Да се приклучам и јас во групава како тазе мама Цуцка моја е 4 дена стара и утре не пуштаат дома и сега може да замислете милион дилеми како што ќе биде, прво дете ми е Почна да цица и тоа убаво а и мене ми дојде млеко, тука ме советуваат ако и давам дома дохрана во шише и цуцла калма од медела да биде, затоа што најмалку течела цуцлата, а јас купив авент стакленото. Ми викаат за да не се навикне на шише за да продужи да цица тоа било најприближно на цице. Какво искуство имате со авентот течи многу при пиење и дали се десило така да се навикне на него и да неќе да цица после?
Честитки, да сте живи и здрави и вечно да си се радувате Зависи од дете до дете, некое пие од сите шишиња и чаши и пак цица, а некое еднаш ќе фати шише и нејќе после да цица. Мене Авентот ми е океј, го користиме 1 шишето, за вода. Медела немам користено
@Cloverrrr ако трга убаво и имаш млеко јас не би давала дома ад. На мојата ни во болница не и даваа штом почна да трга од вториот ден, оставија да ми дојде мене убаво зошто тргаше од првиот пат ко ја ставив на гради. Градите ќе почнат да создаваат млеко колку што треба, само ставај ја често и секогаш кога ќе бара, без разлика на саат.
Фала ти мила Тоа знам сите го фалеа и сега во болницава ова ко ми рекоа и се збунив сега што да праам.
Убаво си фаќа ама они ми викаат као за секој случај ако треба дохрана да и дадам. Иначе за млеко убаво тече се надевам нема да треба да и давам дохрана. Така ми рекоа преку ден кога и да побара, а навечер повеќе од 2 саати да не ја оставам нејадена ако е на мајчино само.
Јас уште не сум за во групава, ама се приклучив за да се спремам и да знам што ме чека. Авент стаклено земав и јас и што ми текна го тестирав, го наполнив со вода и го свртев да видам дали ке тече и тече, не сега ептен ама капе. Внука ми е со медела, ниту капе ниту тече и плус цица цело време, не се одвикна од цицање. Така да мислам дека се во право.
Знам иста бев. Трчав одма да купам кога се вративме дома. Не мораш да купуваш ако веќе имаш шише дома. Штом бебе цица, шишето би го користела ретко, само по потреба.
Јас 3 купив Ако треба често да пие од шише ондак би зела калма, ама за секој случај може баш било какво, авентот е сосем ок. Инаку калмата не тече, мора да повлечеш, другиве сите капат некој помал некој поголем проток. Мора да спомнат дохрана пошто реално они не знаат како бебе би напредувало без ад, таму им даваат од шише, па нивно е да го дадат како совет, наше да оцениме дали ќе дадеме или не. После првите контроли веќе ќе знаете како терате.
Ќе видам и утре уште еднаш со докторката што ќе кажи баш. А на нив пишува во комбинсција до цицање дека може ама што знајш па како ќе реагира
Индивидуално е многу, никој не може да знае. Логично е така, од шише ако и е потешко да пие ќе сака да цица, ако и е полесно од шише ќе си бара шише. Ризик постои, ама од неколку пати јас мислам и со најголем проток на бебе да му дадеш да пие дека нема да му влијае. Ако треба почесто дохрана и комбинација со доење тогаш јас би бирала калма. Ама може да се докупи.
Ако цица немаш потреба од ад. Не купувај. Само ке ти мати памет. Можеш да измолзеш ако имаш вишок и да замрзнеш. Можеш и не мора. Мое искуство со шишња е следно: стваствен цицач од медела калма не знаеше да влече, среќа со пумпата одеше, инаку џабе пари. Кога сум излезена давав или му даваа молзено од авент стаклено. Тече колку треба. Од шише ако е мрзливо бебето има секогаш шанса да се одбие.
Инаку јас не сум задоволна од Калмата. После неколку користења ми се расипа механизмот и само си течеше. Купив нова, пак истото. А воопшто не е ефтина.
Да секако. Само кажувам искуство од сестра ми, не и даваа АД, ама имаше многу млеко, направи хиперлактација и навечер некогаш/ почесто и даваа од шише, за да не ја дои, и баш им се погоди медела. У секој случај може и накнадно да се купи, се сложувам.
Мене ад ме спаси кога си дојдов дома. Не можеше да фати града од што беше пуна и тврда, вриштеше за јадење, тргнав во болница да се враќам, а само што ме испуштија. Среќа маж ми е прибран па и направи и тоа беше едино ад што го испи и стално си имам за сваки случај. Тогаш немаше шанса да чекам да иде во аптека да купува. После дојде Јасна па ме среди инаку ќе терав пат назад.
Мајкава кажа дека бебе цица. И тоа убаво. Во случај како твојот не се препорачува ад, туку да измолзеш додека да омекне и така на омекната града да понудиш. Ако не сака молзеното со шприц. За нареден подој да измолзеш и да понудиш града пред да почне да плаче од глад. Така посмирено ке прифати и ти нема да си во паника од бебе кое вришти. Јас не би дала ад на бебе кое веќе фатило да цица.