Женски да пробате со Тереси масло? Знам дека е многу скапо ко за проба ама многу е фалено за рани, и последно читав дека е доста добро за брадавици. Јас пробувам да се одвикнам од силиконските, ко да ми се намалува млеко, Јасна вика дека е ради нив, многу тешко оди, бебе плитко фаќа, а и мрда многу па нон стоп се изместува.
Дали смеам парацетамол да се напијам, од умор, нервози и неспиење ме скина глава, а се плашам да не е настинка...? Не дојам премногу(еднаш два пати доење / измолзено зависи како имам), претежно е на АД.
Втор пат качувам температура,37 со 4. Ме стресува јако, не треска туку баш тресење. Некни се потев. Ми тежат градите, грутки се уште немам, ама врели ми се. Од болница ми рекоа доколку качам температура да се јавам кај нив. Ќе пробам малку да се одмолзам, може ќе ми олесни.
Ја би пробала, ама немам кога да го ставам маслото. Цело време ми е на града. Да ми остави простор од 2 до 3 саати бар, ништо нема да ми треба ќе помине и само од себе. Иначе да, од силиконски може да се намали млекото. Ама јас сум доказ дека не мора да значи. Полни 15 месеци доев со силиконски и имав хиперлактација дури. Млеко имав одвишак, носев влошки за гради до крај и менував неколку пати на ден оти се топеа во млеко, ми прскаше цело време. Не се плаши дека ти се намалува млекото. За доење многу е битна и самодовербата. И со двете деца бев решена дека ќе дојам и немав земено ад дома ниту за секој случај. Во Македонија непотребно многу го форсираат самите педијатри. Значи, ако бебе не е нервозно по цицање и е смирено, при тоа слушаш дека голта, си кака, имаш млеко. Градите секако спласнуваат ако тоа ти е мисла, кај некои порано кај некои подоцна. Потоа види дали имаш земено соодветно бројче од силиконските, ако се мрда и ги пушта може и е големо?! Да пробаш со помало? Ако навистина ти се намалува млекото, а сакаш да доиш, тогаш мораш да ги форсираш твоите брадавици најмногу. Пошто што и да пиеш за лактација е само дополнителен стимул, бебето е главен и најбитен. Секако најубаво е без силиконски да успееш и да не се зезнеш како мене со нив да мора до крај да тераш оти е пренапорно.
Фала ти, еве пробувам овие два дена без силиконски ама гледам дека нема многу млекце па и она не е толку заинтересирана, ама ќе бидам упорна чим фаќа колку толку. АД и давам, по 2 3 шишиња од 90мл (пие 70 и ни капка повеќе) морам, стварно е гладна ама па го следам правилото прво цицање па АД. Јас немам време за молзење зошто и она е 99% со мене, лепенка права, само навечер кога ќе заспие ама тогаш и јас сум преуморна и едвај гледам, а споро оди со пумпата... и така. Многу е потешко да се дои кој сака нека каже.
Дали пиеш нешто за лактација? Би те советувала да земеш лактамикс или од хип чај за доилки. Јас после 3 дена пиење приметив доста разлика во однос на млазот. Има и капсули Лактил, со анасон и сладок анасон во состав. Пиј вода и ако можеш малку загреј ги пред доење. Во однос на АД немој воопшто да се секираш и давај ако така се осеќаш. И јас му давам 1-2 шишиња, не секој ден. Овие 3-4 дена нон стоп сум со чај и гледам да ги стоплам градите пред подој (не секогаш бидејќи некогаш едноставно нема време) и чат пат ставам и зелка. Еве денес конечно ми олабави левата града што ме болеше и спласна ко издишан балон претходно и после цицање сеуште ја осеќав полна.
Дали некоја може да ми пиши број во порака, од некоја од советничките за лактација и доење? Или да ми каже како да стапам во контакт со некоја од нив, која најсолидна?
Има некој слушано презентација на “доење со љубов” и задоволен ли е? Пријавена сум за денес и утре на зоом па да знам што да очекувам
Јас, пред да се породам ги слушав сите предавања шо ми беа достапни. Препрепрезадоволна сум. После тоа можеш и прашања да си поставиш шо те интересира, Нате е златна, ќе ти одговори сѐ до детал.
Калатеа, кај нас најголемиот проблем е слабата информираност околу доењето. Педијатрите не се експерти за лактација и доење, што значи не знаат доволно, дури и некои работи што ги знаат се погрешни и не апдејтирани, башка форсираат формула (често и со намера, ради маркетинг итн). Потоа, навистина е трагично колку мајки има што сакаат да дојат но немаат соодветна поддршка. Совети доаѓаат од сите страни од експерти како свекрви, тетки, стринки, комшивки, секогаш кога бебето плаче “мора да е гладно”, па ќе те пукаат со гилти трипс “оти го изгладнуваш” и “дај му формула” и ти ја убиваат самодовербата во поим, а со тоа и млекото. Поише од пола што даваат по малку формула по доење, немаат никаков проблем со млеко, само немаат соодветна поддршка. Факт е дека ако сакаш да доиш можеш. Ако од некоја причина не сакаш, секако твое право е. Во клиники за лактација во развиениот свет, кај мајки што посвоиле а сакаат да дојат, успешно индуцираат лактација и тие мајки ги дојат нивните посвоени бебиња. Тоа е сепак комплексен хормонски процес, но поентата ми е дека многу е полесно кај оние каде што 9 месеци самото тело се спремало за истото и успешноста треба да е прилично висока. Ама ако немаш поддршка и некој што ќе те поднаучи како соодветно до успешна стимулација, од старт остануваш без млеко. Среќа последниве години се појавуваат се повеќе лактациски експерти, и свеста за нивна консултација расте. Па ќе слушаме за се повеќе успешни доенечки приказни. Јас пиев пиво. Секој ден по лименка радлер 0% алкохол. После тоа ми пукаа градите. Пробај. Иначе постов ми е само да ти дадам поддршка тебе и на сите што сакаат да дојат. Нема ништо полесно од доење кога ќе си го фатиш редот. Ако ти е мерак да доиш, можеш. Ако ти е сеедно, пробај, ако не оди - не оди, не сакаш, или што и да е, да сме здрави и живи. Вака така ќе пораснат малите секако.
Се согласувам. Еве јас да се пожалам и да дадам поддршка. Породена во Штип, полу информирана околу доење, прво дете, млеко ми надојде, вовлечени брадавици и со силиконски цицаше, но немаше кој да ме поднаучи доволно и да ми даде поддршка па поради икс причини останав на ексклузивно пумпање, што навистина не е лесно, еве веќе терам 7м вака, но кога би имала друго дете многу поупорна би била да дојам. Ништо не е лесно, ако се залажуваме, барем додека да се фати ред. Инаку најмногу ми е жал што во нашите државни болници фураат филм на ад иако се има млеко или пак на пумпа. Немаат трпение и желба за нас, барем јас така ги доживувам.
Пијам чаеви и пиво од сам старт, чај секој ден по литар, и пиво многу, килажа качив од него Мене повеќе ме нервираат коментари дека не ми е доволно на града, не јадеш доволно, не ти цица зошто даваш АД и слични глупости, а немаат појма колку се трудам. Фала на поддршката, ќе пробам со консултант. Мм се чуди, sleep training coach, lactation coach, шо сторивме Ама добро е што постојат да го олеснат родителството малку.