Моето наполни годинка и уште се доиме. Одкога сме почнале со доење никогаш повеќе од 10 мин не цицал. Ако е ефективно доење доволно е а и поубаво за тебе според мене.
Kolku vreme trae toj ? Ja primetuvam sega povekje se smeska, pa si igra so sise koga i davam isto i na grada
И мојата кратко цица од кога се роди, се жалев еднаш дека поише од 5 мин цица само кога се брзам за негде. Да разладиш малку повеќе дома да не е мн жешко. Имавме и ние жолтица, ептен спиеше, ја скубнувавме да се разбуди да цица , со вода ладна ја мокрев во декември, ништо не ја будеше. На дежурен ја однесов баш така на 10-15 дена од страв, ја измерија топ напредок, ми рекоа разлади дома и се ококори детето малку од малку.
Леле и мојава брзо цица 10,15 минути најчесто. Некогаш знае и повеќе со молење ама обично 15 мин и после не сака плука. И заспива на града. И по кратко време пак бара мисли алиштата дека се за јадење, рацете...
Е баш ми олеснавте со одговорите. И он 5 мин ама активно цицање не застанува и после со сила уште 10 мин ама фати пушти. Еве го расоблеков сега и спуштив малку ролетни да се олади, па почнуваме со будење. И првото ми беше исто со жолтица и многу успано и дадов шише, толку беше веќе цице не фати. Не сакам пак истата грешка да ја направам.
Ова е вториот скок и трае мислам две недели. Ама да не те разочарам не е последен. Ќе си имате скокови до годинка. Ги има на апликацијата wonder weeks. Или ако ја немаш апликацијата пиши во темата скок во развој дата на раѓање и термин, сигурно некоја мама ќе ти прати па ќе си се водиш по тоа.
Мајки дали некоја има пумпа за измолзување на Baby Nova, како оваа на сликата? Имам на Lanshinoh , оваа ми треба за кратка употреба. Дали е ефикасна и на каков начин функционира бидејќи не гледам рачка?
Не можам да ја отворам сликата. Ама ако е како таа што ми ја дадоа во болница се влече надоле и со неа не извадив ни 10мл, наспроти онаа на чико што ја користам ексклузивно 7м.
Дали на некоја и' се зголемила многу едната града при доење? За жал, периодов имав проблем со абцес и малата ја доев само од една. Се плашам дека ќе ми остане разликата помеѓу двете гради и откако ќе престанам да дојам. Некакво искуство?
Здраво здраво женски еве сум јас како новопечена мама и нова во тимот на доење, имам едно прашање зошто даваат сок од јаболко за доилки? Дали да продолжам да го пијам дома?
Ја првпат слушам. Мене никој ништо не ми кажа да пијам. Освен чај за доилки што пиев првата недела (и без него може), ништо друго не сум пиела, а еве 11 мес имам млеко. Важно е само да внесуваш доволно течности.
Јас некаде прочитав искуство, сок од јаболко, ice tea и општо повеќе течности. За повеќе млеко да имаш.
Пиев со првото од неукост и заработив само екстра килограми, ништо друго. Ако е за поголема лактација а верувам дека е за тоа бидејќи со првото го пиев демек за млеко, има други препарати како на пример чај за доилки, капсули Лактил, безалкохолно пиво, овес, јогурт...