Било кои можеш. Јас пиев на долго време фемибион ама сменив за џејмисон и добри беа. За иста цена како фемибион имаш 60 капсули, во една капсула имаш се од витамини и омега.
Откако почна да јаде 2 оброци, ми се намали и мене доста. 7 месеци е ќерка ми. Помалку цица и ваљда поради тоа.
Може ли да кажеш какви на џејмисон? Како побрзо да дојде млеко и што да изнегнувам храна за да немс грчеви?
Ne ti snemuva ne se sekiraj naucile kolku treba....ako ti nastine nedaj boze i dreme na cicka 2-3 dena pak ke ti bidat kamen
И мојот е 8 месеци и нон стоп ми се меки градите, ама кога и да цица се слуша голтањето. Повеќе влечат поголеми се и брзо празнат. За 2 минути од камен, мека може да ја направи. И џабе оброците, цице за храна не менува
Здраво мајки, Да се пријавам дека се доиме уште од втор ден во болница без дохрана. Вчера не пуштија дома и ја доев кпга плачеше, ноќеска во 2 саати 2 пати цицаше и два пати веднаш по подојот се искака. Е сега, откако ќе се нацица и ќе заспие не ја испушта градата туку така си спие, кога ќе пробам да ја извадам влече и не дозволува и плаче. Синоќе се справивме со тоа што после и дадов цуцла лажливка и така се смири. Дали да ја вадам градата или да ја оставам така да си спие И уште едно прашање, колку време да ја држам на една града пред да сменам? Околу мене викаат на 15 минути, ама што знам некако оти се осеќам дека и после тоа имам млеко Инаку претпоставувам дека имам доволно млеко, оти додека цица на едната града другата ми е како отворена чешма
Честитки мамааа, да е жива и здрава принцезата мила , супер што си фатила одма града, гледаш не треба силиконки. Можеш и подолго на 1 града, пошо прво тече тенкото млеко а протеините се последни, штом осетиш дека градата е празна стави ја на другата. Јас цуцла му дадов од прв ден така да ако неможе малата без града да спие бутај цуцла.
Жива и здрава да е принцезата и долг доенечки стаж да си имаш. Пробај кога ќе заспие поцврсто да ѝ ја вадиш градата од усте, најмногу заради себе. Додека имаш млеко не ја сменувај градата. Ако гледаш дека цица на празно, без да голта, направи блага масажа на градата и компресии за да надојде млеко. Ако пак цица со ретко голтање, смени ја градата. Син ми има 10 и пол месеци, од прв ден еден подој ни е една града.
3+ вчера се исплашив само 4 пати цицаше цел ден, другото го преспа поголем дел, прв пат се деси, ама и голема е па може и држи повеќе. Во скоковите мн често ми цица, да не сте во скок па си бара почесто можда. На 2 саати јадеше само првите недели, сега има околу 6 подои на ден, со тоа што навечер се на 4-5 саати, а преку ден на околу 3.
Уште оваа недела за 4 скок. Како бебе на 3-4 часа и се фаќаат сега еве не и додржуе. До кај 6 ипол спиеше/цицаше еве сега е пак на града. Ќе се стрпам уште малку па ќе видам, мада и кога. Е беше во скок си стануваше навечер на 2 каса Макс 3 да врзе.
Ми личи дека си ужива дете на цице Јас на почеток форсирав се на 2 саати и ја будев и дури сега почна да спие повеќе, од нигде никаде преспана цела ноќ, само се молам сега да не ми смени во 4ти скок. Зборот ми е секој ден е нешто ново, бар кај мене, нон стоп ми менува. Ама ова спиењево ич нека не го мења сега
Кога почнуваат да се намалуваат подоите ? 3 недели има бебушот бара да јаде на секој час, час и половина, навечер на два, два и пол часа, дури да се спремам за спиење се разбудила и пак наново цицање, ми се чини по цели деној сме на цице, жива ненаспана сум Инаку ептен супер напредува
Малечко е уште мама, Цицањето не му е само јадење и утеха и блискост и топлина и све му е во овој период. Издржи ќе биде друго после и да цица често не е толку долго како сега