Ќе помине,ќе се среди и ќе бидеш горда дека покрај сите патешествија си успеала. Да си имаш долга доеничка приказна,болките ќе престанат. Да знаеш дека нема поубаво чувство
Да бидеш сигурна дека него ич не си го измалтретирала ти гарантирам, а тебе верувам дека ти е мачно, ама ќе се исплати. Ехее 9ти ден јас мислев крај на светот е поминува ќе видиш, за некоја недела ти ќе делиш овде совети.
Хахахах дај боже да помине и да се среди се, вака ми е тешко многу ама ајде не се откажуваме ќе истрпиме и ќе бидеме добро. Не е лесно да си мајка
Јас знам топло за да тече млеко, а ладно за да стегнат канали да не тече. Мене ладно ми помагаше да не ми се преполнуваат. Инаку и јас си мислев дека нема крај на маки е, мојот е само на измолзено веќе 3м, прво молзев по 8 пати во 24ч, па 6мпати, сега 4пати, се поминува, само трпение.
Точно. @Macufka* значи прво топло пред доење за да се отпуштат каналите и бебе полесно да исцица, второ цицање, трето обавезно ладни облоги зелка, замрзнат грашак ама врз крпа и сл. Ладните облоги и мене мнооогу ми помагаа, листови зелка на 5мин менував, ќе го намалат воспалението на градите нема да ти жежат ќе ти олесни.
Така си е треба трпение, се ќе си дојде на свое место. Ама прв пат сум во ваква ситуација и паничам а и многу болки имам и спобудалев, ама добро е ќе се потрудам и измачам малце и ќе биде добро. А вие зашто сте само на измолзено млеко ?
Ќе пробам утре со зелка ќе видам дали ќе помогне. А сега ќе го нацицам и ќе пробам со ладно. Само што се измолзев со пумпица за 10мин ми надојде пак. Тврди се и одма се прават топчиња и болат. А течности не пијам воопшто намерно мислам дека ќе дешидрирам само ја топам устата и пак ништо. Ми рекоа дека не сум смеела течности така повеќе млеко ќе сум имала.
Не знам кој ти рече дека не смееш течности да пијаш, ама немој да се оставаш без вода оти ќе дехидрираш. Доиш, свежо породена си, хормоните до плафон се, замор и сѐ останато, уште вода да не пиеш ти фали. Стисни заби, ќе поминат овие маки. Ти посакувам успешен и долг доенечки стаж. ❤️
Ох и нашата е долга, оти во болница го задавија со млеко и беше во инкубатор, па пак цицаше па не напредуваше, па пак измолзено и на крај веќе не сакаше да фати.
Јас се молзев на два сати вишокот го мрзнев дури да ти заздрават пупките да можи да цица и јас мислев дека е многу млеко ама се ќе се среди гледај да не фатиш мастит
Патр.сестра дојде влера и рече вода да не пијам само да ја топам устата или пак да исечам лимон и да го смукам како замена за вода. И јас капка немав ставено вода во мене. И вечера само еднаш се измолзев 50мл од двете гради и оставив бебушот да цица. И еве сега јас го ставив на цицка гледам нешто се трга од левата града го префрлив на десната и рачно пробувам да измолзам од левата гледам нема млеко. Цицаше уште 5мин на десната и се тргна и гледам и на десната немам млеко. Од толку многу млеко што имав го фрлав сега немам млеко а градите се пак отечени болни и со топчиња. Дали тоа е што не пиев течности ?
Јас пробав да ставам шишиња во фрижидер и кога ќе имам потреба во текот на денот да извадам да се стопли и да му дадам млеко ама не го сака така. Само свежо измолзено млеко пие.
Може да ти се запушиле каналите. Пред да доиш стави топли/жешки тетра пелени на градите (јас ги потопував во жешка вода) и масирај нежно, како да галиш маче, фаќај од сите страни и оди накај брадавката, потоа нека олади малку градата и дај му на бебето да цица, после цицање стави ладна облога. Побарај на инстаграм doenje so ljubov, побарај и на google ако сакаш масажи за града, побарај и на оваа тема слики за тоа како се масира града во кој правец, информирај се што е блистер, запушен канал, што е мастит за да знаеш како да си помогнеш, не е можно да снемаш млеко а градите да ти се тврди и со топчиња. Значи под туш или жешка облога, со рака или со прст го допораш местото кај што е топчето, правиш кружни движења и така се движиш со прстите до брадавицата.
Претходно користев една на мама ама ништо не ми помогна и сега користам од медела и стварно ми помогна многу. Еве од вчера почнав по малце да го дојам.
Цело време тоа правам кога спие бебчо. Телефонот во рака и само читам што да направам за да си помогнам. Се што пиша правам. Ама мислам дека тоа што снемав млеко сабајле беше зашто немав капка вода ставено во мене а имав и температура. После 2 часа од кога испив 2 чаши вода бебето убаво си се нацица и градите омекнаа, само на левата града имам две мали топчиња ама ќе попуштат и тие со масажа. Се учиме сега тоа е, кога прв пат стануваш мајка се случуваат вакви работи и не знаеш како да си помогнеш. За 2 дете ќе немаш гајле ќе знаеш како е
Ние мајките сме за мака прв месец повеќе на пумпа бев него со бебчо ама мораше така за сега да можам да уживам во доењето издржи мајка ќе се среди следат уште предизвици за се трпение многу и упорност