Дождот..Хмм,го обожавам.Еве денес цел ден си врне надвор.Кога врне дождот можеш да плачеш без никој да те слушне. Си седнуваш покрај огнот,пиеш топло чајче,читаш добра книга и се опушташ посебно на ден како денес викенд-недела
Се согалсувам со тебе! На дождлив ден, спиење, секс, јадење, скопање и лумпување по дома (пеење и сл.), филм... и друго
Дождот го сакам само кога сум на суво. Онака си лежиш на топло, си гледаш убаво филмче со топло чајче в рака.. Или пак да спиеш додека врне
мене најмногу ми се допаѓа кога врне да седам до прозорецот, да ги гледам дождовните капки. Исто сакам да спијам додека врне. Од свој аспект кажувам, кога ќе се разбудам на дождливо време сум посвежа.
Воопшто не сакам дожд но понекогаш ми е убаво кога врне тивко, смирено со мали грмотевици.Тогаш седнувам покрај прозорецот и го гледам дождот размислувам и слушам некоја смирена песна која што ме опушта
Го сакам дождот. Ме инспирира да пишувам нешто. Што и да е, да се чкрапа по тетратка. Обожавам да си седам до прозорецот, пиејќи си кафенце, со цигара, гледајќи ги дождовните капки како се спуштаат надолу по рамката на прозорецот, мислејќи на дечко ми. Прекрасно чувство. Ритуал ми стана (особено во дождовните денови) откога ќе си го допијам кафето да му се јавам, и да праиме долг муабет, со саати. Да го потсетувам на летово што измина, на сите прекрасни спомени кои ми ги подари... Додека надвор врне дожд, а времето се повеќе и повеќе заладува, се присетувам со носталгија за изминатите топли денови поминати во неговата прегратка. Можеби студеното време ме тера да се потсетувам на топлите денови, што знам?
Понекогаш знае да ме заболи главата, заради промена на време Ама тоа е Јас не го сакам дождот многу, сепак многу ми е убаво кога врне ама сум дома, топло.. Работам на компјутер, гледам телевизија А мразам многу кога ќе одам некаде и наеднаш ќе ми заврне а во моментот немам чадор
Јас и го сакам,но и не го сакам дождот. Го сакам бидејќи ми се допаѓа атмосферата,односно кога е потемно и дома си уживкам со чај/кафе и некоја добра книга,додека врне,зошто е мирно и релаксирачко. Не го сакам бидејќи (пример) сум изпланирала со другарки да излеземе и ќе заврне и планот ни е уништен.Или пак требаше со друштвото да одиме на роденден и врнеше а ние сите со чадорите,подароците и плус тортата во раце(која ние ѝ ја купивме на славеничката).
Кога врни дожд обично си набљудувам од прозорецот го слушам звукот на капките го следам секое нивно движење , некогаш излегувам надвор како палаво детенце на дождот да си потрчкам .. и го сакам мирисот после дожд.