Како се справувате со потењето и миризбата? Само што ќе се избањам, веднаш почнувам да се потам и непријатна е миризбата. Секој ден се бањам а нема фајде
Од тука добив совет со сода да се мачкам под пазуви и навистина е ефикасно. Се уште тоа користам иако миризбата веќе ја нема. Ем економично ем не е штетно за бебе а најдобро од се е што делува
Уште нешто.. Тие што пијат од таблетите лактил дали имат промени со столицата? Цела бременост по неколку пати на ден, без потешкотии(дури потечна столица имав), сега опстипација и болки. На нив се сомневам. Немам промени во исхраната па да кажам дека е до тоа.
Дали после подој треба да ја доизмолзам градата? Почнаа да ми се стврднуваат и да ме болат, ги масирам додека цица бебе и таман ќе омекнат, после подојот пак исто и ги осеќам дека имаат уште млеко.
И ти ко мене. Хиперлактацијата е тешка но се менаџира. Јас дури и мастит имав од толку многу млеко, градите ми беа цело време тврди и само молзев крај немаше. Ама како молзиш така повеќе стимулираш. Јас бев кај Јасна (лактависки консултант) и ми рече на еден подој една града само да давам а другата ако стане ептен тешка и тврда да молзнам ептен малце (30/40мл). Следен подој следна града и од другата измолзи малце ако се стврдне. Мал ти е бебуш, нема шанси да ја исцица цела града ако имаш многу млеко. И после подој држи нешто ладно на градата (јас држам златна мешавина од комора) ќе ти омекне. И пијам Лецитин
Ако имаш многу млеко прекини го обавезно. Ама на почеток малку, а почесто цицаат и градите ќе бидат тврди само припазувај се. Пробај без чајот и види. Измолзувај да ти олесни, внимателно и со одмолзувањето и гледај до кај 2 3 недели, во меѓувреме ќе си намалуваш молзење и полека полека да се средува побарувачка потрошувачка. Следи бебе дали полни пелени и на мерење дали добро напредува и ќе знаеш дали ќе ти треба чај понатака.
Прекини го ако имаш многу млеко. Тек ти надоаѓа тебе, ќе ти станат камен градите. Не домолзувај никако, само повеќе стимулираш. Значи еден подој една града даваш, колку цица-цица, стави ладно, другата ако се стврдне молзи малце колку да ти олесни (40мл макс) и после дај му ја таа града на следен подој. И ја вака ко тебе праев и после мастит. Пази многу и прави вака дур се среди лактацијата.
Да така и правам, еден подој на една, нареден на другата града. Пробав сега после подој ставив ладно на градата, одма се осеќа разлика Фала многу за советот