Повторно завлдаеа немирното време во Македонија.Дожд! Облачното време знае често да ми влиае врз моето расположение,но се трудам да го скријам тоа колку што можам повеке.Честопати ми успева...но понекогаш знам и да направам пропусти.А...знам и да уживам во дождот...ги дигам ролетните,топло чоколадо добро филмче (романтика) и знае да биде и СОВРШЕНО.
Уф... најмногу го сакам дождот. Не ме напаѓа некоја депресија, баш напротив, ми дава смирение и преубаво се чувствувам. Само не сакам да биде пропратен со грмотевици, така се губи она романтичното. Ме преовладува чувство на топлина, дом, љубов, семејство. Сакам да врне, а јас да сум кај дечко ми и да си седиме заедно да гледаме некој филм, да јадеме пуканки и да слушаме како капките удираат на прозорците. А кога сум дома обично читам книга. Многу сакав порано кога ќе си легнев да спијам, а дождот го слушам надвор, преубаво чувство. Само сега откако ги сменивме прозорците дома, ништо не се слуша. Добар механизам имаат ама па ги мразам затоа што неможам ништо да слушнам. И секогаш размислувам за луѓето кои немаат дом, што прават во тој момент, каде се кријат, како се заштитуваат. А да, го сакам мирисот на дожд во лето. Мммм... прекрасно е.
Многу го сакам дождот, посебно летниот.. прошетки и трчање по дожд обожавам или пак си седнам на терасата и уживам
Многу ги сакам дождливите денови. Чувството кога врне во онаа доцна есен е неопишливо. Најубаво ми е во такво време кога сум под кебе и се топлам, а надвор врне. Или, пак надвор врне, а јас во топлиот дом учам или читам некоја добра книга. А, дожд во лето и не сакам баш
Има ли нешто поубаво од дождод?Нема секако.Колку е убаво кога врне,кога капки удираат по прозорците,кога сум дома тоа време,со шолја чај во дланките,покриена со моето најмекичко ќебенце,читам книга или гледам телевизија.Чувството е прекрасно,величенствено.Најрасположена сум кога врне дожд
Ептен ме опушта и сакам само да сум си дома. Да си читам на раат, да си направам кафе или да спијам, освен ако немам милијарда обврски... А подобра атмосфера за секс додека надвор врне има ли? После дождот сакам да прошетам, најубаво е времето тогаш некако ептен на свежо и чисто мириса воздухот.
Го сакам дождот (само не оној кој е проследен со грмотевици), сакам да сум дома во тој момент да гледам некој добар филм. Иако тера таквото време на спиење, не сакам да спијам! Сакам да го слушам дождот. Сакам и да сум надвор за време на дожд, немам проблем да накиснам
го сакам ми буди смирувачко чувство ама коа сум дома и од прозорче глеам како врне читкам книгичка или си лежам а надвор коа треба да се движам низ дождот епа баш и малце не го сакам
Генерално не го сакам дождот,иако понекогаш знае да ми разбуди убави чувства! Го сакам исклучиво кога сум дома,па нека врне колку сака а ја да си бидам под ќебенце,со топло чајче,филмче или книга и да ги слушам капките како паѓаат... Дождот ме тера многу на размислување,знае да ми донесе тага и меланхолија..Сакам понекогаш и на дожд па прошетам,особено во парк на есен кога лисјата се испопаѓани и да уживам во таа палета на бои пропратена со мирис на дождец...