Мајки, втор ден одкако ми дојде млекото, имам вовлечени брадавици и на болница ми дадоа од тие силиконските бебе тргаше ама со нервоза, ми кажа педијатарот 15 мин на една града 15 мин на друга града, после тоа исто молзам по 15 мин на града и му го додавам. Проблемот е што веќе брадавиците не сака да ги виде плаче пишти се трга, прашањето ми е како да ги извлечам брадавиците? Пробував да го ставам и без силиконските не сака ни да се доближи нема што да фати, незнае..
Пробај со пумпата прво да ги извлечеш па стави го дали ќе сака, мојот цицаше и со силиконски на медела убави се.
Срцка, да не му се големи брадавиците. Јас користам на Чико мали. Имав и Чико големи, тие ги нејќеше за жива глава.
Кога се отвори темата за исхраната, дали внимавате на нешто конкретно, пиење кафе,зачини,луто и слично? Јас од страв да не и наштетам имам многу работи исфрлено меѓутоа поминаа 40 дена па некако доста ми е и од безкофеинското кафе
Кога почнаа грчевите прво што исфрлив од исхрана беше зелка и мешункасти зеленчуци (грав, грашок..) и луто друго се си јадев за кафето јас практикувам се уште после доење да се напијам за до следното доење да има време да се обработи кофеинот луто се уште не јадам
Со колку тежина ве испуштија од болница? На кој ден старост имаше 3550г? Педијатар те советуваше околу дохраната?
На прв ден старост имаше 3550 а не испуштија со 3460 денеска правиме 3 недели. Педијатар ме советуваше околу дохраната.
Моево не цицаше во болница немав млеко, дури кога си дојдовме дома почнав млеко да имам. Во болницата му даваа дохрана и дома почнав бидејќи откако ќе цицаше бараше уште и давав дохрана. Сега сигурно имам доволно млеко и не бара повеќе, ептен ретко некогаш бара повеќе. И го прашав педијатарот дали да и давам уште дохрана и ми рече по потреба само.
Истиот совет го добив, 3720гр се роди излеговме со 3340 и бидеќи на болница имав 30мл млеко ме советуваше да го дохранувам бидеќи било поголемо бебе, засега се одмолзувам бидеќи не сака да цица му давам 40мл и еве доволно му е. Сношти направив грешка измолзив 30мл и мислев бара уште му додадов уште 20мл и еден сат плачеше и повраќаше. Затоа одлучив да му давам колку што молзам.
Дали знаете каде има прекривка за доење? И дали се практични и тенок материјал бидејќи не би сакала да му правам топло на бебе.
Јас имам од ваикики повеќе ко прекривка ја користам него за тоа, пошто го тоа прета се открило само ќе го варам и ја баталив
Честитки Ели, и @eli25 Да се живи и здрави, весели и среќни деца. @Eli23 бебето одлично ти напредува, немаш потреба од никакви чаеви, тебе ти е веќе надојдено млеко у велико, баш мокрите маици кажуваат сѐ. Зошто паника? Со второ дете жлездите и каналите не се понашаат исто како со првото дете. Веќе им е "познато" и се спремни за брзо воспоставување лактација. Не гледам ни потреба од одмолзување и дохранување после подој, така само им даваш сигнал на градите да лачат уште повеќе, па не дај боже може да си направиш и проблем со хиперлактација. Овој период и така е период на адаптација, на секое барање треба да даваш града, ем заради жолтицата побрзо да се исчисти, така што сметам дека одмолзувањето ти е само обврска плус што сама си ја наметнуваш Ако бара пак после 15мин ти тогаш пак понуди дојка. Многу напорен период е но со добра поддршка се издржува тој прв месец до два кога мислиш дека буквално по цел ден си со дојките на мегдан Алергени можат да се јадат. Како што си важи правилото- сѐ што е умерено е добро. Исклучок се само цигари, дрога и алкохол, овај нели. Многу ме интересира како педијатарот знае дека цицањето не му стига? Дали ти даде совет пак да го ставиш на града кога ќе бара? Педијатриве наши многу лоши совети даваат. Сега го прочитав и наредниов пост. Од пуштање од болница кога било 3460 за три недели ставило 390 грама. Во првите две недели е супер напредокот и само ако ја врати родилната тежина Твоето има и плус напредок. Јас би рекла пополека со адаптираното, обиди се на секое барање да даваш дојка наместо шише. Клучни се првите два месеца за да се среди побарувачка-потрошувачка и добар напредок на бебето. Јади си сѐ. Кафе две до три на ден не прават проблем. Следи го бебето и ќе приметиш дали нешто му смета, дали има реакција од некој вид храна. Нема потреба доилка да се лишува од здрава храна кога ѝ е најпотребна. Јас на пример јадев сѐ со второ дете, но приметив дека кога јадев лубеница особено многу имаше грчеви. Морав да ја паузирам, а омилена ми е @Bebetoo а да се обидеш без силиконски? Многу често и бебето само ќе ја извлече брадавицата при цицањето, а исто така многу бебиња успешно цицаат и со вовлечени брадавици. Доволно е да ја фати ареолата, нему брадавицата во суштина и не му е потребна, стимулацијата се врши со убав фат, доволно отворена уста каде што ја опфаќа скоро цела ареола. Инаку советот во болниците е секогаш ист бидејќи неможат да се замараат со поучување во доење. Едноставно не се спремни нашите болници. Мене не ме советувале такво нешто за големо бебе да дохранувам. Жлездите создаваат онолку колку што е побарувачката на бебето. Со давање шише си на добар пат да не прифати дојка, а имај на ум дека измолзување цел стаж е многу захтевна работа. Сега си на почеток и сега е моментот да се корегира сѐ што може да се корегира за да бебето остане на доење. Можеш да се обратиш и на консултант за лактација ако искрено сакаш да бидете на доење. Во прилог линк од едно гостување на Јасна (лактациски консултант) каде што има и појаснување за многу работи, според мене "задолжителна литература" https://zdravobebe.mk/preporachani-statii/doenje-na-baranje-ili-spored-odnapred-utvrden-raspored/
Ме советуваше за дохраната бидејќи почна после цицаце да не бара повеќе и ме интересираше што да правам со адаптираното. На почетокот после секое цицање и давав адаптирано, ама сега гледам не плаче после цицање сигурно е заситена, еднаш направив и адаптирано и не го сакаше и почнав да не и го давам ептен некогаш ако побара и давам. Тоа може да се случи еднаш или два пати во денот, а некогаш и цел ден без адаптирано поминуваме.