Nikako da se otkazes, ke se vrati i na desnata. Probaj da ja podmetnes desnata, stavi go vo polozba za leva i podmetni ja desnata. Isto taka probaj so kontakt koza na koza so toa sto desnata da mu bide vo blizina. I najbitno od se, trpenie i upornost.
Мајка и со мене за викендот беше иста ситуација јас и се уплашив оти бебушот одбиваше да цица од десната, знам боли но биди упорна ставај го на таа од која одбива мене членките ме советуваа со смена на положба па успеавме сега и од двете цица, и моево е поспано можеби е од жешкото незнам и нас возрасните не успива жешкото ☺️
Како се справувавте со преголема лактација. Детето ќе ми се задушеше од тоа. Цицајќи му дојде поголема количина се засркна и не можеше да земе воздух.
Здраво, сакам да ве прашам , дали случајно некој има вакви што веќе не ги користи за да ни подари , медела, ни требаат за пумпата . Тие што ги има малку се деформирани и пумпата нема притисок како што треба. https://www.kids-room.com/WebRoot/K...7/IC_IMAGE/en-medela-valves-and-membranes.jpg
Можеш на почеток малку да одмолзиш млеко со пумпа или со рака па после да го ставиш да цица да не му дојде првиот млаз ептен јак. Ако е за време на цицање ништо само да го кренеш да го исправиш ќе го тапкаш малку по грбчето и за да се сети да земе воздух дувни му малку во лицето како ветре да му дојде.
Ај и јас да прашам. Бебе месец и пол си цица на саат и пол, ретко на два. Еден подој од едната града другиот од другата. Но, мисла ми е со пелените. Ноќе не менувам памперс( освен ако е искакан) и наутро во 6 не е баш полн. Потоа веднаш ги полно памперсите, мочка баш често. После накај пладне се случува и два часа памперсот да е сув, ама попладне и навечер до последното спиење пак убаво мочка. Се мислам да не има некој проблем што вака задржува мокрача подолго време.
10 дена е бебуш млеко уште немам и покрај сите напори, пумпа, чаеви, течности, бебуш цица по малце ама многу тешко оди дека немам млеко. Ептен малце со пумпата излегва 20мл. Со царски бев знам дека и то има врска. Многу сакам да цица, што уште можам да пробам и до кога има надеж да ми дојди млеко?
Консултирај се со Наташа ( doenje_so_ljubov на инстаграм) Колку порано почнеш консултација толку подобро. Верувам дека ќе ти помогне многу, ти посакувам долг доенечки стаж
Мене ми викаа ајде кај ти е самодовербата, така и ти кај ти е самодовербата. Млеко имаш, 20мл не е немање млеко. Продолжи си со суплементите за лактација, пиј течности, бебе на града почесто, кожа на кожа контакт и консултирај се со лактациски консултант пиши и на Наташа или ако си во Скопје Јасна. Надеж, ако немаш млеко (а ти имаш) има и на 5 месеци.
Кај мене исто излегуваше толку, ако не и помалку, ама тоа не е мерило дали имаш или немаш млеко. Бебе и пумпа различно стимулираат. Секогаш можеш да почнеш да доиш, но треба професионална подршка и цврста желба. Мене тоа ми помогна и бебе беше на ексклузивно доење 6 месеци.
Јас вадам многу малку млеко со пумпа, а бебе ми е секогаш сито и супер напредуваше. Јас бев доста упорна, му давав да цица најчесто што можам. Немав млеко од старт, ми надојде после 3 дена
Тоа што го цица бебето не му е доволно за оброк, гладно е, за тоа сметам дека немам доволно млеко. И пишав на Наташа, се надевам ќе ми помогни. Ќе бидам упорна. Пумпата ја зедов со надеж дека ќе поттикне дополнителна лактација. Знам дека не е мерило за колку имам млеко, ама бебушка се трга многу брзо
Со вештачко го хранам, се трга од на града после 2 минути цицање. Ете јас со пумпата вадам мн малце и за то мислам дека немам доволно
Супер што си и пишала на Наташа, ке ти каже што како. Ама ако имаш желба да доиш ке успееш. 20 мл не се малку.
Пумпата е за да помогне, ама треба некој да ти каже како да ја користиш т.е. кога и колку. Мислам дека беше после секој подој и по 5 мин. ама не сум баш сигурна. Можно е да треба дохрана додека да се среди, ама тоа не е ништо страшно и не значи дека ќе мора да остане така.
Јас бев така првите недели со тоа што бебе не можеше да фати пошто брадавиците ми беа рамни. Еднаш бевме на педијатар, вика почекај, а оно паѓаше на тежина. Вториот пат кога бевме да го мериме пак помалку, докторката рече да земам пумпа и да молзам за да знам колку бебе пие. Јас земав силиконски брадавици, рачна пумпа и Аптамил тогаш, после се префрлив на Холе козјо. Бебе го ставав на брадавици, за недела две се научи. Со рачната молзев ако не сакаше да цица па му давав и плус 5 или 6 оброци вештачко. Козјото кога го земав плачеше по уште колку му беше слатко. Сега сме 3 ипол месеци и сме на доење плус едно шише од 100мл навечер и ако го чува некој друг исто му давам шише. Само со козјото ми рекоа да пазам да не е само на тоа зашто предизвикувало анемија до година.