Женски што може да се напијам за алергија? Знае да ми се активира кашлањево вака на пролет, страшно ме нервира. Порано Лоратадин пиев ама сега незз што..
Здраво , бебе има 3 недели си цица плус дохрана даваме на 6 часа сега за сега е добро напредуваме. Сакам да прашам дали ви се случили едната града да ви создава повеќе млеко? Јас после подој еднаш до двапати во денот се измолзувам некои 40мл и потоа приметувам дека десната града секогаш ми е потврда и пополна отколку левата исто и после цицање секогаш таа повеќе се полни и побрзо. Дали имате некој совет да ми дадете, да напоменам дека се обидувам подеднакво да ги стимулирам двете и со цицање ги менувам секој подој различна и со молзење, но ете десната дури и капе а левата е помека . Исто и за зголемување лактација што е најубаво да се јаде пие ?
Едната секогаш лачи повеќе, нормално. За поттикнување лактација можеш да пиеш чај Лакта Микс, или оној на Хипп, потоа сок од јаболко или други бистри сокови и да конзумираш овес.
Мајка и кај мене е исто мислам дека кај сите е така едната града да има повеќе млеко од другата. Кај мене левата има повеќе млеко од другата. А за лактација не сум нешто многу искусна бебето ми е старо 2 недели ама приметив дека јогурт кога ќе пијам после тоа имам повеќе млеко,а другарка моја ми кажа за павлака ама немам пробано.
I kaj mene e isto, desnata ima poveke mleko uste od samiot pocetok, a eve 3 meseci e bebus. So tek na vreme i levata pocna poveke da se polni no sepak pomalku od desnata.
Мамички, измолзеното млеко го чувам во фрижидер, пред да го дадам на бебе, колку време може да стои на собна температура од како е извадено од фрижидер?
Здраво мамички најубави и јас се приклучувам на тимот на мами Многу сум загриженс за млекото, прво мн ми надојде и бев пред маститис, кој некако го средивме. Дете не цицаше заради рамни брадавици па се мачевме со силиконски, со молзење па навечер и АД. И кога конечно почна да фаќа града, мене млекото наеднаш ми се намали. Притоа сама чувам дете, првороденче и многу стрес ми дојде , се непознато и многу плачев, можеби и од стресот да ми е. Ние сме 10 дена денес дали има некое решение за поголема лактација и дали не е касно за истото? Ви благодарам, гушки
Здраво мамички, бебчо е 1 месец на доење сме и дохрана. Имав стрес и ми се намали многу млекото, ве молам за помош неможам да се помирам со мислата дека немам млеко. Дали постои надеж да сме само на доење?
Мене патр.сестра ми рече 4 часа на собна температура или да го ставам во топла вода и да му го дадам. И тоа млеко што ќе остане да го фрлам да не му го давам пак.
Здраво мамички бебушот ми се одби од десната града од поручекот недела неќи да фати да цица, саботата вечерта имав треска најверојатно од градата ми се стврдна а и жежеше неделата ја поминав со страшна главоболка и болки во градата ставав листови зелка да ја вадам и под топол туш масажа за грутки те но сеуште има црвенило а кога молам едвај 25мл а нив си ги цица бебуш анкога го ставам на неа плачи денес сме на педијатар за консултации совет од вас мамички дали да побарам таблети за престанок на млекото и да продолжиме на АД бебуш е 3и пол месеци и досега бевме на ексклузивно доење Се извинувам за долгиот пост ...
малото ми се засркна кашлаше не можеше да земе воздух го свртев на стомак го тапкав на грб почна да црвенее помодрува маж ми му пикна прст во уста тогаш поврати и се освести Дали ви се случило и како се поставувате во тие моменти?
Нема зошто да се откажуваш од доење мајка. Редовно измолзувај да не дојде до стврднување на градата и запушување на каналите, а и да задржиш лактација. Има периоди, фази, скок во развој кога бебуши намалуваат со цицање или штрајкуваат. Пробај во полусон таа града да му ја даваш, смени положба, ќе се врати на старо бебе штом 3 ипол месеци си цицало. Педијатарот ќе те упати што да правиш за да го решиш проблемотсо градата, имаат пишувано постови и претходно, прочитај наназад. Не се откажувај од доењето, како ќе одминуваат месеците ќе уживаш во него. Нема подобра утеха за бебе од цице
Мене ми се има случено неколку пати додека цицаше да се засркне, само ја подигав и ја тапкав по грпче и се средуваше. Ама во овој случај мислам дека е најдобро да си бараш совет од педијатар како да постапиш во тие моменти ( барем јас така би направила ) А од познаничка имам слушнато дека исто така го вртела на стомак за да се освести.
Здраво мајки имам еден проблем најверојатно фатив маститис уште од вчера цел ден под левата града ме боли кога ќе ја масирам, температура имам 38 со 2 3 имам трески ладно ми е пијам парацетамол се туширам со топла вода ставам зелка цица цело време повеќе на левата и се измолзувам плус ама никакви подобрувања со температурата. Може ли некој совет, денес докторот ме советуваше ми кажа уште не антибиотици бидејќи самата града не ми е црвена и исто така дали дека е топло млекото бебето само ми спие или така се погодило му мерев температура нема. Некој совет