Мајки дајте идеи некои за здрави оброци во тек на доење. Више не знам што да јадам, а тек смо почели.
После не знае цицка да фати. Страв ми е да не го одбијам. Претходна недела пробував, после не знаеше да влече.
Значи се шекнав, ќе почнам со ѕидови да зборам веќе. Трет ден како бара само да цица, пресушив ама буквално. Ќе се стави на цицка и не мрда, пуни пелени ама ја све мислам дека пресушувам ако не од друго од неа. Почнав со пумпање сабајле зашто тоа време ќе се изнаголта и ќе заспие не ги празни скроз, така вадам и до 200 мл ама еве ја 2 сати како дреме на града и не можам да ја тргнам. Мислам цица во празно, ама устата и се бели и голта. Кажувајте искуства и утеха. Да не е тој скок во развој? 22 дена е. Таман се научи да спие навечер, сега ова со целодневно цицање ќе ме поремети да немам други обврски нека седи ама цела куќа на мене е. Плус мислам све дека е гладна.
Мајки дали јадете риба? Мене ми рекоа да избегнувам заради доењето поготово туна. Сега веќе сме 8м па ме интересира дали може да почнам со риба или се дур дојам да избегнувам?
@Autumn Love @Bibi_23 вчера со силиконски и нон стоп ланолин, денес еве полесно е. Бебуш за 11дена накачил 600гр, педијатар рече одлично е. Е сега ме буни што еднаш дневно има малку зеленко во каката, а тоа било зашто било гладен некој саат претходно. И ништо не ми јасно - ем напредува повеќе, ем гладен. Ако пијам сега кафе, кофеинот до кога ќе се излачува во млекото?
Ја немам со брадавиците проблем, со неа имам само. Не знам што цица веќе по 2 сати и пауза ќе направи пола сат и пак исто. Колку пати дневно ти кака? Мојава ќе прдне ќе де усере, инаку саглам пуни по 4 пелени дневно. Дури следен петок сме на контрола, ќе се шекнам до тогаш.
Aj да се пожалам и јас и ве молам за мислење. Значи вака. На 11.08 бебе имаше 2960. Во меѓувреме цицаше плус и дохрана. Дохраната за жал се зголемуваше затоа што не издржуваше 3 часа плачеше за јадење. Со пумпа молзам само 30 мл и да свесна сум дека тоа е премалку. Кога додавам ад секогаш сметам дека тие 30 мл ги исцицува од мене. На 30.08 3700 беше килажата што за 20 дена е супер. Последниве неколку дена како гладен да е порано од 3 часа. 60 мл пие ад кога цица, кога не цица(ако имам обврски надвор) пие 90. Можно ли е да му е малку? Задутре правиме 40 дена. Да напоменам дека не секој подој е гладен пред три часа, туку само понекогаш обично попладне. Не ми е проблем млекото јас и би му зголемила ад ама не сакам сосила да му се прошири желудничето Немам памет
Моево гледам пие по 120 до 150. Не форсирам, него некогаш гледам дека бара. Некогаш и 90 само. Сум приметила ако ноќе цица послабо, дење бара поголема количина млеко. И обратно.
На секое преслекување има и кака. Еве дневно по 7-8 преслекувања имаме. Ем ќе го расоблечам и ќе е укакан и мочкан, па ќе измиеме газе и дури ставам нов памперс и крема тррррт се навраќа на уште едно докакување.
Јас знам дека се над 20мин е лигавење. Е моево релативно брзо се трга, ама веднаш и бргу пак бара. А града како знаете кога да смените?