Јас измолзував по 10-15мл па ги собирав цел ден Душа ми излезе и на крај сфатив дека се инаетам сама со себе а бебе е гладно
Добро утро мајки, Што би можело да е причината бебе од 3 месеци да не сака да цица, ноќе си цица без проблем на секој 3 часа а дење не сака , плаче и се трга, од шише не знае да јаде, сега се одмолзив и не знае бидејќи досега цицаше без проблеми и шише нема видено… а исто и многу почна со пслецот во уста никако да ја одвикнам , help
Добро утро мајки. Имам бебче од 3 недели кое го дојам. Првите две недели му давав и дохрана по препорака на педијатарот, но од третава недела решив исклучиво на цицање да е бидејќи имам доволно млеко. Со молзење за 10 мин вадам 80 мл од една града. Проблемот е што не цица долго време активно, ќе поцица 10 мин и уште 5-10 повеќе спие од што цица. Штом го тргнам таман и да подригне, некогаш дури и ќе го легнам бидејќи спие, се буди за неколку минути и веднаш бара уште. И цицањето ни трае саат и пол бидејќи е стани седни на секои 15-20 мин. Од шише кога пие одма го мава цело. Како да го натерам поактивно да цица од града?
Мало е бебето и брзо се уморува од цицањето. За нив тоа е многу напорно. Како ќе расте така повеќе сила ќе има, повеќе ќе влече и побрзо ќе се најадува. Првите 6 недели такви се, кој што прави вие ќе се доите ама лета време уживај си во доењето.
Мами мало е, нема сила многу да влече додека шише е подруго, тоа скоро речи само си тече, не се замара толку
Најверојатно е скок во развој Пробај да му даваш да цица кога се буди од спиење уште нерасонето или во потемна просторија А за палецот нема што да се прави Прво е палецот а после е цело раче во уста
А шише кога ќе го мавне цело после не бара веќе? Може за 5 мин од града повеќе да испие него ли за 5 мин од шише. Мојата од шише поспоро пиеше, ја имаме мерено, се нацицуваше за 10-15 мин повеќе од препорачаната доза, од шише никогаш немаше толку испиено. Дури цица цело време закачкај, види што пали највеќе, ноџиња, брадичка, грбче, кај мене се расонуваше за главче кога ја чешкав. И разладувај претопло е и тоа ги успива.
Скок во развој мајка, пробај да го доиш во темна и тивка просторија, или пушти му white noise додека го доиш за да се фокусира на тебе. А за цицањето на прсти и раце, ич не се мачи да го одучуваш. Тоа е орална фаза, го запознава светот и околината преку пикање све во уста. Ќе помине и тоа, само трпение.
Така што ќе го оставиш на цицка да вежба тоа мускулите за цицање и да добие сила за влечење. Секоја вештина бара вежбање.
После шише не бара веќе. Инаку рзладувам, дур цица е бос, го закачкам ама кома е Ајде белким секој ден се појак ќе е. Фала на сите за советите
Дали сте користеле вакви влошки за повеќекратна употреба? Или дајте некоја идеја како се справувате со течење на млекото летно време?
Немам искуство со влошки за повеќекратна употреба, ја и ден денес користам за еднократна употреба од To-to, иако пупево мое денес полни 4м. Некако си мислам дека мирисам на млеко ако не носам, иако одамна престана да ми тече млеко своеволно
Колку време може да стои одмолзено млеко? И како да го чувам? Треба во фрижидер, име некоја временска рамка? Зошто и тоа што едвај го вадам, да може барем да го испие бебе.
Мислам дека надвор може до 4 саати иако јас не го држам повеќе од 2. Во фрижидер до 1 ден. Јас вака се водам. Можеш и да го замрзнеш, има ќеси од медела, но јас лично немам искуство.
До 26° 4 часа, ама сега дека веќе топло фати одма во фрижидер, до 24ч. Топлам и одма давам. Можеш и да замрзнеш.
А како за топлење, како го топлиш? Едвај вадам 30мл јас, ем што нема а беба и не фаќа да цица и пред секое јадење пред 1 саат максимум го молзам и во шишето од пумпата го чувам, но да знам за понатаму евентуално ако излезе повеќе.
Во некоја здела или било каков сад стави топла вода и стави го шишето со млеко во него. Од време на време малку протреси го и ќе прверуваш на рака дали е стоплено. Му требаат неколку минути.
Како што ти објаснила погоре, сад со топла вода, шише во садот, го вртам повремено шишето и имам термометар за храна што е со него постојано мерам тт на млекото до 28 степени најчесто топлам, некогаш и 33, нели до 37може.
А можам пример тоа што ќе остане од едно пумпање што нема да го цуцни бебе, да го мешам со млекото од следното пумпање?