Знам мајка, првите три месеци знаат да се хаотични кај некои бебиња. Син ми 3 месеци имаше грчеви и многу плачеше. Ама помина. На некои беби им треба повеќе време да се навикнат на живот надвор од матка. Ако имаш опција помести ја крштевката и венчавката. Може да биде напорно за сите и нервозно.
Што да се превземе кога се засркнува, гуши, буквално се бореше за здив ? Да напоменам лакома е и често бара
Ако ти шприца многу млеко, одмолзи малку пред да доиш, чисто да се намали притисокот. Пробај во коала позиција да доиш.
Не е тоа проблем. Она се справува дури цица но отпосле и се враќа млекце дури спие , синоќа кога се свртев се бореше за воздух од памет ме извади Незнам зошто, не ја легнувам без да ждригне.
Да консултираш педијатар за да спие под 45° агол, антирефлукс положба, мојов така спие од бебе заради повраќање
И јас ја подигав со перница под душекот. Мојата бљуцкаше ептен, не се гушеше ама лом правеше па месец дена отприлика спиеше така подигната и после намали со бљуцкање и ја тргнав перницата
Да со ќебе одоздола, имаше кај нас до 5м така го држев, сега го спуштив ама веќе не повраќа плус и јаде цврста храна веќе
Здраво мамички мене ми е прво дете и имам волки во градите кога ле го ставам да цица. Прво е пупката додека повлече после цела града како со игла да ми шета нешто. Сакам да прашам нормално е или каде да се обратам за помош. Ви благодарам многу.
И синко таков беше, буквално се бори за воздух. Па повраќаше и низ носе дури. Јас после цицање го држев исправен може и по пола час од страв. Е откако наполни три месеци, преку ноќ престана да повраќа, знае да блуцне или да се засркне и пак од страв доаѓа до давење,вцрвенување и закашлување ама го држам настрана и поминува.
И мене ме болеше многу, но после месец дена помина болката. Инаку секое доење особено на почетокот ми беше ужас и сакав да се откажам ама ете проаѓа, се навикнуваат градите.
Поткрени го душечето со крпа оддолу или земи душече под агол од 45°. Ми обеле косата и мене до 6м со тоа повраќање и гушење.
Иде роденден на синко, па за женскава незнам како да се организирам за јадење. Ќе измолзам млеко , ама страв ми е на жештиниве како да го складирам и да и дадам таму ако побара. Дали со амонијак и шишенцето ? роденденот ќе биде 2 часа. да се доиме не планирам таму, пола роденден ќе го преседе на цице.
Јас го ранам цело време со измолзено, најдов начин, Молзам, ставам во стаклено шише и во фрижидер да се излади, потоа сосе шише во термос за кафе што држи топло/ладно, по 3ч сум го држела, вадам, топлам и давам.
И јас истиот проблем го имам само што ние ќе правиме и свадба и крштевка а башка на тоа не сака шише да помириса,а со града цело време не планирам шише исто така не сака и незнам што ќе правиме
Офф јас иста мака со првото ја имав, не сакаше шише , вода и млеко со лажичка му дававме, па сега за второто се измолзувам и од старт еден оброк минимум и давам со шише за да не си го кркам како со првото …
Иначе мислам дека се продаваат специјално за одржување на топлината на шишето распрашај се, и како го ранеше кога ќе излезевте со лажиче? Или и јас сега мислам или со шприц ако успеам или што викаш со лажиче што има силиконско