Здраво женски, имам едно прашање. Малата ми е 8.5 месеци и е страстен цицач + си има и оброци. Отприлика за месец ипол ќе се вратам на раб. Прашањето ми е дали е ок опција да се измолзувам на оваја возраст и да оставам млекце? Или адаптирано (до сега нема пиено) + доење кога сум дома...
Бебе е 9 недели. Од почеток немам проблем со доењето, цицаше и од двете гради. Веќе две недели се бориме за да цица на левата града. Освен ноќеска , сабајле или ако се разбуди и одма ја ставам на града , во друг случај е невозможно.Се бутка со раците и нозите и плаче , па морам повторно да ја ставам на десната града. Пробував и легната и шетам низ соба и никако не сака. За 10 дена имаше качено 100грама , следното мерење беше за 9 дена во петокот, качи 150грама , денес ке ја мерат повторно па ќе видиме... претходно си напредување одлично. Дали се работи за некој скок во развој , затоа што сакам да си продолжам со доењето, упорна сум, но ме исцрпи многу овие две недели. Се плашам дека ке се намалува млекото на левата града , и дали ке и биде доволно само од десната ако не се смени ништо. Секако доколку качува и понатаму по малку, ке морам да и давам АД. Битно да не е гладна. И дали да пробам со силиконска на левата ама да не бара после и од десната така да цица .
Си пробала ли да измолзиш, вадиш ли млекце со пумпа, оти има случаеви што дојат не можат да извадат со пумпа воопшто или вадат многу малку, оти не е исто што и цицање мама.
Секако дека можеш да се измолзуваш и да и оставаш млеко, само многу зависи колку често пие и колкава количина, односно дали ќе си во можност да и оставаш онолку колку што ќе и е потребно? Колку поретко се измолзуваш, толку повеќе намалува млекото. Зависно какви ти се можностите на работа за измолзување, на колку часа планираш итн.. Ако не, комбинација со адаптирано е исто така опција. И јас тргнав на работа околу 11тиот месец и пробав да продолжам со измолзување со цел да биде само на мајчино, меѓутоа млекото намалуваше со оглед на тоа дека на работа неможев да се измолзувам и се собираа многу часа. Сега пие наизменично, мајчино и адаптирано
И моето имаше период кога не сакаше да цица на левата града Јас од мојата лева страна ставав перници и го ставав бебе на нив и така цицаше од левата хахах мислеше дека е десната Пробај така можеби ќе успее и кај тебе Ама да знаеш тоа е период после пак си цицаше по старо
Некако да го прелажеш, да мисли дека е другата а ти да му ја дадеш таа што не ја сака. Иначе, има и бебиња со преференци, може да се молзеш за да не прекине млекото.
Ја меревме и качила 70грама за три дена . Бабицата мисли дека има влијание што и дадовме еднаш 60мл дохрана , според мене не знам дали до толку ке влијае од еднаш дадено . Не посоветува доколу сеуште навечер негодува и се бутка од градата, да понудам шише. Најчесто го прави после 5-6 часот кога најверојатно е помал млазот и тече побавно па затоа се бутка. И дадов АД и испи 80мл, прескокнавме цицање . Уште би пробала со електрична пумпа па ако успеам да извадам доволно да и го нудам тоа. Барем би ја активирала левата града ако има уште надеж за неа , а и бесплатно е секако
Jas molzev sekoj den koa trgnav na rab za da i davaat. Koga trgna vo gradinka prekinav da molzam tamu ne primaat sise mleko
Здраво мамички. Поради доењето и сите обврски околу беба се осеќам исцрпена уморна а некогаш не стигнувам ни да јадам, дали знаете какви витамини можам да земам и какви витамини вие земате и дали смеам магнезиум во кесички што ги пиев додека бев бремена ? Поздрав
Здраво мајки, имам прашање за оние кои комбинираат доење и ад, кои шишенца ги користите? Користам калма но бебче е поголемо и почнува да се мачи,па сакам да сменам. Благодарам
Здраво, пиев досега 3 месеци прегнакере за доилки меѓутоа веќе ги нема по аптеките. Ми го препорачаа во аптека овие, дали некоја ги користи? Дали може за време на доење да се пијат овие ? Поздрав
Имаме две недели. На колку часа да ја будам за јадење? Некогаш знае да се успие на почетокот ја будев на 2,3 часа ама после многу нервозна беше. Сега некогаш спие и по 4 часа, не знам дали е паметно