Јас исто давав кога имаше грчеви и за заспивање но кога ќе заспиеше му ја вадев цуцлата не му ја оставав цела дремка. И не му ја давав безвезе да ја цуца од чиста мира само кога е вознемирен и за заспивање некогаш. Не ми направи проблем со доењето никогаш на ексклузивно доење беше.
Давај додека има грчеви. После тоа фрлај и не давај веќе. Бебето нема никаков бенефит од цуцлата, сем како што и сама кажа бенефит имаш само ти, што ќе си купиш 5 мин, додека пак со цуцлата само можеш понатака проблеми да си направиш, на пример често е многу потешко да ја откажеш цуцлата дури и од доењето, а плус може да се појави отворен загриз кај бебето односно искривување на вилицата кое понатака може да доведе до проблем со јадење, говор итн. Честопати родителите не се ниту свесни за проблемот. Педијатри препорачуваат цуцла скроз без врска, ама стоматолог или ортодонт секогаш ќе ти речат во никој случај да не даваш.
Веќе имам млеко, на почетокот немав воопшто додека бев во болница и бебе пиеше ад, сега дома прво цица па и давам 30мл ад. За ноќно време гледам само да цица ептен ретко и давам ад ако е сеуште гладна. Е сега не знам дали и дневното ад да и го прекинам ама кога завршува со цицаце без проблем ги пие тие 30мл, знае некогаш да не го допива млекото сигурно од цицање не и стигнува. Инаку сме 2 недели скоро.
Здраво мајки, дали некоја пиела метилергометрин капки додека доела? Гинекологот ми ги препиша да пијам 3х20. Дали се безбедни за бебето?
Знам дека е одамна пред години меѓутоа со ист проблем сум веќе скоро месец имам грутка не ме боли но и не сака да помине. Што се случи како го реши проблемот?
Здраво доилки. Се породив и имам силна желба да го дојам бебето. Не пуштија од болница и имам неколку дилеми. Во болница му давав да цица и го дохрануваа цело време. Сега дома цица на секој саат по 10 мин. Наизменично ги менувам градите. Ќе се нацица и заспива. Дали да давам дохрана или да продолжам вака? Не осекам дека имам млеко страв ми е да не е гладно ако не нудам ад по малку.
Не тече. Пред три дена. Градите не се ни тврди, ни меки. Значи цица на секој саат по 10, некогаш 20 мин. и заспива, не бара до нареден саат, ама па не знам дали е најаден.
Гладно бебе нема да спие, да кака и да мочка. Плачот за глад не можеш да го игнорираш, а штом го нема, значи бебе не е гладно. Само би сакала да искоментирам, не гледај на саат кога и колку дои. Нуди една града на подој и остави да цица само од неа додека слушаш дека активно голта. Кога ќе почне да цица "на празно" направи компресии на истата града за да надојди млеко. Ако уште цица "на празно" понуди ја и другата града.
Најубаво на педијатар ќе ти кажат дали напредува. Мене така ми викаа сите ако е гладно ќе плаче, имаш млеко на крај испадна заспивало сирото од умор и жолтица, сум го дехидрирала детето. Од муабети ставај го на града не му давај АД како да е грев ако се дохранува детето. Кога го однесов на педијатар 100 гр за една недела ослабело, душа ми се скина од стрес и тоа млеко што го имав ми секна. Нека го измерат на педијатар ако е поправено супер е, ако ти речат дохрана не ништо страшно.
Никаков проблем не ми е ад, првото така ми израсна. За ова имам желба да го дојам и секој совет ми е добредојден. Еве сега баш беше нервозно после доење, му направи мм ад, се смири со 20мл. @nevermet18 @IRBBB фала ви на сите за советите, секое мислење ми е од помош.
Ко јас да се читам за првото Никогаш нема да си простам што дозволив да падне на килажа во 21 век кога има огромен избор на секакви млека и шишиња.
Јас сум со прво бебе и од тој страв да не не е најадено првата недела давав АД 1-2 дози зависно како имаше потреба. Во меѓувреме си ја ставав прво на града па потоа нудев АД. Исто и се одмолзував и го давав и тоа од шише. Правилно или не, не знам ама битно дете најадено а мене како за прв пат мајка мирна глава да не е од старт стресно. Постепено го тргнав АД, моментално е 4 недели и е само на доење и супер си напредува.
Мојата е само на доење од прв ден дома,супер напредуваше. На почеток ја носев често на мерење да бидам сигурна дека се е добро. Откако ќе цица и ќе заспие провери ја градата дали уште тече млеко. По некое време ќе станеш сигурна дека добро цица и дека имаш млеко ќе го видиш тоа по неа како цица и голта а и ќе ги осетиш градите полни. Среќно мајка,овој пат да успееш во намерата