@kristina.k Супер. Кога ќе дојде млекце, сѐ ќе си биде таман. Имај тогаш храброст да речеш да не му даваат воопшто адаптирано, и да видат како полни пелени - посигурна ќе си за доење дома. @mama89 Честитки, живо и здраво бебче! Во однос на проблемот со градата, исто и јас си имав во болница со левата. Од многу млеко во жлездите ти натежнува градата и ти ја "израмнува" брадавицата што прави потешко да ја фати бебето. Никако не се предавај. Имаше една упорна сестра и ми ја местеше малата на левата. Не фаќаше на почеток, ама со многу маки, фати. Не знам каде си породена, ама барај помош од сестрите да те измолзат. Побарај пумпа ако имаат, вака сама колку и да молзиш, се штедиш. Јас стисни - нема млеко. Сестрата стисни - млеко има, јас пискам од болка. Биди упорна со левата, ама побарај помош за молзење. Кога ќе ја фати бебче да ја испразни, друга песна ќе е. За цицањето и спиењето е нормално. Количината никој не знае да ти каже дали е ок. Има бебиња кои цицаат често и по малку, има бебиња кои цицаат ретко и по многу. Тоа многу може да трае кратко заради поголема сила на влечење. Спреми се ако доиш да си го поставуваш прашањево многу често. Види со сестрите дали е дохранувано. Нека ти го носат гладно. Кога ќе заспива пробај да го "будиш" со извлекување на градата од уста, или со скокоткање по горната устичка. Обично колострумот е многу калоричен па од малку заситува мало бебе, а и е еден од најважните моменти за бебето, па инсистирај да го добие. Со лесно и се читаме!
Фала @Kaetana синоќа после подојот добив колострум малце, сабајле колку толку тргна нешто. Сега и ланолин ми дадоа да мачкам, ме боли од што беа суви брадавиците, а бебуш лакомо почна да трга.
Бебуш си е до мене нон стоп,само за бањање и пресоблекување го земат и одма ми го враќат. Но го дохранувале првите два дена зошто јас царски немав колострум.имам пумпа моја но инката на пумпата е помала од мојата лева ареола е до толкуу мн ми е голема и тврда ареолота и мн ме притиска пумпава ми ја жили ареолоата и мноогу болииии.а брадавицата не излегува од десната добра е си фаќа но левава сттррашнаа е тешка огромна ништо не помога
Значи сега не го дохрануваат? Ако не го дохрануваат прашај ги за пелените, чисто да ти потврдат дека ги полни нормално. Супер што е на доење. Топли облоги на градата. Пробај мнооогу топли (најтопло што можеш да издржиш). Масирај ја нежно околу ареолата кај жлездите и измолзувај (знам дека боли). Мора да ја испразниш некако, затоа што ќе качиш температура и ќе си направиш мастит. После сесија молзење, масажи, обиди за доење, мачкај се со ланолин. Било кој ланолин помага. И кај мене беше така, не можеше левата да ја фати, ама на крај успеа. Ова е моментален проблем кој ќе се реши, не се секирај. Нема ли некоја сестра да ти помогне (за рачно молзење)?
Zeni, jas denes se isfarbav i eve sega go doev bebeto......se nadevam ne e stetno, citav cel den vcera dali smeeme da se farbame tie sto doime i sekade pisuva deka ne e nikakov problem......ne znam dali pravilno postapiv, neka mi kaze nekoja mama sto doela i se farbala da ne imam griza na sovest
Не не си цица по 5-10 мин од деснава плус 40 до 50 мл што измузам му ги ставам вшише и право после спие и така на три саати ,цица-спие-цица -спие сега за сега не е плачко мирно е знам рачно но со пумпа обична рачна се музам,по 50 мл на три часа,масирам левава,мијам со топла вода,утоплувам со термофор со жешкаа вода и се надевам ќе излезе пупка и бебуш ќе фати и од лева,вака се измачувам само тоа правам инаку ми кажаа супер е педијатерот и сестрата што го пресоблечува...само левава града ах да ја видиш страв да те фане поголема не си видела
@mama89 Душо и мене ме фати паника на почетокот. Ама што е тоа е. тука е. ЌЕ се научиме. Подобро од вештачко секако. На почетокот мн ме болеше кога се одмолзував. Откако дојде патронажната сестра и ми покажа како да се масирам, да ги разбивам сите грутки во градите, ставав топли облоги, почна мн повеќе да тече млеко. Не боли толку. Ќе се стабилизира. Само ова неугодно потење кога дојам ме нервира. Ќе се намали ли во скоро време?
