Девојки после измолзување на едната брадавица имам како засирено млеко. Само на измолзување сме, не ме боли брадавицата само така како засирено и жолтеникаво стои на површина меѓу каналчињата. Што може да биде и како да го средам?
Запушен канал? Блистер? Ако е запуштен под туш со топла вода, и потоа крпа да стругнеш врз него или да стискаш додека не пробие за да го измолзиш тоа млеко од каналчето. Кај мене така се имаше на два три пати направено блистери и одма под туш, стискам додека не отвори и истече.
За доење дали треба да продолжиме со фолна киселина или таа се пие само во бременост, иѓа ли потреба и при доење? Јас пиев метилирана во бременост
Јас продолжив со сите витамини од бременоста и во време на доење, ц, д, б6, метилирана фолна, метилкобаламин, магнезиум, цинк, калциум, железо што имав допив. Нема штета од витамините и во процесот на доење се потребни.
Мајки дали е можно пред менструација да се намали млекото? Цела недела веќе до вечерта ги празнеше градите и на вечер и давав адаптирано сега ден два почнав и да измолзувам ги осеќам полни и денес добив менструација па си поврзувам да не беше до тоа или сум грешка
Можно е. Кај мене секоја менструација различно, една прскаш млеко насекаде, друга пред да ми дојде намали, кога ми дојде пак надојде..
да , мене тоа ми се случи снемав млеко преку ноќ цела недела се мачевме со бебе, после добив менструација и ми се врати млекото
Ајде мамички ве молам за помош. Се породив пред 9 дена,но бебушот никако не сака да цица не може убаво да ја фати цела града ме направи рани. Крв ми течеше од двете гради. Купив пумпа и почнав да се одмолзувам но не можам да ги испразнам градиве многу млеко имам. Вчера од што имав надојдено премногу млеко и се мачевме да цицаме на градите почнаа да се прават грутки и да ме жежат. Вечерта качив 38.5 температура и покрај испиен парацетамол не се симнуваше температурата. Се одмолзував 3 часа и фрлив 500 мл млеко. Ве молам совет што да правам?
Прво нека ти е здраво и живо бебето. Како се одмолзуваше 3часа?? Немој,ќе стимулираш уште повеќе лактација колку повеќе се одмолзуваш се повеќе ќе произведуваш млеко. Одмолзување многу малку по 20,30мл колку само да ти олесни, какви 500мл. Ставај силиконски, масирај и испупчуј полека брадавки,труди се да фати поголем дел од градата бебе... За грутчињата што те болат и штом си кренала температура пази да не е маститис,немам искуство ама што сум читала ќе треба да земеш антибиотик. Под туш масирај ги топчињата и стискај да ги разбиеш. Пробај и со консултант за доење да стапиш во контакт
И јас бев иста неможеше убаво да фати и ми се разранија пупките почнав да се молзам и така и давав да пие на градите ставав зелка и под туш со топла вода пред молзење да омекнат и сопругот со масажа ми ги кршеше грутките тоа се среди за неколку дена ама помина период додека ги доведам во ред пупките сега заздравија и веќе е поголема малата убаво фаќа па се молзам само ако треба некој да ја чува обавезно масажа и знам дека боли сама нема да можиш ама некој да ти помогни да ги стискаш да не фатиш мастит сега можи имаш само затнати канали и ако брадавиците ти се раскрвавени молзи се мачкај ленолин не давај да цица можи да ти повраќа оти млекцето ќе биде со крв
Фала ти да се врака само со убаво. Се измолзувам на секој 3 часа и млекото гк фрлам пошто немам што да му правам. Таман ке ми олесни ете за 30мин пак тврди и жежат. Не знам веке што да направам многу ми е тешкои болно. Еве пред малце го ставив беше патр.сестра ама не ги празни доволно. Се измачивме додека да ја фати брадавицата како што треба. Не отвара уста.
Се тоа правам ама ке ми олесни малце и после 30мин пак истото. А он цица многу малце и не ме празни доволно па јас до пумпата ама џабе колку повеќе се одмолзувам толку повеќе надоаѓа
Земи силиконски брадавици и после подој мачкај ланолин за брадавиците, крв не е страшно да го пие да знаеш. За да не ти се разрануваат треба да има добар фат, а ако ти се екстремно големи брадавиците дур е мало може со силикондката ако му е полесно ама постепено тргај ја за да си цица директ. На почеток надоаѓа многу млеко, а бебето малку цица. Градите никако немој скроз да ги празниш! Тие ќе капат и 10 саати да ги молзиш, млеко цело време има во нив и цело време се прави ново. Еве јас како правев, пред подој масирав со топла вода со тушот седната над умивалникот во вц (можеш и под туш директ, не можев ради царскиот да се попарувам цела и да киснам) и нежно масирај немој силно 2 пати воспаление си направив. После, од едната града бебе цицаше, а другата ја молзев до кај 100 мл и тоа е прашање да не е многу, а другата града не ја пипав од кај што цицало, така градите ќе се "научат" дека не треба да произведуваат повеќе млеко, на крај мачкав ланолин и ставав зелки, или грашок, и на крај си купив перничиња за гради во замрзивач ги чувам. За температурата пиев парацетамол, ако не се симнува доктор, или Јасна лактациски консултант да те види ако си во Скопје. Млеко замрзнувај не го фрлај, има специјални ќесички. И не се откажувај колку и да е напорно се средуваат работите да знаеш.
4 пара силиконски купив не ги сака се мршти и ја трга главата. Денеска еве цица и од двете гради ама јас имам уште млеко и болки. А кога ќе ги пипнам жежат градите. Температурата спадна еве веке 3 часа немам температура. Се измачив а и него го измалтрегирав.