Новороденче нема сила да исцица толку колку што градата произведува на почеток додека да се воспостави лактацијата, ако имаш млеко. После подој ако ги осеќаш градите уште полни и тешки одмолзувај се додека да омекнат убаво. На следен подој дај му да цица и потоа понуди му го измолзеното како дохрана. Ако не го пие значи е сито. Мене ме испишаа во Ремедика исто со дохрана после подој, ама измолзено млеко, зошто видоа дека имам многу. Јас и ретко давав од шише, не сакаше зошто си се најадувала од подојот, ама па цицаше на саат и пол-два, иако ме советуваа да цица на 3 саати, а и дома сите како забегана ме гледаа дека ‘детето на цицка ми висело’. Нормално е тоа, близина и контакт му треба.
Јас од Сара фешн купував градници за доење ама искрено ниту еднаш не ги искористив како што треба. Носев обични меки градници без корпи и попрактично ми беше само да ја извадам градата, отколку да откопчувам копчиња од градникот
Можеш и електролити и јаглен. Јас имам пиено. Се консултирав со општ матичен, гинеколог и Нате, доење со љубов.
I.mene mi go reko istovo so previse mleko bev ne mozev da se domolzam. Ne davav nisto sakav da dojam i si doev. Use na prva kontrola im rekov ne i davam i ne planiram gledate kacuva i se zatna
За болни брадавици освен ланолин, што мачкате друго? Немам рани, ама ме болат кога цица. Особено десната дојка. Заборавив што се мачкаше.
И мене премногу ме болат пошо плитко фаќа. И Јасна ја викнав ама џабе никако да се наместиме. Таман ќе се наместам убаво и длабоко да фати он ме бутка и влече и ќе си се намести плитко. Мислам дека ми горат од болка на раб сум да го одбијам. Јасна ми ја препорача Риластил ЕАП ама ја има само во Анни фарм и никако да ја купам. Ланолинот не ми помага нешто баш баш. А инаку мислам дека може и Јекодерм. Витамин А има во него што е супер за регенерација на кожа.
Исто. Ме изгоре!! На почеток имав рагади, цели дупки мислев умирам на секој подој. Таман поминаа тие, веќе не знам дали плитко фаќа или и тоа што по цел божји ден е на града, де едната де другата, ама пола саат не сум ги одморила, ме боли до коска. Секој ден од мака само викам дека од утре го ставам на формула, а после се надевам дека нешто ќе се смени. Ланолин не знам колку потрошив, ама што дека, нон стоп ми е на гради, нема ни кога да делува. Или цица, а цица генерално брзо, потоа со саати ми ги џвака. Ме изгоре од болка. Овие денови толку ме боли што веќе цели гради ми се во болка не само брадавиците.
Две недели е моето, ноќе е бетер, ако вака е на 1 саат пауза од едно цице, навечер е на 30 мин. Цело време ми е во глава ад, а никако да се одлучам зш супер сум со лактацијава. Многу ми е жал за големото, а и тоа е бебе (20м.). Осеќам како и двете да се незадоволни. (Си се олеснив малку)
Спие, ама се буди наутро и сака на градите да е. Со болки ја дојам буквално. Утре ќе одам во аплжтеката, ако не со брадавици ќе почнам. Не се трпи.
Мојата до месец и пол беше нон стоп на града и после тоа фати некој ред...сега веќе 3 месеци има и цица ептен ефективно 5 до 10 минути и се трга. Дури јас ја ставам одвреме навреме затоа што ми се полнат градите и да ми ги олесни малку. Навечер на почеток стоеше будна по саат и пол на града, а сега станува 3 пати ама кратко..цица и продолжува со спиење. Издржете уште малку. Вреди за нив се. Само фатот корегирајте го.
^ да не ве тагнувам сите. Моето бебче е 2ипол месеци. Претежно го дојам со силиконските на Медела ама сакам да ги тргнам, а и Јасна ме советуваше исто. Од минатата недела ме болеше левата града некоја чудна болка ама пушти. А брадавиците за 3 дена ми станаа партал. Денес на секој втор подој ставав силиконски пошо не се трпи. Моето па не се буди навечер. Накај 10 заспива и најрано во 4 се буди. Мене градите камен. Мислам дека од тоа ми беше болката иако немав грутки. Мачкам ланолин и таа на фрезидерм, а прееска купив и јекодерм. Ако ме ми поминат ќе пробам свинска маст. Едит: не само што плитко фаќа, цица по 40 мин до саат
Леле исто. Ај и ја да се олеснам. Ноќе само првите недела дена поврзуваше до 3 часа. После тоа навака, на пола саат. Вчера месец направи. Исто се осеќам за другото дете. За една недела 3 ќе прави, не можам од бебево да му се посветам. Со првото од одма во количка шетавме секаде, ко штафета сите ја подаваа, ова сега ништо нејќе ни количка, ни релаксатор, ни во кола, ни кај маж ми едвај 10тина мин колку да се истуширам и мочам. Нон стоп кај мене е или во раце или на цицка. Значи буквално. Цел месец со ужасни болки сум. Јас Јуле со првото уште во болница кога ми ги испартали брадавиците купив силиконски, ама после полни 15 месеци со силиконски ја доев. Никако не ги прифаќаше моите. И сеа од страв не ми се почнува со силиконски, а имам купено и сеа. Се форсирам скроз, ама доењево ми е премногу болно. Сакам да дојам ама не знам вака до кога ќе можам да терам… Очајна сум..