1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дождлив ден...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од 2468, 10 ноември 2010.

  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Да. Дождлив ден... :rain:
    Често знаеме да прокоментираме за нашето расположение кога ќе заврне...
    Како се чувствувате тогаш? Го сакате ли? Зошто? Што правите, што сакате да правите додека ги слушате капките како паѓаат?

    Оскрено јас, вака, така... Го сакам дождот. Можеби буди чувство на меланхоличност и тмурност... Но убаво се чувствувам додека слушам како полека си врне, и капе по настрешниците.
    Кога врне, нормално дека не излегувам од дома, :lol: освен ако не е нешто итно, или ме фати на пола пат, без чадор |( .
    Кога сум дома и кога врне, најубаво ми е да седам под ќебенце, да гледам добро филмче и да грицкам нешто, нормално со дечко ми :$ .
    А ептен сакам да се истрчам на дожд, абе цела да прекиснам :D
    Баш пред некое време со дечко ми ова го правевме муабет. И на наредниот дожд се договоривме, да испаднеме и да одиме надвор од градот, на некое повисоко место... И да настиниме мокрејќи се :D
    се надевам дека ќе го изреализираме... :wasntme:
     
    На sevall-27, tina-63, WeHeartIt и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    На дождлив ден би спиела и би водела љубов. Едно од овие две нешта. Штета денес, ринтав ко коњ и ништо не бидна :(
     
    На elimkd, ennas, tina-63 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Добро филмче и тој до мене... Па после најавната шпица, филмот на пауза и еден добар секс. ;) Па после не мора ни филм да гледаме :D
     
    На iloveyou29, Lana del Rey, thegirl2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    мразам дожд |(
    мразам водено, мразам чадори, мразам испрскани хулахопки, мразам дебели алишта.
    еве цел ден намќор сум буквално, не ми се зборнува и наоштрена сум за кавга.
    да можам, цел ден ќе го преседам дома, на топличко по пижамчиња и една ТОЛКАВА шоља какао то 5 лајчиња шекер.
     
    На shururup му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    I'm in love with the rain.
    Сакам да врне, сакам да слушам кога врне, сакам да ги следам капките дожд по прозорецот, сакам кога се рефлектира светлината од уличните светилки по водениот асфалт, сакам кога автомобилите се така секси кога се со крупни капки по стаклата, сакам кога мириса на дожд, сакам да стојам на дожд, сакам да се бакнувам на дожд. Сакам утринско будење со капки дожд, сакам заспивање со капки дожд. Можам цел ден да гледам како врне, кога е врнежливо не носам чадор, сакам косата да ми се лепи по лицето, сакам да се гледам на вирчињата по раскопаните и несредени улици.
    Го сакам дождот во секое годишно време, со секој свој посебен мирис и посебна приказна.
     
    На LadyN и G.ELIZABETA им се допаѓа ова.
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Одма за сексот се фаќаме :D
    Се извинувам што го изоставив важното дејство :bow:
    Ама, еве јасно и гласно го потенцирам И СЕКС, секако :D
     
  7. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    367
    Убаво ми е додека врне јас да си нанкам. Понекогаш и сакам да шеткам на дожд, воопшто не ми смета дали ќе сум се испрскала или не (ионака нема да бидам само јас ;) ), но некогаш на такво време знам да бидам голем намќор. :)
     
    На tina-63 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Обожавам јас да си легнам а надвор силно врне, ммммммм приспивна... не ми пречи ни тмурното време (потполно би ми одговарала Англија).Ништо не ми пречи во врска со него, освен ако ми пропуштат некои чевли ете мразам да одам со водени нозе. Ме смирува дождот како терапија ми е :)
     
    На G.ELIZABETA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ivana--aerodrom

    ivana--aerodrom Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    1.039
    На дождливо време или би спиела или би гледала некој добар филм ;)
     
  10. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Велат дождливите денови биле најромантични за водење љубов.Па може да се каже дека е така има ли нешто поубаво надвор врне,истура а внатре топол кревет,партнерот со нас и што друго преостанува освен љубење цел ден.
    Инаку сакам дождливо време,ама дома да сум,да не треба да одам некаде и да имам обврски.Може да се чита книга,да се гледа филм...има милион работи што може да прават.
    Еве овие 2-3 дена е така дождливо времето па освен што седам на фемина,читам книга и секако кога е дечко ми е тука водиме љубов,што убаво нели? ;)
     
    На gami му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Абе супер си е дождот, само да не е во комбинација со ветер.
     
