И ние во лежечка на почеток бевме цело време. После кога ќе потпорасне ќе има сила да влече повеќе и ќе фаќа во секоја положба. Сега штом фаќа со лежење така ке го раниш битно да е најадено не знам колкаво е бебето ама после месец би требало секако да фаќа
И мене вака скроз ми правеше во средина на трет скок, прочитај кај Нате ( доење со љубов на инста) за штрајк. Мене ми помогна шетање и доење, и доење додека е успан
Јас ја одвикнав од цицање во легната положба само ради ова. Немирна до даска, мислам дека јајниците ми ги извади со клоцање и претање
Се на се мене ми траеше окулу една недела ама 3-4 дена беа најтешки..Ќе видиме сега четвртиов скок што ни спрема..
И ние сме таму, доење со шетање, доење полузаспано, помош некој да го прдрже бебето дур се смирите.. и ова ќе помине
Поддршка среќа што се имаме едни со други тука. Зашто околината одма- немаш млеко дај му шише не го нервирај детето
И јас деновиве приметувам нервоза дур цица се трга па плаче па ќе фати и во круг. Ова ново е, ама јас веќе се' препишувам на скоковите.. не се секирај ако има мака доктор ќе каже, а на коментаторите кажи им никој не ве праша
Аман од ова немаш млеко, да не беше околината со овие коментари многу повеќе бебиња ќе беа на доење. Јас еднаш бев толку нервозна кога добив таков "совет" само и ја подадов и реков ок ако ја немам тогаш ти надој ја. Штама...
Кај мене испадна дека стварно немам доволно млеко, ама сакав уште малку време да си дадам, па си слушав коментари како "ја мачам", и "нели ми е жал гладна да седи" ... На крај пак завршивме со дохрана бидејќи 2 недели не качи ниту еден грам, па си почнаа "ти кажав". На коментарите никад доста
Здраво мајки ве молам за совет и искуство. Брадавиците после доење/измолзување ми се прекриени со бел слуз не е млеко а одкако ќе се исуши пример што ќе се избришам на пелена или на облеката оставаат зелени траги засушени налик мрсул/цифка.. денес бебето одбиваше да цица по две мин пушта па мм провери и установи дека брадавиците се кисели па одма измолзивме млеко и на вкус тоа си е нормално сладко. Дали е можно да имам инфекција, на каков доктор да се обратам?? Дали некоја се соочила со ваква појава и како ја решила?
А да не биле коментарите па да си дадела фора уште една недела и качила 250г? Ако бебе полни пелени килажата не е репер поготово на почеток. Има мн што не качувале килажа или мн малку па се префрлиле на АД и пак исто. Не секое бебе качува по 1-1.5 месечно. Само кај нас се наметнува дека мора детето да качува по толку и да биде буцкасто. Имам пријателка не е во мк првиот месец и качило 300гр и рекле ок е големо се роди за тоа така. Толку. Кај нас околината ќе ја сомеле со аааа моето 2кг качи. На новопечена мајка која и така е несигурна и треба поддршка а не уште толку влевање несигурност. И што е најтрагично советот за шише најчесто доаѓа од жени кои родиле 2,3деца сите биле на доење, ама во нивно време "немаш млеко" не било толку популарно.
Па ни со тоа не се разбираат. Само земи си го во спална и дои си го. Најубаво и за него и за тебе. Млекото ќе дојде.
Моево паѓаше на тежина зашто не можеше да фати. Земав силиконски, пумпа и дохрана. Со сите три и еве после 40 дена си фати убаво, од завчера немам гајле. Давам да цица, ако заспива му давам и дохрана. Ми кажаа дека аптамилот е најблиску до мајчиното млеко.
Уф значи косата ми се крева од коментарите што ги читам! И јас исто подлегнав на нив па еве страв ми е да го тргнам од адаптираното - да не е гладно. Секогаш пред мајка ми ми е стрес да го дојам бидејќи прво кога се пумпав ми гледаше во шишето и таква со загрижен поглед ама немаш млеко... Па кога ми вриштеше на града, да не немаш доволно, јас притискам тоа тече - па коментарот "јас кога доев прскаше".. Па нареден пат со коментар: а да не неможе да фати убаво? итн итн.. ух се изнервирав само што го пишувам постов ама морав да се искажам некаде, гледам исти проблеми и вие имате. Морам да кажам единствено кога зборев со Наташа се опуштив скроз, толку мила личност и толку опуштен муабет ми направи.. На секој ја препорачувам
Иста мајка ми и по телефон кога ќе се јави ми вика: му даваш шише? Немој да ми плаче детето и викам: да да му давам не се секирај ти.
На почеток убаво качуваше на килажа и полнеше пелени. Па ми се собраа неколку работи - мал стресен период, ковид фатив, менструација добив и хаос ми беше со млекото. Имав, па немав. Престана да полни пелени и ја однесов на педијатар и видовме дека нема качено воопшто, и давав дохрана за една недела качи 300гр, полни пелени, супер викам ако вака треба, ајде вака ќе продолжиме. После 3 недели со дохрана - 350гр качени ама пак полни пелени и сфативме дека едноставно такво е бебето, не сме и ние нешто големи. Сепак и генетика си има удел. А си фаќа убаво од прв ден, пробав еден период со молзено колку да имам репер како се храни, молзев по 10-20мл. Си мислев ајде, таа кога ќе цица ќе надоаѓа млеко. И еднаш кога беше нервозна, фати пушти на градата, ја гледам дека е гладна претиснав града, ништо не тече... Така веќе и јас одлучив дека можеби треба АД. 3 месеци е и воопшто не се откажувам, и ја мразам дохраната искрено ми е замарање со миење на шишињата цело време Пак цица неколку пати дневно, ја сведувам дохраната на минимум, сакам скроз да ја откачам. Ама притисокот од околината е ненормален. Од помлади мајки од сите добив "па што ако е на дохрана, битно да не е гладна, ќе надојде млеко, не се грижи" ама постариве ( мајка ми, што има доено само 4 месеци во животот ) првите 10 дена повеќе ми одмагаше отколку помагаше. Според неа, бебето од прв ден требаше да биде на АД затоа што "ти и брат ти бевте на АД, па ништо не ви фали"
Жени бидете силни и не потпаѓајте на коментари од страна. Исто на почетокот на крена воопшто килажа првите 21 ден.. Коментари од страна детето е гладно, сака храна, истрпив реално со подршка од мм кој постојано ми викаше супер си е бебето весело е, доволно му е… После 20тина дена почна да качува по 250г неделно само на доење… Подршка до сите вас, до мене, до сите сегашни и идни мајки…