Здраво мајки. Веќе трет ден сум со болна лева града. Не е неиздржлива болка, но е непријатна како иглички да ме бодат во брадавицата. Млеко имам, бебе цица наизменично де лева де десна града, напредува добро иако многу лошо фаќа. Бебуш е 2++ месеци. Претежно дојам со силиконските на медела бидејќи се научи на нив и сега не знае да фати без нив иако го местам по 100 пати. Ме загрижува болкава што ја осеќам и никако не поминува. Исто така имам и блистер на таа града. Сабајле држев топла крпа на градата и ја молзев со пумпа (едвај 30мл). После час или два цицаше па веднаш после подојот влегов под туш и ја молзев кратко со рака. Грутки на фат не осеќам ама како да не беше скроз испразнета иако долго цицаше. Не знам што да превземам за да се намали болката. Дали некој се соочил со слични болки/проблеми и што би ме советувале?
Do vcera gradite mi bea polni I celi bea tvrdi I istekuvashe samo mleko denes se mnogu meki se stegam ima mleko ama maliot nasekoe mi bara... Dali ne se nacicuva ubavo ili nema vrska sto se meki gradite 20 dena sme stari...
Тоа како иглички што те бодат млеко надоаѓа, а другава болка провери се запушени канали да не имаш стисни се види какво е течењето. Не е ок да боли
Игличките ги осеќам преку цел ден, и пред и за време и после подој. Не е постојано во текот на денот, но е доста често. Со стискање имам само два млаза и повеќе како капки . Ама млазови силни се два. Се сомневам дека можеби има затнат канал/и. Дали топла облога пред подој би помогнала? Да напоменам уште еднаш дека грутки не осеќам. И маж ми проверуваше не примети ни тој.
Со првото доев добри 2 години, со второто без мака веднаш фати и освен во болницата 2 дена со брадавиците што ја доев, сега си цица без нив. Ама ме боли десната пупка многу. Ем мачкам ланолин. Ред немаме, иако ако се успие пробувам да ја будам на 3 часа за да цица. Но надоместува во текот на денот оти како што кажав ред нема. А и мала е за да има. Јас и со првото и сега, јадам се. Синко немаше грчеви, се надевам дека и сега ќе нема оваа бебе. Никогаш не пиев ништо за лактација, млеко надоаѓа со често ставање бебе на дојка. Имаше на времето една фб група Соба за доење, докторката беше супер. Мислам дека живее во Канада. Нејзе и должам успешни 2 години кај синко. Искуство и знаење, непроценливо и спремна да ја дојам и ќерка ми. Уште ме држи сеќавањето и се што научив од докторката.
Живо и здраво да е. И сега ти посакувам долго да си доиш и пак да нема грчеви. Совет за пупката не знам,можеби е раздразнета штом мачкаш ќе се смири,само пази да не ти се трие од алишта ако можеш да ја оставаш откриена почесто мислам побрзо ќе помине.
@Kitten Пробав да го ставам и на града два дена но не фаќа, се врти се нервира и многу плаче, бебе нервозно јас уште повеќе па решив да пробам со молзење 1-2 недели таман ќе ми подизлезат брадавиците и повторно ќе се обидувам да бидиме само на доење. Млеко имам доволно и адаптирано може да се случи само 1 на ден да му дадам ако измолзам помалку. Сега плус од кога си дојдовме од болница најверојатно фати жолтица и само спие едвај го пие и тоа молзеното не верувам воопшто ни да проба да ја фати градата. На контрола сме во петок па ќе видам дали е жолтица во прашање и како напредуваме.
Ќерче е месец и 10тина дена. Оваа недела се случува, да цица , ќе ја побара и другата града, убаво ќе се нацива ја осеќам влече ама одеднаш почнува да црвенее, да рита со нозете, да си игра со брадавицата, да го плука млекцето и да прави фати пушти, ај си викам најадена е , ја тргам она пак бара , ја ставам истото…. Баш се насекирав да не снемувам млеко т.е да не не и е доволно а досега убаво напредуваше… Ќе закажам и на мерење, ама баш ме интересира има ли друго бебче вака
Да, Син ми! Јас поради ова еднаш до два пати му давам ад. Супер си напредува но ми е страв да не му е малку млекото со цицање откако ке го испие пак си бара цицање.и ке си заспие.
Ние од денес го почнувме патешествието доење. Малку помош ми треба од поискусните. Млеко кога ќе стиснам има како капки тече. Бебе цица, влече околу 10тина минути. Градите не ми се подуени нормални меки. Не знам дали е доволно, дали така треба да изгледа целиот процес?
Прочитај наназад има многу корисни совети. Ќе се потрудам на кратко да опфатам клучни моменти. Цицањето не треба да биде болно, можно е првите пати да е нелагодно ама за брзо поминува. Тоа е знак дека бебе убав фат има. Обрни внимание дали бебе голта додека цица. Мочкани/какани пелени се исто така добар знак дека си се нацицало убаво бебе. Немаш потреба да гледаш на саат, на почетокот ставај почесто бебе на града за да стимулира лактација. Секако зголеми внес на течности што повеќе. Времетраењето на цицање не е репер дали и колку бебе се најало. Има бебиња повеќе од 5-10 мин не цицаат има други бебиња 40 мин цицаат. И секако посети го инста профилот на доење со љубов многу корисни информации имаш да прочиташ. Ви посакувам долг доенечки стаж
Има ли некоја храна што поттикнува лактација, освен овес што сум слушнала? Млекото ми се намалува...бебе забушава, не е заинтересирана како претходно, а не давам АД повеќе од 140мл вкупно дневно.