Не остава да ми капе, се става во уста Мислам дека започна од мешето, се виткаше, се стегаше, матичната рече полни се со гасови, затоа се мачат.
Info do site majki so ramni/vovleceni bradavici: vo Nedela 10.04 vo 14:30 na Instagram kaj Natasa (doenje so ljubov) ke ima live so majka so uspesna doenecka prikaza vo slucaj na ramni/vovleceni bradavici. Se nadevam ke slusneme nekoi tips&tricks
Така е првите недели. Ми се чини дека цело време цицаше, ја те молзев,те он цицаше, само тоа праев Ама мали се многу, не се доцицуваат, не знаат како, а пола од времето не ни цицаат, се лигават само. Ама си сакаат близина, топлина, тоа им е safe place, не знаат ништо друго. Немај гајле ќе смени, ќе си фатите ред на цицање, нема да бидеш со цицките на мегдан по цели денови
Има А замислии 3 и пол месеци е И тоа пази не трга секогаш, туку така како цуцла ме користи. Барем цуцла да сакаше... И преку ден така си спие, а јас грбот не го осеќам веќе ниту пак можам да завршам некоја работа.
Не е гладен, штом кога е на града е смирен. Еве и мојата супер напредува, а таква е од ко е родена значи не е гладна. Исто ако ја тргнам плачи, така спие по цел ден со градата в уста. Ако не ја тргнам јас способна е цел ден така да спие. Не ми е мило што е така, ама тоа е. Ама нели вие овие дена треба да одите на педијатар за да проверите дали е вратена родилната тежина?
Аааа неее.. Цврсто заспива во 23ч и спие до 9ч со едно станување измеѓу, ама тогаш спие и цица и одма ја враќам.
Како да не боли градата после доење? Со едната сум ок, другата после подо јме боли целата, а брадавицата ме пече мислам ќе ми падне И препорака за некој поевтин крем за брадавици, ланолинот од медела ми е скап за 2 недели го потрошив. Земав ланолин и на сенсилис но никако не можам да го размачкам.
Мислиш на периодот дур не доиш? Ваљда цело време дур имаш млеко. Мене на 4м уште ми капе, не како на почеток, ама тече и користам влошки за гради, без нив сум мокра.
Јас си најдив,, финта,, како твојата. Претходно бевме:цицање, одмолзување, тоа да го испие, па пресоблекување оти кака и мачење за заспивање. А сношти и претходната вечер ќе и дадам да цица додека спие, лежечки и продолжува да спие.
Види да не нема убав фат, затоа да не имаш болка. Пробај различни позиции. Овој ланилин е поевтин и е сосема океј.
Не би требало да боли, ни да пече. Најверојатно има лош фат бебуш, види на страната на Наташа од Доење со љубов има цел пост за позиции за доење и како до подобар фат. Тој на Леа ланолин е поевтин, не сум го користела ама викаат добар е. Јас потрошив една тубичка на Медела и после не мачкав, немав потреба.
Дали некоја мајка има предлог како да го зголемам млекото? Пример бебе цицаше у 17 последно и вечерта кај 9 плачеше од што е слабо ептен млекото а и сега не ми се градите како што ми биле измеѓу толку мн не цицање... Меки се...
Не ти е мајка слабо млекото,такво нешто не постои. Ако ти се меки градите и тоа не значи дека немаш млеко туку дека е воспоставена лактација. Да зголемиш млеко освен многу многу течности,чај за лактација и бебе нон стоп на града друго не сум пробала
Колку има бебе? Не постои нешто како слабо млеко, помалку да, ама слабо не. Течности, чај, Лактил таблети, доење почесто (од 17 до 21ч е преголем простор, додуша не знам колкаво е, ако е мало тоа е многу долго нецицање) и сон, одмор.
5 месеци е по малку сакав да кажам не слабо како по квалитет. Во 5ти скок е па штрајкува до јадење а и нема што да и дадам џабе се нервира само и капнува по малку. Се од тоа правам и лактил пијам од прв ден. Такада очигледно тоа ми е
Фала мајка. Мислев помалку е а не дека е слабо по квалитет, се од наведеното правам уште од прв ден. Ќе да и е тоа