Stom primetuvas sega vnimavaj i koga ke dojde red da mu dsvas da jade od tie hrani. Inace generalno se izbegnuvaar hrani radi grcevi,ne alergii. Osven ako ne primetis reakcija ko vo vasiov slucaj
Здраво мајки , моето бебче е 20 дена, првата недела ми падна на кг.после втората недела му давав 60 мл.шише мајчино млеко и плус си цицаше, за една недела 280 г плус беше.Сега ми рече педијатарот само да му давам да цица..Но ми е страв да не е гладно ,кога и да побара му давам да цица,полни пелени, не плаче.Ако може некој со искуство да ми каже како може да знам дали е доволно нахрането..
Јас зелка,краставица, грав, газирано и млеко кравјо избегнувам. За млечни, јогурт па секој ден со житарици јадам, исто и павлака јадам. Бадеми и лешници како ужинка си грицкам и немало проблем до сега.
Здраво Сакам да прашам дали некој имал искуство со камења во бубрези и жолчка и дали пиел од тие природни напитоци што ги прават за да ги исфрлиш а воедно и доеле. Незнам што да правам имам во двата бубрега и жолчката
За бубрези имаме искуство во семејство, ама читни што како се користи. Јас конкретно го користев за ешерихија коли во урина.
Здраво мамички, ве молам за совет.. Се породив пред 3 дена, вчера ми надојде колострум почна да тече од гради, ама бебе не сака да влече... Повлече неколку пати, види дека нема млеко и никако несака потоа да фати да влече.. Се мислам да земам пумпа да ја стимулирам лактацијата додека да надојде млекото..?
Јас така почнав во болница дури бевме. Потоа заглави бебе во инкубатор и така измолзено од шише се ранеше. Е сега ние уште си тераме така, но не мора да значи дека и вие, додека да фати или додека да ти надојде млеко ако ти е прво бебче можеш со пумпа.
Супер што ти дошол колострум ќе дојде и млеко. Колострумот е најубавото за бебето. Бебето ти е исто најубава пумпа, ако малку цица ставај го почесто на града и плус вашиот контакт ќе стимулира повеќе млеко. 3 дена старо бебе јаде колку една лажица, многу им се мали желудничињата, ден на ден ќе јаде повеќе. Ќе следите тежина (на почеток може да намали родилна) и пелени.
И мене така ми дојде колострум во болница па бебето го испи. Е после дома паѓаше на тежина, ама никој не ми кажа да земам адаптирано за почеток. Кај мене не можеше да фати, една недела така го меревме, ај втора недела пак паѓаше. На крај земав силиконски брадавици, рачна пумпа на Чико и Аптамил. Види нешто од ова земи ако не сака на почеток, ама биди упорна со доењето. Сега е 3 мес и два пати дневно пие ад, останатото го цица. Ставај го на себе цел ден и ќе цица.
Бебе е 2 месецими сме на ексклузивно доење, меѓутоа многу брзо вицс за 5-7 мин он е најаден и за 1ипол саат пак бара и го боли мешето. А навечер 2 минути и заспива и станува на секој саат. Чаре има ли или
Мајка пробај со паузи да му е јадењето нека поцица некоја минутка па крени го нега ждригне па пак врати го. Голтаат многу воздух кога брзаат вака на рати ќе излезе воздухот па ќе цица млеко повеќе. Вака мене ме советуваше педијатарот пошто синко исто за 5 мин готов и многу повраќаше. За навечер не знам пред заспивање пробај со подсетување под увцето.
Здраво мамички ние сме 3+ месеци сме на ексклузивно доење и давам чајче Becutan од сладок анасон денес се чувствував изморено па се напив витамин C од500 не е штетно бидејќи го дојам ... Кои сдр витамини смеам да ги пијам?
Можеш слободно јас пијам витЦ од 1000мг педијатарот ми кажа дека можам слободно да пијам, односно истите суплементи што сум ги пиела во бременост можам и сега и ние сме на доење.