Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Здраво мајки, имам проблем со едната града, постојано е тврда и преполна со млеко, дури и по 15-20мин цицање речиси воопшто не омекнува, ( кога ја дојам малата на таа града често се засркнува или бљуцнува што не е случај со другата града ), пред секој подој се мијам со жешка вода и ставам топли облоги бидејќи на почетокот ми се правеа и грутки сега барем до тоа немам мака, пробав сега и со лист од зелка немаше некое подобрувње, додека другата града пак е значително помека, дури и кога цица на таа помеката од другата истекува млеко и по 20- 30мл ( го чувам шишенцето под града ).
    На почетокот гледав на двете дојки да давам да цица подеднакво, но сега малце повеќе и давам да цица на таа што е преполна бидејќи ме боли, не знам како да постапам, доколку се измолзувам да не почни уште повеќе млеко да надоаѓа, дали некоја членка имала таков или сличен проблем, и мислења совети ваши како да постапувам, инаку бебуш е нецели 3 недели.
     
  2. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.421
    Допаѓања:
    5.686
    ќе ти се среди лактацијата уште е многу рано. мене двете ми се преполнуваа и мислев нема да има крај ама има. пази се само да не фатиш мастит и одмолзувај колку да ти олесни, јас секогаш давам на таа града што ја осеќам пополна. еве ми го бебето ми е три месеци веќе и можам да кажам дека ми е средена лактацијата, имам млеко ама не се преполнувам, меки ми се и не се измолзувам. најдобриот совет ти е да си дадеш време и да се пазиш од мастит, ја не правев ништо се одмолзував само и само се среди со тек на време. со лесно мајка
     
    На Te@ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    1.956
    Пол:
    Женски
    За дане си направиш проблем одмолзувај колку да ти олесни на градата. Уште е многу рано за да се среди лактацијата.
    Исто бев со многу повеќе млеко на десната града, а бебе имаше период не сакаше воопшто да ја фати, само навечер, преку ден цел ден на лева, па така полека се изедначија.
    Со тек на време ќе си фатите ред и ќе има млеко колку што му е потребно на бебето :)
     
    На Te@ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    3.159
    Пол:
    Женски
    Веќе ти одговориле, само да додадам одмолзи ја малце градата оној прв силен млаз па дај му да цица. Штом се засркнува тоа е од што е преполна и силен е првиот млаз и шприца. И кај мене додека цица од едната града истекува млеко од другата независно која е па ја ставам тетра пред да ја дојам а сме веќе 4месеца. Полесно е со тетра под маицата ја ставаш пред подој ја вадиш после подој наместо да држиш шишенце ќе си го држиш бебето и место да гледаш во шишето ќе си гледаш во бебушот. Исто утре ќе треба да излезете надвор тоа што шпица млеко да не ти биде пречка. Среќно мајка
     
    На Ljubova, Te@ и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  5. RinaKa

    RinaKa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    69
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво. Бебето е 2,5 недели. До пред неколку дена имав многу млеко, дури и истекуваше. Од вчера наваму многу е намалено. Бебе е гладно, го ставам на града, но после тоа е нервозно и додавам ад да се смири. Пред неколку дена имав стресен период, претпоставувам од тоа се намалило. Пијам чај за доилки, течности. Дали некоја имала сличен случај и дали има надеж дека ќе ми надојде пак млеко?
     