    На gami му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    На дождливо време, ептен сакам да ми крчка нешто на шпорет. :lol:
    Мене не ми влијае времето никогаш на расположение, а најмногу сакам кога истура онака баш како од дупнато.
    Тогаш добивам желба да излезам само по маичка (wet t-shirt party :clap: ), буквално да танцувам на дождот, да накиснам и да си дојдам дома.
    И така мокра :P сакам да имам секс, а после да си апнам од тоа што ми крчкало на шпоретот.

    Кога врне обично читам некоја книга, гледам серии, го прередувам шкафот или едноставно зјапам низ прозорецот, така до недоглед. Си уживам.
    А најмногу сакам да готвам. Со убаво музиче.
    :)
    Сакам дожд, убаво е кога врне, после мириса на чисто.
     
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    и мене не ми влијае времето на расположение...па и дождот е даден од Господ :)
    кога врне сакам да сум некаде на кафе (со љубовта) да си уживкаме и да гледаме како врне или па да водиме љубов претходно зачинета со романтична вечера-свеќи, тестенини, вино...ммммм
     
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Tоп тема :) кога врне некако се чуствувам тмурно, меланхолично и тажно и ако сум сама дома, баш неодамна се деси и врнеше а беше стемнето ама не сосем, го изгасив светлото во соба си седнав до печката и си размислував, се потсетував на некои стари спомени, убави и тажни. кога врне некако ко да немам друго што да правам и си размислувам за минатото. а и сама бев дома и топ беше :) го сакам дождот, ама неќам кога врне ептен а ја носам на пример ќеси, ранци, јакни и слични тракатанци и одозгора чадорот |( сакам некад да истрчам на дождот, без ништо, без чадор и без грижи дали ќе ми викаат од дома или дали ќе ме утепаат, дали ке се разболам, да трчам да скокам да играм да се радувам, да плачам. абее што сакам да праваам :D исто убаво е да си легнеш под ќебенце на топло и да си читаш некоја интересна книга и да ти свири тивка музика или така нешто да праиш нешто што те интересира, ама да си сам дома. :D сакам некад коа ке врне да си ја земам тетратката ( шо све нема у нејзе. ) да си пишам некој расказ, песна, да препишам од негде квоти, да си пишувам текстови од некои песни, тогаш имам најголема инспирација ама до сеа не сум направила така, или не сум била сама дома или сум имала некоја др работа. |( и штета што некои немаат голема фантазија и какви се чуства може да побуди дождот во тебе, да те инспирира и да се чувствувааш преубаво, долга и темна ноќ, сам си дома, надвор дожд, внатре тивка музика и се ствара атмосвера за се. иако некад знае да те изнервира и жив те намокри на сред пат а немаш чадор и брзаш негде на некое важно место, сепак и дождот знае да биде магичен иако изгледа толку обичен, тмурен...и влажен :rofl: уживајте во него. :)
     
    На blackup му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    На дождлив летен ден, сакам да трчам по вировите, да накиснам, цела да сум мокра. Сакам да играм на дождот, да се смеам, да рипам. Или пак сакам да се скријам во некое тунелче и да ги надбљудувам луѓето кои избезумено трчаат за да не накиснат. Сакам да го слушам звукот на силниот пороен дожд.

    На дождлив есенски ден сакам да сум дома. Сакам да ги слушам повторно истите капки се додека не ми здосади. Потоа сакам да си ги обујам гумените весели чизмичиња, да го облечам палтото, да го земам шарениот чадор и да шетам по накиснатите шарени лисја во паркот. Сакам да чкрапам со фотоапаратот кога врне. Да документирам осамени кучиња со нивните осамени газди, осамени маси, столчиња, и други реквизити кои биле во употреба во летниот период но никој сеуште немал време или пак воља да ги раскрене.
    Сакам да шетам низ улиците и да ги замислувам луѓето како се среќни, дома, сокриени од дождот, шмугнати под некое ќебенце. Дедото на внуката и чита прикаски додека бабата го готви неделниот ручек. Мама со тато пред тв решаваат крстозбори. Дечко и девојка кршат рекорди во маратонски секс... во моите фантазии нема место за несреќни луѓе колку и да е меланхоличен и тажен дождот.

    На дождлив ден во зима кога надвор е минус, не излегувам! Доста ми беше еднаш што се лизнав и паднав па не можев да седам со недели. Од тогаш ми е фобија кога ќе чујам дека надвор врне а термометарот покажува степени под нулата.

    На дождлив ден на пролет, се радувам како мало дете. Алергична сум на полен. Дожд на пролет - слобода на моите дишни патишта. 1:1 природо!
     
