Изгледа ќе врне,обично сакам да го поминам до книга,која ме фрла во исчекување,кафе,црно,покрај прозорецот,сонувам за покровје перничиња мирис на кафе,љубовта моја и брзброј книги.
Дождлив ден убав ден, време за романтика , уште да си го имав мечето до мене да си го гушкав ко некогаш...
Јас обожавам кога врне. Обично или читам книга и пијам кафе, или си гледам слики на Tumblr од есен, кафе, дожд... така додека ги слушам капките како тропкаат по олуците.
Дождлив ден ми годи единствено кога можам да седам дома во кревет додека ми се врти во главата од нискиот притисок. Вака кога треба да обавувам обврски низ град ми е чувај Боже.
Дождот го сакам само во летниот период, тогаш обавезно излегувам за да се разладам без да се грижам дали ќе настинам–сепак летен дождец е
Ајде малку да живне темава. Бидејќи јас го обожавам дождот решив да прочитам нешто за него и случајно наидов овде и забележав дека не сум единствена која сака дожд, што ме прави многу среќна. Кога ќе кажам на некој дека обожавам дожд и дека сакам да врне по цели денови, и да грме луѓето секогаш ме гледат зачудено. Ама тоа сум јас мора некој да биде поразличен од другите. Ајде пишете нешто интересно што ви се има случено на дожд.
Јас пак , не го сакам многу дождот , особено ако треба да се завршуваат обврски а кога сум дома , тогаш сакам да гледам кога врне , ми ги буди спомените од некое далечно време , кога бев дете и најчесто пролетните и летните дождови ги поминував надвор играјќи монопол , не лути се човече , карти .. заедно со пријателите од детството
Спијам кога врне. Низок притисок, депресивен ден.. Уште па ако ми начнат болни теми...е готово.. си викам, како не го преспав цел ден
И јас ќе се откажував од кафе,ама не се може,па на ваков ден ич од ич. Ах те разбирам потполно како си.
Не сакам дожд воопшто ама некако романтично е. Ако не со партнерот тогаш кафенце/чај на есен и книга на тераса или покрај прозор