Јас пак не сакам многу дожд.Дури кога врне неможам да спијам Инаку бидејки е многу топло мора да заврне Инаку каде врне,тука нема ништо,само наоблачено
Ах и јас мојот сон...да живеам во Лондон. Сакам дожд, сакам облаци...го обожавам она пригушено сонце. Уживам во тоа време.... Еx како не сум се родила Англичанка, хаха
Мирисот е преубав, дождот е тивок, денес е прекрасно.... Само временскиве промени не ми пријаат баш, па нека биде цело време само вака!
Некогаш одлично ми доаѓа дождот, но мразам кога врне без прекин по 2-3 дена. Во секој случај убаво е да има дожд после долго, топло и жешко лето. Малку да ми се средат мислите и главата да ми се избистри. Нека дождот ги измие валканите мисли во мојава глава. Во чест на дождот. http://www.youtube.com/watch?v=SmM0653YvXU
сакам дожд, сакам дождлив ден...некаде седната на кафенце со другарки...собиранка на некоја тераса ако не е ладно...навечер гушкање со љубовта додека надвор врне ...а и прави добра атмосфера за читање книга
Баш ми е убаво кога врне дожд, онака фино. Ми внесува некоја позитивна енергија, како некој благослов... Сакам кога врне да прошетам малку, да го осетам дождот, а и да гледам некој прекрасен филм (во друштво на ).
Обожавам дожд-ама само кога сум дома. Многумина ми имаат искоментирано-мора да си луда ,чим сакаш дожд,кога е таков депресивен,а гледам дека не сум единствена обожавателка на дождлив ден. Само нека не грми Секогаш кога е дождливо,притисокот ми е неподносливо низок,па најчесто си лежам,со таква голема мрза,пред компјутер или тв,со чаша кафе,капучино,чај,какао....било што да е,само да е нешто топло да ми иде уз атмосферата со топло ќебенце
Мх и јас обожавам дождливо време,така кога е депресивно и ми е најубаво да си бидам дома,до мојот сакан,да се топлиме заедно,ммхххх
Го сакам денешниов дождлив ден,стуткана под топлото ќебенце,ми фалат само уште грицки и би било совршено.
Иако сум несватено од околината, јас го сакам тмурното време во комбинација со дожд. И не за џабе викам дека со климата сум само за во Лондон.
Уживам да врне дожд но да сум дома да си лежам,ама кога сум наработа како сега сега не ми е баш по воља
Значи ти се плукнам во времево. Колку сакав да си излезам да се прошетам, да си се облечеш онака слабичко, си се шеткаш на убаво временце... Мразам да седам дома по цел ден , ух.
Цел ден се излежавам под топло ќебе и голема чаша какао А порачки имам еден куп и тоа сето морам да го завршам до Понеделнк
Добро утро феминки... Се преспав ми се чини времево е совршено за излежување,одмарање,слушање евергрини... И да,еден од убавите денови во месецот,конечно вечер ќе го пречекам љубениот
Па да, денес е еден доолг и дождлив ден... Го сакам дождот, ама кога седам дома и гледам како надвор врне, а пак од друга страна многу ме прави поспана,мрзлива, се ми е досадно.Ама не и денес.Едвај се шмугнав да седнам на фемина, имам мноогу за учење .Татко ми искочи надвор а јас со изговор дека ке седам да барам нешто за во школо на интернет уклучив фемина. Па така да го слушам се врака, чао , поздрав и блазе си ви на вас кои сте слободни и можете да дремнете на тмурново време
^^ Руби не си единствена. Лондон ми е живот, она тмурно и врнежливо време. Сите ми се чудат кога им викам дека сакам да студирам во Лондон. Ми викаат будала си, па оди негде кај што е топло и убаво чим сакаш да одиш надвор од Македонија, ама не бре луѓе јас си го сакам Лондон и неговото време . А дождот, просто го обожавам. Ми дава спокојство, ми дава инспирација. Можам сега да седнам и цела книга да напишам (за жал морам да учам). А и да ви кажам многу поубаво учам кога гледам дека надвор е тмурно времето и не е за шетање, абре мераци што да ви кажувам