    На blackup, SweetCandy, Offspring и 3 други им се допаѓа ова.
  16. anonimnabt

    anonimnabt Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Во принцип многу го сакам ваквото време под услов да не треба нигде да одам и само да си седам дома и да си уживам =) и мене цела таа ситуација не ме наведва толку на секс колку само на лежење и уживање во прегратката на саканиот =P ....звучам многу романтично?
    искрено и не сум, сега вака зборам а да ми е сега до мене нека врни нека вее нека роси надвор, јас секс ќе имам =)
    инаку не многу често али сепак ми се случва да влијае негативно на мене ко ќе е врнежливо ако цел ден сум излезена и одам ваму таму, место да си седам дома на топло и да си пијам нескафе и да си гледам некое добро филмче=)
     
  17. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Дождлив ден секогаш ми текнува на првпат кога за озбилно се скарав со дечко ми, за малку ќе раскиневме....Знам дека излегов од кај него нервозна и си идам ја така по патот за накај дома...и некој почнува да вика Квиииин застании...се вртам го гледам дечко ми трча позади мене и ја онака у стил му се вртам што па сега сакаш... :$ Кога дојдее до мене, ме зема така убаво во раце, ме гушна најсилно....од радост и од нервоза ми потекоа солзи и гледам и на него ( не е лигуш, ама прва караница озбилна ни беше ) иии кога оддеднаш почна да врне....Капките дожд паѓаа нежно врз нас...а ние се гушкаме и плачеме...и така натопени од дождот дома и помирувачки секс :tmi: :$
    И секогаш кога ќе се скаравем бајагички, по некоја логика или не знам што беше ( можеби и само случајност ) заврнуваше дожд....и секогаш си викавме небото плаче за нас :$

    Го сакам дождливиот ден, смирувачки делува на мене...ама не сакам да сум сама на тој ден.... :!:
    Сакам кога врне и истура надвор а ја дома заедно со дечко ми се љубиме...ммм
    Сакам да излезам надвор и да трчам на дождот ( па не сум шеќер, нема да се стопам ) и така намокрена да имам СЕКС....колку сексии изгледаа...ммм :inlove:
    Го сакам и воздухот после дождот, преубаво мироса...чисто, свежо, оладено....
    Романтика на дождот.....

    П.С: Убиќе ме романтика :lol:
     
    На SweetCandy, blueeparadise, 2468 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.570
    Пол:
    Женски
    Верувам дека сум единствена која на дожд шета без чадор. Ме исполнува, ми ја буди фантазијата. Не ми е грижа ни дали ќе се натопам или косата ќе ми се растури. Вдишувањето на свежиот воздух знае да ме насмее и да ме расположи.
    Кога сум дома пуштам музика, седнувам покрај прозорец и уживам во глетката. Собата ми е покрај улица, па ги гледам луѓето како трчаат накај дома, некои со чадори, не кои со кеси на глави. Знам и да седнам со моите, едно кафе или чај и долги разговори.
    Сакам и кога сум со дечко ми. Кога сме надвор се смееме и вриштиме на времето, трчаме натака-навака. Кога сме по дома лежиме прегрнати и грицкаме нешто. Спиеме или се љубиме. Често и двајцата застануваме до прозор бидејќи е на 8 кат и уживаме во глетката. Знаеме и да се насмееме кога би се земале некогаш и ако правиме свадба сакаме да врне.
    Дождот секогаш не потсеќа и на денот кога се запознавме, кога прв пат имавме секс, кога прв пат раскинавме.
     
    На Queen.S му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Дожд, го сакам. Тивка музика и кулирам. Добро де понекад и ронам крокодилски солзи. Но, и времето е такво, тажно. Го мразам, само зошто ако не се решам да излезам сама, тешко дека ќе најдам друштво. А некогаш ми е и романтично.
    Еве, што напишав пред некое време..Инспирирана од романтиката на дождливиот ден.

    Дожд!!!!

    Ја слушам музиката на дождот,

    ноќва свири само за нас.

    Тука си, до мене.

    Повторно можам да ги вкусам

    твоите бакнежи….

    Го гледам танцот на дождовните капки,

    ноќва нека танцуваат за нас.

    Ме прегрнуваш, со топлина го облеваш моето тело…

    Не дозволувај дождот да ја избрише оваа ноќ.

    Иако знам дека утре пак

    ќе се разбудам без тебе

    Знај, ти си секогаш тука некаде

    блиску до мене.
     
  20. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Сакам да спијам во топло, слушајќи ги капките како се одбиваат од олуците.
    Приспивна песна. :D