара многу упорност на почетокот . И моето бебе ке цица ке заспие па ја штипкав да се разбуди. И си имавме ред на цицање , на почетокот беше постојано на града.... Мене уште ми е криво што се одби може и јас не бев доволно упорно со доењето ... лесно се откажав на 5 месеци .. ама за другото дете здравје ке си имам повеке искуство
Ние еве веќе не цицаме. Самата постепено се одбиваше, прво не сакаше преку ден, пробав секако, едноставно не одеше со сила, па цицавме само навечер. Сега еве недела дена како нема интерес да цица навечер. Не се буди скоро воопшто или ако се разбуди не сака цице. Сака или вода или сокче. Значи до 10 месеци цицавме. Мислам дека е сосема доволно и убаво е што самата одби, а не јас неа. Во секој случај, доењето си бара упорност, за мене беше едно убаво искуство.
Јуник, да ти е жива и здрава малата, голема да расте! Ептен убаво име сте одбрале Како второ, чекај за ад млекото, не почнувај веднаш. Малата нонстоп да ти е на града, и ако заспие, буди ја да цица. Еден совет од мене, бидејќи си прворотка, јас го применив, и многу ми помогна - држи ги градите над вода што врие, односно на пареа, да ти се отворат убаво млечните канали и млекото ќе надојде. На почетокот треба многу упорност. Не значи дека немаш млеко ако не тече при измолзување со пумпица или рачно. Главен стимул е цицањето на бебето. Нели кога бебето цица од едната града, од другата тече млеко? Кај мене ништо не течеше кога се измолзував, ама затоа кога малиот цицаше, си имаше млеко (колку толку, јас после месец дена почнав да го дохранувам, не ми се одби воопшто). И гледај бебето убаво да ја држи градата во уста, не само брадавицата, туку и дел од ареолата.
Абе мамички сите имаат проблеми бебето не сака да спие а моево се утепува од спиење морам да го будам на 2 саати да јаде зошто почна да ми губи на килажа.. Ад млеко морав да му давам и на некој начин да го дохранувам со тоа .. До сега се одмолзував рачно и му го дадов го испи , купив и дигитална вага и ке го ставам на града и кога ке се нацица уствари кога ке ја извади ке го измерам да видам дали нешто внесува во него, или пак ке го оставам да цица кога ке заврши и заспие после 1 саат ке пробам пак да му дадам ад или одмолзено па ако го испие значи не е нацицано, др начин не знам како да проверам дали е нацицано или не. Инаку градиве ми се полни а и почнуваат да ме болат на едната ми се направија рагади ама ги средив.. се надевам дека ќе успеам бидејќи многу сакам да го дојам
Нема друго, мора да го будиш. Да не има жолтица што спие толку? Обично тие бебиња спијат цело време, ама после си надокнадуваат. Првите денови додека да си фатите ред со доењето се тешки. Немој да даваш ад млеко, навистина нема потреба.
Јуник немаш потреба од мерење во првата недела затоа што тогаш бебињата и губат килажа. Преку ден кога има сонце сунчај ја сеедно дали надвор на тераса или преку прозор ,за ако има жолтица побрзо да помине. Немој премногу да се грижиш за тоа дали качило 200-300-500 грама. Џабе ќе мериш по секој подој кога најголем показател за глад ти е столицата која во вакви ситуации е зелена накај црна(ако сум грешка нека ме поправи некој). Држи ја малата на града ,ама не заборавај да се мачкаш.Кога ќе ја тргаш од града примети дали се откачува како вакум,затоа што ако добро фаќа тогаш нема воздух меѓу градата и устата.Додека и е градата во уста по малку притискај како да се измолзуваш и така нејзе ќе и дојде млеко и ќе почне да цица.Мој совет доколку и даваш АД млеко да го даваш со шприц или лажиче .затоа што со цуцла може да и дојде полесно,па после да не сака да се мачи да цица.Ако многу ти се стврднат градите или истуширај се или ставај топли облоги или измолзи се малку.Кај и да е утре/задутре ќе ти дојде патронажна,па таа ќе ти објасни се ,а и фино ќе види како напредувате во поглед на цицањето.
