Мастит/запушен канал а бебето не сака да цица, се молзам ама очигледно не помага. Бев на ехо мало грутче уште стои 2мм, еве две недели веќе се мачам денес ново затнување и болка. Една недела пијам лецитин од сончоглед. Недела дена цице нема фатено, додуша цело време се бориме и со силиконска цицаше, тоа ми е најголемата болка. Направив се да зголемам лактација а она не сака да цица. Ја бутка со јазикот. Сакам да пие мајчино ама истоштува молзењево премногу и згора на се проблемов со градава. Повеќе сум за поддршка оти многу сум нервозна и тажна.
Колкава доза лецитин пиеш, кој ти го препиша, консултирај се дали да го зголемиш. Јас пиев можда и 2 пати по 2 на почетокот па намалував. Мене многу течности ми влијаеа на лактација, мислам на по 4л на ден комбинација вода, леден чај, компот. Пробај капнувај и чајче бекутан со шприц на силиконската или директно на брадавицата дали ќе фати. Предизвик е доењето немој да мислиш дека си сама. Јас пример имав млеко многу и други предизвици тоа ми носеше и неколку пати бев на раб да се откажам од што ми беше прееемногу стресно, ама еве го надминав. Дали си зборела со лактациски консултант?
Не ми е по препорака. Се консултирав со Јасна но не сум задоволна бидејќи на последниот муабет кога рековме ќе провериме млеко исчезна не ни провери како сум.Пијам две на ден.
Наташа евентуално, они најубаво ќе знаат како да се врати на цицање. Јасна знае да ја снема, ако не си задоволна џабе ќе ти викам да и пишеш. Не се обесхрабрувај, Наташа на едно од видеата кажуваше дека нејзините обуки се најчесто за парови кои посвојуваат и како мајката да воспостави лактација за тоа дете кое е и поголемо, ако можат они можеш и ти. На крајот од денот најважно е да си среќна, детето гладно нема да биде, а ќе биде и тоа задоволно.
Јас двапати фаќам мастит а сум на измолзено само. Првиот пат пиев антибиотик а вториот само бруфен и ладни лименки држев на местото цел ден. Исто два пати запуштени канали, одма под топол/жежок туш директно на градата и масираш, стискаш додека не отвори каналот и да го измолзиш. Молзам цели два месеци, првиот месец на 2ч па на 3ч сега вториов на 4ч. Мака ми е навечер ама се тешам пие мајчино. Не знам до кога ќе тераме, сеа кога ќе почнеме со вкусови/кашички ќе гледам да намалувам навечер а како тоа ќе го направам немам поим. Поддршка мама, ако имаш млеко молзи додека имаш психичка сила, важно е и ти да си добра не само бебуш. Еден месец и ние бевме на силиконски, ама многу повраќаше од прецицување и поминавме на молзено. Сега не сака да влече само лиже.
Јака ни душа. Колку долго молзиш (минути по града)? Колкаво е бебе? Јас без антибиотици пројдов, само парацетамол пиев. Не знам од што се прават стварно.
Молзам града 10мин максимум, околу 120мл од града, бебе 3++. Кај мене мислам се направија од недомолзени гради маститот, а зспушувањето не знам, може од тоа што одма покрива града.
Машала, ја по 30ина за 60 до 100 макс од двете. Која пумпа ја користиш? Ја не знам како да знам дали се домолзени или не….. Како мислиш одма покрива града?
Бебето е супер, незнам зашто педијатриве се водат по една иста шема. Бебе треба во првите две недели само да ја врати родилната тежина, значи онолку колку што изгубило во болница. По твое објаснување сметам дека доењето ви оди супер, не гледам потреба од одмолзување, ќе направиш само хиперстимулација, доволно е што му даваш кога сака колку сака. Биди среќна што плука цуцли. Главен показател за најадено бебе нека ти бидат полните пелени, а не грамажата. Ќе видите кога ќе се мерите на месец дена, ќе заокружите колку напредувало. Како приметуваш дека не ѝ е доволно? Ова никако не ми е јасно. Ако сум приметила дека бебе е нервозно, сум давала пак цицка после 15мин пак. Ад не сум давала. Цицка, цицка и само цицка. Секако, ова го кажувам само ако сакаш да прејдеш на ексклузивно доење, а штом даваш максимум два пати ад, тоа значи дека имаш доволно млеко за да прејдеш на ексклузивно. Значи следен пак дај цицка Ок е да преспива по 6 часа после 40 дена старост, без гајле. Пребарај ги на лупата моите мислења за блистери, ќе ти помогнат. Имам доста пати пишувано бидејќи доста се намачив со нив.
Јас моето на почеток го будев пошо педијатарот така ни кажа, не дигаше на тежина многу. Будев на 2,5 -3,5 саати секоја вечер. Откако крена убаво килажа на 1м и 3недели веќе беше супер и не го будам туку чекам сам да се разбуди и побара да цица. Станува на 3,4 саати некогаш и 5 и цица убаво. Мислам да пробаш една,две вечери да видиш кога сам ќе се разбуди за цицање па ако е плус минус едно доење не е страшно. Едно прашање, кога успеваш да се измолзиш за да му дадеш на бебе толку често?
Второ ми е, од искуство со првото знам и приметувам и тоа како. Првото од пуста желба да е на ексклузивно не на 15 мин, туку 24 часа на цицка го држев и само плачеше и не напредуваше како што треба. Одев со глава в ѕид, и јас нервозна и тоа нервозно, а и сите околу нас. За второво пробав 5 дена да не давам ад, качи само 20 грама. Заклучок и од мене и од педијатар дека не е доволно. После тоа со ад си напредува супер. Така да не сме сите исти...
Како јас да сум го пишувала ова. Првото така не ми напредуваше и плачеше на града. Сега второто ќе поцица и се одмолзувам. Понапорно е, ама знам дека е најадена барем и дека е мајчино млеко.
Уф браво мама, напорно е тоа со стерилизирање цело време шишиња и пумпа ама се исплати трудот на крај
Sekoja c'est jas se odmolzuvam ama edvaj za cel den 240 ml taka mu ispada da imam za 3 obroka po 80 ml a ostanatite so AD 2 + meseci sme I samo koga izlegov od bolnica prvata nedela mi kapese mleko oo maici posle sevnamalini da nepijam caj za laktacija koj Znae I ova dali bi imala.
Тоа е. Не велам дека не е понекогаш тешко, но кога имам толку млеко грев ми е да прекинам. Ајде си велам ќе помине и ова. Важно е децата да напредуваат.
Мајки, не знам веќе што да правам. Бебето веќе си има и доручек и ручек, помалку цица, ама млекото никако не ми се намалува. Претекува, маиците ми се прават лом. Ај тоа не ми е проблем, ама веќе неколку дена десната града ми е целата со грутчиња, никако не се тргаат, ни со масажа, ни ништо. Претходно имав мастит, треска ме фати, пиев антибиотици, се измолзував, немав млеко неколку дена (ваљда затнат канал), не сакам пак низ истото да минувам. Не знам дали да пробам да се одмолзувам, ама страв ми е да не ми надојде уште толку млеко.
Одмолзувај ама по малце, околу 5мин на града, колку да ти олесни. Јас имав премногу, бебе си има 2 оброка ама цицање никако да намали. Пред оброк, после оброк на цице
Пробував сега да се одмолзам, истовремено и масирам, не се намалуваат грутките. Плус па и како трнење чувствувам, како топлина некоја.