Колиеф капки. Ама аптекарот ми рече што сакаш давај ретко има ефект кај грчевите. Само трпение. Какво трпение ја гледам се собира се мачи, додека се покака. Не можам да и помогнам.
Пробај со масажа на стомачето и исправај ја кога ќе почне да се мачи. Кај мојава одма има рекација, инаку ко ќе се вцрви да ти е жал да ја гледаш.
И јас пазев па пак имаше многу грчеви, по 3м сами од себе поминаа, ништо не помогна, си какаше по 4 пати просек
https://kiberg.mk/product/vitamix-memory-and-concentration/ Dozvoleni se za dolikite? Skroz nisto ne pamtam
Да ве прашам како сте со градите? Мене левава ко да ми е поголема од десната и цело време чуствувам како болка, печење, тегнење, штрекање...незнам како да го опишам чуството, ама едноставно ја осеќам. Ја осеќам градата, некогаш болка под пазув и се фаќам неможам да дефинирам каде ме боли. Сега моментално чуствувувам во плешката позади ко да ми доаѓа болка од градата. Инаку малава цица наизменично на една па на друга града, ги празни исто нема некоја да и е фаворит. За грчевите ве читам и не би почнувала јас муабет за тоа сега...3 дена и 3 ноќи до сега немам спиено. Уште вселенски прав немам дадено мислам! А да...и ако некоја мајка знае бројче од дилерот што шитка трпение на тазе породени мајки нека ми пише слободно
Кај мене овие работи помагаа: малата ја ставав кај мене во скут на моето колено легната со мешето како кифла свиткана преку коленото (со едната рака ѝ го држев главчето и рачето, со другата ја тапкав по газето-се надевам убаво објаснав), и ја нишкав нежно. Со термофор ја масирав на мешето (преку облека) и ѝ правев вежби со ноџињата ѝ ги кревав нагоре да се испрди. Секоја вечер пред спиење масажа со бебешкото масло на Веледа. Попладне кога многу плачеше ја ставав во онаква слинг марама на мене, и одма се смируваше.
Јас со синко не видов ни О од одмор. Он ќе заплаче , јас скокај, он ќе заспие јас трчај ручеци, чисти , средувај… навечер исто он ќе заспие, јас ќе останам да средувам. Е сега со две деца можам да кажам дека сум поодморена итколку со едно Она ќе заспие навечер, гледам да средам брзо што останало и одма легнувам. Ручек? Кога можам кога не. Онојпат успеав медаљони да испржам , помфрит допржи маж ми. Е сеа у 6 ручавме ама баш ми е гајле.
За истово прашував пред некој ден. Не можам да проценам напред кај ми е точно болката околу градата под неа и позади кај плешкава исто како што опиша ти. Само мене болката ми е кај таа града што ми е помала.
Да не коментираме за градите. И мојата лева е поголема, а на допир осеќам ко грутка ко запушени канали .. но синоќа дали дека спиев на стомак , сум ја стоплила градата и при молзење се изгуби.. се токмам да ставам сега топла облога пред следно молзење, па вајда ќе ја снема..
Јас не осеќам тврдо запушено ко што викаш, туку болка и само се фаќам насекаде неможам да дефинирам каде е болката
Мајки во едната града ( поголемата и поомилената на бебе) осеќам болка како бодежи со 100 игли. Немам грутка ни блистер ништо, бебе си цица од таа града кратко ја снемува болката и после пак. Болката ми е на едно место близу ареолата. Од што може да е?
Ај кога сме кај градите и јас да прашам. На ексклузивно молзење сме, но откако на почеток фатив мастит, на местото каде што ми беше црвено ми остана како камен тврдо парче на градата. Нема болка, само е тврдо на допир, еве може тропам глупости но можно ли е да речеме еден канал да остана затворен или не знам!?
Јас имам тврда грутка на градата бев на доктор ми правеа ехо и ми рекоа дека е циста. Ќе треба да ја следиме доколку има потреба ќе се отстрани. Најдобро појди на доктор да те види да ти е рает душата.