Многу го јадат? Ние се прскаме и не јадат, ама малиот гледам многу малку го јадат и не го чешаат веројатно, така што не го прскам.
Зависи колкаво бебе. Јас имам на чико ама на него пишува над два месеци. Има и од еурофарм едни што се прикачуваат на количка за против комарци ако е помало бебе
Има од чико спреј ама за 2+ месеци. Ако е помало има како нараквици/стегачи спирали миризливи што можеш да ги ставиш на рамот од количката. Да не му се на дофат на бебе.
Мајки молам за совет. Бебушка моја ми порасна, направи 1 годинка. Од почетокот не фати да цица, немаше сила и комбинирав со ад. Не се откажав од доење, ако може така да се рече доење, бидејќи во основа е на ад, а цице само како за утеха и близина. првите 5 месеци не се будеше ноќе воопшто. после 4иот скок почна ноќе да се буди мноооогу често. Бидејќи го намали ад-то количински почнав да и давам ноќе кога ќе стане. А бидејќи се буди често, ја ставам и на града, и така презаспива. Проблемот ми е следен: треба да почнам терапија која е контрадикторна со доењето. Како да ја одбијам од ноќната близина која ја има. Градата и е синоним за заспивање, а не толку како за храна. Ноќе и давам 2 пати ад. Бидејќи малку јаде цврста храна. дали воопшто да не и давам ад ноќе? Немам ум како да ја одбијам и како да ја презаспивам ноќе? @Kaetana
Мајки, мене пак ми се направија грутки. Пак на истата града. Бебе веќе е големо (11мес), си јаде по цел ден, доење само за заспивање (денски еднаш, навечер и ноќеска исто се буди еднаш). Синоќе го доев на таа града, беше ок. Ноќта на другата. Сабајле пак на истата, имаше веќе грутка и беше преполна. Денес цел ден го ставам на истава града, демек да ја разбие грутката, ама не се трга. Ни масажа не поминува. Од една страна се чувствувам лошо, како да го форсирам на таа, па да не си направам проблем и со другата оти цел ден само од оваа цица.. Ама колку и да цица постојано е полна. Не знам дали можеби е паметно него да го ставам на другата града каде што немам проблем, а од оваа да измолзувам по малку за да не се стимулира претерано излачување на млекото? Едит: заборавив да напоменам дека едната ми е ептен лесна, а оваа проблематичната ми е премногу тешка, како да е преполна со млеко.
Измолзи да не си направиш проблем, не би стимулирала нешто многу со едно молзење. Бебе би требало полесно да празни града отколку пумпа, ама пробај и со пумпа
Па тој многу цица, ама сепак не се испразнува, туку само како да ослободува простор за пак да се преполни. Затоа мислев можеби е подобро по малку да одмолзувам, да се прати сигнал ваљда дека не е потребно да се лачи толку многу млеко.
Пробај малце да одмолзиш и масирај, следи дали ќе се прават грутки. Јас имам една грутка секој ден, 9ч не цица, на крај на раб време ми се прави, ама дома одма цица и ми олеснува.
А јадете нешто со висока масленост? Мене па некако ми се намалија многу , а имам млеко .. само што не ми се веќе полни , некогаш кога пијам јогурт со висока масленост ми се полнат малку .. за една недела правиме годинка
Здраво и живо да е бебче. Ќе дојде млеко, ти ако си одморена што почесто земај си го кај тебе и нека си виси на града. Само така најбргу ќе надојде млеко. Туку мајки, се потите ли вие и бебињата додека доите? Знам дека хормоните ни се хаос, ама потам јас ,бебе уште повеќе
Имаме ли некакво ограничување во користење козметика (препарати со хијалурон, колаген и сл.) Немам ништо , треба да обновам се, во бременоста минимално користев .
Следниот ден Многу малце секако, ама она одма фати само што ми ја донесоа после царски, одма ја ставија само да видам дали има фат. Рекоа дека со второ дете дека каналите веќе пробиени мн. побрзо доаѓало млекце. Очекувај денес, утре
Се што било забрането во бременост е забрането и при доење. Ретиноли знам дека се забранети и хидрохинон. Хијалурон и колаген можеш да користиш.
А после прв царски кога доаѓа млеко? Денес ми е четврт ден, бебе нонстоп виси на гради ако истрга две капки супер е.. Има шанси воопшто да не дојде?