За жолтица знам дека нема затоа што мајками е медицинско лице , работи со деца па сум сигурна дека нема.. Инаку ја доев прееска цицаше околуу 20 мин и за прв пат видов млекце малку и истече од устето .. Од пумпицата што ја купив од Чико нели оди со нејзе и цуцла е со таа и го давам Ад затоа што е иста како брдавицата и немам проблем со тоа после си влече и од градата.. ќе пробам ноќеска кога ке се разбуди мислам дека тогаш е најгладна и ќе си се нацица убаво со оглед на тоа дека веќе почна млекото и само да ми тече мислам дека ке успееме, само малку е мрзливка на почетокот влече влече и заспива ама ја будам.. Фала ви многу мамички на советите..
многу добро што и даваш ад млеко јас направив голема грешка што не му давав на син ми. од болница не пуштија со шолтица и јас человреме мислев дека цица и кога дојдоја патронажните ми рекоја дека не цица и се вративме и лежевме уште 10 дена. а да му давав млеко од почеток ќе се накренесе и ќе почнеше и убаво да си цица а сега сме цело виеме на ад млеко
Ако можеш да си дозволиш земи си електрична пумпа од мадела околу 3-4000 е ама барем ќе занес дека ќе се измолзиш асално и плус ќе знаеш колку и дали воопшто пие млекце
Од се што прочитав на темава заклучив дека јас со вештачко млеко ќе го ранам бебето уште од старт, па ова проблеми биле бре!
Мајки помош.Моето малечко - големо бебче ( 7.5 месеци ) почнува да ми го одбива денското доење, навечер во сон убаво си цица и по два пати, си стануваме зошто еве денски не сака, го ставам на града упорно, а он ке вовлече еднаш и се врти со главчето и целотот тело да гледа околу него( иако се доиме во мирно секогаш ) па пак ке го привлечам накај мене ке тргне еднаш и пак иста песна.. Не сакам да се одбие сакам до годинка да цица. А и постоано ми е нервозен , плачлив сака само до него да сум постоано, целото винмание да му се посвети(зборувам за моменти кога треба да му направам кашичка, јадам, одам до тоалет или фатам нешто по дома) си мислам дали е до тоа што не сака да пие млекце, а кашички си јаде се и овошни и зеленчукови и си пие по 200 ми чајче од нане (не сака вода , замена секој ден) и свежо цедено сокче од разни врсти овошје. Не знам што да правам дали да купам адаптирано млеко, а за упорна сум упорна многу само ме загрижува нервозата негова. А и во нов стан сме преселени деновиве почна навечер неколку пати со плачење да ми се буди секоја нок , постојано и ми плаче и преку ден и преку нок посебно од кога се вселивме, сака само јас да сум покрај него, кога го занимавам се смешка, секунда го оставам во креветче одма почнува да вика и плаче на цел глас. Совети? Извинете и што забегав од темата малку.
Да не му растат заби ? Од тоа може и да е нервозно,а можеби и промената на простор си го прави своето.Ние кога бевме на одмор мојата така реагираше ако не ме види една секунда одма плачеше сеедно што до неа беа и татко и и брат и .Можеби е и до самата возраст.Ако чајчето го даваш одеднаш пробај во тој период да му понудиш да цица.Инаку како растат бебињата се помалку време им е потребно за цицање,па затоа некогаш и ние непотребно креваме паника.Мојата малечка некаде од 7 месеци почна цела града да ја исцицува за 5 минути и тоа со 2-3 вшмукувања. Пипни ја градата пред и по цицањето и сигурно ќе видиш колку и дали исцицала. Мислам дека и кај бебиња од 7-8 месеци па нагоре кои јадат веќе се дека им е доволно 1-2 пати цицање на ден,но секако во текот на денот да имаат и 2 млечни оброци.
и јас така велев и знаев дека нема да фати оти нема од што да фати грепки немам воопшто и кога дојде времето пак пробав се изнамачив и сега му давам ад млеко.за џабе маката.
Овде ни докторите не те форсираат. Подобро ми вика и бебето најадено и мама без фрустрации одколку со нервози секој ден. Јас цел ден бебе на града да држам за дали ќе фати или не? па да го мерам после јадење нема шаси. Ќе пробам во болница со помош на сестрите ама ако не е лесно не се загрижувам многу, шишенцето и готова работа