Здраво. Мајка сум на бебе 1+, на доење сме, ама преку силиконски брадавици. Е сега, моите брадавици се веќе во форма, ама помалку цица од нив, а и мнооогу болат. Како да се научиме без силиконските? Некогаш мислам ќе се онесвестам од болка
И јас го поминав истиот процес, ке пробијат каналите и ке виде ок само треба да помине време. Јас си плачев колку болеше. Ставав облоги ладно топло, ланолин маст... За 10 тина дена се среди
Здраво мамички за една недела полниме 4м досега сме на ексклузивно доење и чајче од Бекутан си пиеме гледам млекото ми намалува а и ме разране на едната града од со е лакомо по препорака од педијатар зедовме hipp organic combiotic како да го давам навечер или? Сакам и со вкусови да почнам дали е рано и како би почнала на килажа сме ок 6180 на 3+ е само сум загрижена бидејќи главчето сам не го крева а кога ќе го земам в раце знае да си го држи само кога ќе го држам за рачиња за да се крени тој со газето се лизга ми рекоа вежби да му правам ... Сори на долгиот пост секое искуство и совет добредојден ☺️ имајте убав викенд
Моето така беше мрзливо за кревање на главата, но зголемив време поминато на меше и брзо имаше напредок.
Женски, јас сум на мал одмор а малата ми остана дома, сакам да ја одбијам а мене сега градите ми пукааат Освен туш и рачно молзење што др би ми помогло?
Здраво мајки...би сакала да вр прашам, болките во дојките што се јавуваат кога надоаѓа млеко, кога се повлекуваат? Или се јавуваат се додека доиме? Јас сум оперирана на едната дојка,па кога ми доаѓа млеко тоа се страшни болки,ми се плаче. Не се сеќавам како беше со првото,но тоа и не цицаше.
И јас така бев, малку по малку ќе му ги тргаш силиконските, јас обично при крај му ги тргав иначе нејќеше да цица исто. Сега сме 3 ипол мес и си цица без проблем. Треба време да пројде, јас мачкам ланолин и сум ставила два три пати листови од зелка. И два пати ставив свинска маст, ама измиј се пред да цица, и два три пати кокосово масло. Пробај, нешто ќе упали.
Фала на советите, ќе пробам се што треба. Денес цел ден имав и помалку млеко, а вечерва како да снема скроз. Пиев чај и се надевам ќе се врати се во нормала, не би сакала да престанам со доење
На стомак кога е си ја крева на грб кока лежи нанапред неможи кога ќе го фатам за рачиња за да се исправи со помош додека ја исправи во вратчето потоа си ја држи ...
Кога ќе дозволи бебушот кога е опуштен од педијатар ми е речено со рацете да му го поткрева главчето така што со брадата ќе допре во телото
Мајки како сте со јадењето, јас јадам калорично, но постојано сум гладна, симнав 11кг по пораѓај и на толку јадење кило не можам да качам, нели само 500калории ни се плус потребни во време на доење, не знам како да се поправам малку.
Не знам каква вежба ти покажале, јас ја кревам од лежечка ја фаќам за рачиња и ја носам до седечка па ја враќам, 10 пати 2 пати на ден и ја правев. Главчето ако ти е шубе дека го зафрла назад може да го придржуваш со едната рака. Вежбава не ја сакав ради тегнењето на рацете, па затоа и кога ја кревам во раце пример е легната ја вртам на страна и странично ја седнувам и ја кревам. Не знам дали ме разбра, ама за недела дена од вежбиве и се зацврсти тонусот. Вежбите на стомак и оваа се за различна група мускули.
Мислам дека слон можам да изедам. Нон стоп ми се јаде и нон стоп јадам, а се немам поправено, ама па не ни сакам имав неколку кг вишок пред бременост и си стојам на нив.
@Knizhevnik11 и @Mucika да ви дадам од моиве Бидете среќни што симнувате килиграми. Јас првите три недели дури крварев си симнав некое килце, откако престана крварењето си почнав да си се подувам како балон. Јадам нормално, течности пијам премногу ама кај мене се има изгледа контра ефект.
Јадам повеќе од било кога, бебе има скоро 9 месеци, јас уште си слабеам по малце Ќе си го дојам до 3 год