  6. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.037
    Допаѓања:
    4.884
    Не значи дека исти совети треба да примениш како јас, ама да споделам па можеш да побараш и по интернет. Јас пиев лецитин поголема доза на почеток па после намалив, немој на своја рака нормално. И гледам ставаш топли облоги, мислам дека тие ти стимулираат повеќе млеко. Да, пред подој измасирај истуширај со топла вода да се опуштат каналите ако има потреба ама облоги топли не. А после секој подој обавезно ставав ладни облоги, зелка, грашак замрзнат на крај и перничиња си купив, ама ладно да држи, тоа ми олеснуваше да не дојде до воспаление. Ова за да не фатиш мастит, јас до кај месец ипол два терав така. За засркнувањето еве и после 3 месеци исто е, не како на почеток ама пак се засркнува и пак шприца млеко и се помирив, барем не се измолзувам и не ставам ладни облоги сега. Кога доиш од другата града стално ќе тече млеко, ако не сакаш да го фрлаш има собирачи на млеко со вакумче, јас од алиекспрес нарачав, ако не ти се чека земи од Лансинох. Молзи се до олеснување, не претерувај пошто и тоа ќе ти стимулира лактација, ако те боли и е тврда одмолзи малку. Иначе едната ми остана мене поголема, тоа е мора една да е јача.:D
    upload_2022-3-14_12-51-24.png
    Едит: Во полу лежечка позиција доев и ми помагаше да не се засркнува и да не плука.
     
    Последна измена: 14 март 2022
    На Hristinakiki02 и Te@ им се допаѓа ова.
  7. Lady..M

    Lady..M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Женски
    Мамо дајте некој трик нешто, за прифакање на шише? Ништо живо не сака шише, со секакви цуцли го пробав. Бебчо е скоро 5 месеци, а некогаш имам потреба од АД (кога излегувам, или осеќам дека уште му се јади, а веќе исцицал се) ама со шишево шо правиме? :) Нит чајче, нит вода, нит молзено, нит АД... Значи шишево е проблем
     
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.179
    Допаѓања:
    10.613
    Пол:
    Женски
    2 месеци, секој ден пробував со ќерка ми, никако не го прифати. Се откажав и земав чашка со клунче. Не дека нешто многу ја сака и нејзе ама ко што ја глода и капнува водичка, па се тешам. И јас требаше АД да и давам, никако не прифати, ни АД, ни шише. Ќе почнете кај и да е кашички, ќе надополнува со храна ако е гладен.
     
    На Lady..M му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.037
    Допаѓања:
    4.884
    Во зегин има едни baby nova ако ти се пробува уште, не се скапи. Мене ми ги кажаа ама не ги пробав, ми е страв да не се одбие пошто сме пред 4ти скок.
     
    На Lady..M му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Искуство со таблети за лактација и молам за препорака на кои.
     
  11. MJ992

    MJ992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    И јас го користам истиот само што ме нервира шишињата се преполни со капки вода и тешко се сушат
     
  12. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    5.723
    Пол:
    Женски
    Кои витамини може да се пијат освен Фемибион?
     
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.242
    Пол:
    Женски
    И моето беше вака, никако не сакаше од шише. На крај прифати од шише на чико, со цуцла налик на градата. Моето идеше заедно со пумпата, ама ги има по аптеките и посебно.
    [​IMG]
     
  14. Lady..M

    Lady..M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Женски
    Имам Томи Типи и тоа е исто како Чико, ама џабе. Незнае да цуца. И цуцла едвај ми прифати, само од каучук, дека помека. Да пробам да најдам шише со каучук цуцла :)
     
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.242
    Пол:
    Женски
    Не знам што е каучук да ти кажам право. И моето не знае цуцла да шмука.
     
  16. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Јас си купив и сушара од Чико па таму се сушат шишињата,али не е страшен проблем
     
    На MJ992 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Женски, можно е да снемува млеко?
    Мислам да се намалува количински?
    Бебе редовно дои и се тоа ама не ми се полнат градите баш како порано, па се мислам да не ми снемува?
     
  18. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    Колку месеци сте? Истото го мислам и јас. Ние сме мали, 3 недели. Бебе цица само од десната града, левата ја измолзувам ама некако денес слабо од неа.
     
  19. Bubi*2

    Bubi*2 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    18.007
    Пол:
    Женски
    Лактил капсули, препорачувам.
     
    На LoveHope му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bubi*2

    Bubi*2 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    18.007
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на замена за Фемибион тогаш Премама дуо можеш.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.