Не туку мн.беше напредната, педијатарот ми вика да не даваш АД, многу има качено, викам не но нонстоп ми бара. Е како бара ми вели? И кажувам го шмука рачето или мојата рака или на било кој да ја држи… ај вика следно место цицање понуди и цуцла . И навистина пробав и одма заспиваше така не било дека од глад шмука раче.
Па не било гладно. Да се гладни нема да може да ги смирите од плачење ја бар по моево знам. Цело се тресе кога е гладно и се утепува од плачење, не се потресувајте толку, ако му фали нешто на бебето само ќе си каже. И нормално е после оброк да ја цица раката бидејќи му се спие, не додавајте млеко само полошо му правите, Ад потешко се вари.
Не баш. Внука ми воопшто не плаче еве веќе 6м направи туку само нервозно гризе се што ќе најде и стално си викаш ради забите гризе, она од глад. После се тресе чинија/ шише кога ќе види.
Еј да? Мојава вришти се корне мислиш 3 години нема јадено, а не 3 саати. И на другарките исто па мислев дека сите се понашаат ко тепани а не гладни
И мене ми беше чудно значи ја заборавија дека еден куп деца собрани кое попрво и после се тресеше од глад. И син ми не беше да вришти како што опиша по млеко. Кенкаше, ама без многу вриштење. Така со вриштење ми плачеше само од грчевите.
Леле јас трауми имам од тоа. Значи огладнува у секунда, не дава никакви знаци претходно. Сеа како што има два оброка и врска немам кога ќе и се пријаде бидејќи секој пат е различно, мислам дека ушите ми ѕвонат од вриштењето.
Бара затоа што е жедно можеби, а не од глад. Еве и бебко мој, поим е три саати без цицка. Абе саат и пол до два најмногу и он нервозен е. Периодов е прежежок, знаат и од жед да бараат почесто да цицаат.
Мајки бебето има полни 6 недели, вчера заприметив дека особено од левата града кога ке истискам со раката истекува помалку ( па дури минимално ) млеко за разлика од досега. Исто и ги чувствувам меки и го снема она вообичаено додека цица од едната, да истекува од другата града. Ова се случи преку ноќ. Совет од веќе искусните , дали се работи за воспоставување на лактацијата, односно да не се преполнуваат веќе градите или има простор за загриженост...Дали е подобро да земам пумпа па да проверам некако или не е баш релевантен извор ? Ви благодарам
Воспоставена е лактација, колку побрзо се празни толку побрзо се полни. Ако имаш полни пелени и бебе е задоволно после цицање немаш проблем.
Исто и тие што се измолзувате, тоа го правите после секој подој цела ден или само неколку пати во денот. Не сум баш информирана.
Да но сега многу бавно се полнат, не како вообичаено, односно се многу меки. Вчера полнеше постојано пелени а од 12 ноќеска, прво мочкање и беше пред еден час. Ке следам денес ситуација доколку полни пелени тогаш сум без потреба загрижена.. Ти благодарам на одговорот
Кај мене така беа меки една недела пред да добијам, воопшто не се преполнуваа како претходно. Откако добив си се врати по старо