Јас сеуште немам брадавици, 7 месеци има бебуш може како мене и да немаш, со тек на време само ми омекна градата и почна да си ја влече кожата во уста кај него и така цица... дури се има случено да ме зацица и на страна, не кај брадавицата хахаха ке добие сила и ке влече не се сеќирај, сега си пуна млеко и ти се има израмнето брадавицата, а од што се тврди градите неможе да си повлече ништо во устата (од брадавицата и ареолата)... а за маки со болки на пупките еееееееех мора сите тие да ти поминеме, јас 3 месеци ја молзев левата града ич не ја давав од што имав дупкиште...
Моево десната повеќе ја сака, веднаш ја фаќа, а за левата повеќе му треба. Ме боли во брадавиците како струја, моите се многу испакнати и колку и да лапне од ареолата најмногу од брадавицата силно влече. @Eli23 и мене ми е прежешко како вода топла ме облева веднаш.
Eli јас за тоа потењето на почетокот се чудев што ме снајде, абе вода течеше од мене, гнасно дури. После секое доење се туширав. Ај што се потев, туку и бебе цица од едната града од другата тече млеко, ај тоа па и крварев многу, па и доле тече. А неможеш во моментот да станеш затоа што цица, локви имаше околу мене. Ама после краток период се стабилизира се.
Јас се потев подолго време. Особено детето кога ќе плачеше а јас брзам да му дадам да цица. Се бањам, ја бањаме и обично многу плачеше после бањање до пред доење (а со тоа и легнување), и додека ја облечам и средам, жива вода направена а избањата. Тоа траеше подолго, баш имав пишувано пред месец - два за ова рикањево. А да не кажам па кога пиев чај за доилки и кога потта ми мирисаше на чај! А и урината!
Сакам да ве прашам колку му е доволно на бебуш да цица? Ние сме 5 дена и прворотка сум и поима немам...ми рекоа на три саати и тогаш се буди навистина...ама по колку милилитри на подој?или колку време на града да цица? По 10 мин на едната па на другата или ?? Јас го ставам на десната околу 10 мин плус од левата се музам по 40 мл отприлика ги испие и тие и спие.А до 40 дена по колку ? молам за одговор
Најтешкото прашање која секоја мајка што дои го има. Правило број 1 - не гледај на саат. Бебето нека цица кога сака, колку што сака. Малтене, муабетот ми е дете плаче, ти нуди цицка. Ако цицало пред пола саат. Градите ќе ги менуваш кога ќе почне да се буни на едната града, тогаш нуди ја другата. Правило број 2 - гледај ги пелените. Треба да се обилно мочани, а во однос на каката, може секоја пелена да е искакана, или една на неколку дена. Боја - златно жолта. Правило број 3 - најубав доказ дека убаво си цица е напредокот. Мерење на минимум една недела (доколку пелените се полни), на иста вага на која го измериле кога ве пуштиле дома. Кај доени деца нема мл, нема правила. Пијат колку што сакаат тие во моментот. Може сега да цицне малце, па после пола саат да се најаде. Може да бара цело време, може да бара на 3 саати. Се е нормално. Ред во доењето не очекувај во првите месец дена. После 40 дена ќе препознаеш некоја шема. Ако се деси порано, ти си среќна мајка! Едит: Ќе нафрлам само ред работи кои немаат врска, а можеби ќе ги чуеш: мајчино млеко не прави грчеви ако детето цица на помало растојание од 2 саати, нема слабо млеко, не мора да се ждригне дете секогаш, не се буди дете за подој ако убаво напредува (ако ти е шубе, дете се дои во спиење - и не, нема да се задави).
Мн фаала за советите но што правиме со левава града огрооомна без брадавица ми се иде да ја пресечам!вечерва пробав ја утоплив ја масирав и малку омекна и му ја бутнав на синко сирот отвора муце се мачи цицне пушти ама огромнааа е и јас се мачам тешка ми е неможам да ја држам градава и плус брзо се стврдна ареолата синко му пречи тоа влече небива се мачи и он но битно повлече 2-3 пати....еве неспијам и се нервирам во 4 .30 треба да се музам пак
2-3 пати сега, 4-5 пати после! Мораш да издржиш уште некое време. Масирај, молзи, а кога ќе е време за подој нуди ја таа града прво. И упорно давај му ја. Нека се нервира, ако, давај додека не фати убаво. Еднаш да ти ја испразни, друга песна ќе е. Има и еден период кој мора да е таков - брадавиците да се навикнат на доење. Мариз како што вика, сега не ни имам ни јас брадавици, не ја ни местам малата за цицање, кога ќе фати си знае како... Ама штотуку си породена, хормоните си го прават своето. Ќе спласне ситуацијата, брадавиците пак ќе ти побелат како претходно, и ќе се среди се! Само мораш да си упорна и истрајна.