Белото на јазичето со што го чистите? И дали сметаше при доење? На педијатар ми рекоа ради јазикот не сака да цица. И давав нистстин капки ама нема ефект. Инаку ако одите на две места на контрола кај 2 различни педијатри. Да знаете различно им мери вагата. Да не ве извадат од памет како мене пред некој ден. Да не споделувам сега многу детали. Само пред една недела бев кај педијатар 1 таму ми рекоа супер напредува после 5 дена на друго место како само 90гр да качила од прегледот кај првиот педијатар (пред 2 дена ова). Денес на преглед кај педијатар 1 не му кажав за прегледот пред 2 дена и тој Си рачуна после 7 дена од последниот пат што ја имаше тежината кај нив покажа 300 грама за една недела. А кога ќе ја споредам со тежината измерена пред 2 дена кај педијатар 2, 210 грама излегува. Што не е возможно толку да ги качила за два дена. Затоа секогаш на исто место нека ви ги мерат вашите малечки. Да не дојде до вакви забуни. Мене затоа ми падна чудно гледам имам многу млеко и страствен цицач си е ќерка ми и машала како бумбарче напредува. Педијатарпт 2 кога ми рече давај дохрана буди ја на 2 часа гладна е. Какво ти е млекото, може немаш млеко и сл глупости се осетив ко немајка. А таа машала 300 гр за една недела качила.
Такви зборови ниедна мајка не сака да слушне. Плус гледам имам млеко. Не сум будала да ја изгладнувам.
А јас пак почнав тогаш по препорака од педијатар да давам ад. И почна обилно да повраќа. Кога сум зела таа кутијата хип директ у канта ја напикав најдолу. И си беше на ексклузивно доење 6 месеци,а цицаше 28 месеци.
Убаво си направила. Место да ги поддржат мајките да дојат, тие ги демотивираат. Мојава често враќа после доење од млекото малце. Блуцка или како и да се вика тоа точно. Дали е нормално? И зошто се случува тоа?
Нормално е во првите месеци, едно што се прецицуваат друго што уште не им е доразвиено капачето на желудникот што спречува храната да се враќа назад (не знам стручно како се вика ) па полесно им се враќа назад цицаното. Со тек на време ќе намали и ќе престане бљуцкањето.
Моево повраќаше и тоа секој ден, до 3месец. После исчезна повраќањето. Имам една познаничка медицинско лице и реков ај да ја прашам, да не има нешто да се преземе. Вика, ќе си земеш адаптирано антирефлукс мислам, и раат ќе си бидете двајцата. Ахам, помислив, тешко на тие што ќе им дадеш совет.
И мојата бљуцка после прејадување, ќе искака и пак на цицање. Тогаш помалку цица и раат сум 2-3 сати. Од деца на роднини што ми поминале низ раце знам дека е нормално. Така да без гајле, може само да бара да се дојаде тоа што потрошила.
Ќе пробам и јас power pumping Едит. Нели по еднаш дневно треба ова. Ме интерсира дали мора во исто време секој ден или може кога сакам? Друго. Како полесно да му течи млекото на бебе? Практикувате масирање или жешка вода пред доење?
Ние почнавме од втор ден со доење, мене ми дојде брзо млеко, а и таа веднаш фати. Ме советуваа да не давам дохрана, мисла ќе ми е сега на почеток дали е доволно, ама ќе следиме секако за неколку дена на контрола. Најголема мака ми се болките дури дои, заборавив како боли матката и раната плус. Колку време трае ова со матката собирањето?
Треба да се трга ланолинот дури испумпувам? На млекото не смета, ваљда како при доење, ама ќе направи ли вакум пумпата?
@AngelOfArh ти како искусна со одмолзувањето. За околу 15,20 мин одмолзав повеќе од 150мл млеко. Дали е добро? Дека деновиве има проблем со јазичето и се мачи додека ја дојам ќе и давам молзено додека се среди. Е сега по колку мл мајчино млеко би испила од прилика на еден оброк. Ад за нејзина возраст 90мл на 3часа. А мајчино млеко треба повеќе од 90мл или?
Колку дена сте? Мене така ми беше првите 5-6 дена, се потев не се поднасав. Помина таа фаза, па иде друга, па трета.. така до 40 дена викаат.
Мали сте, ама ако фаќа графа ставај ја на града, оти и ние бевме со јазиче потфатено и не фаќаше никако, дури на 7м отприлика го сецнаа а тек на 7м да се учиме доење не идеше. Не знам зошто ад да е похранливо од мајчино, 90мл на месец дена бебе е премногу според мене, ама вие си знаете. Јас 90мл давав после 3 месец некаде. Тоа на кутиите ад ми беше бесмислено, имаше некои чудни правила, па бебе од 3м да пие 150мл (мислам беше) на 4-5 саата ту мач ми беше, кога бебе од 3м што дои дои по желна и за утеха, нема зошто да давам на толку размак ад. Не се водев по табели, по бебе се водев, само си кажуваше кога му беше малку кога му беше многу.