Обожавам дожд,ми буди неверојатни чуства, кога сум сама а е есен сакам да седам покрај прозорецот и да гледам како врне да читам книга и пијам кафе,чајче. Кога е лето сакам да сум надвор и да киснам на дожд уживам во ова. Кога сум со маже да водиме љубов или едноставно прегрнати да гледаме како врне,а звукот е моја релакс терапија.
Боже дај им сила на луѓето полесно да ги поминат овие моменти и чувај ги сите луѓе од несреќи предизвикани од природните непогоди.
После пеколни горештини, кога ќе заврне интензивен дожд, ќе паднат температурите малку и ќе освежи, убавина.
Не сакам дожд, ме прави мрзлива, потиштена и безволна. Буквално не ми се прави ништо тогаш. Ако не морам да излегувам никаде се поднесува, инаку преферирам сонце, ведро небо и високи температури.
Мене ми е најтешко кога времето се мачи да се расипе и не успева, ни ваму ни таму. А штом еднаш се расипе сум во екстра муд. Колку повеќе дожд, толку подобро.
Обожавам дожд, на дожд сум и родена. Само тогаш сакам да сум легната под ќебе а надвор да биде ладничко, со омилениот мој чај од нане, лимон и мед и секако или добра серија или книга.
Кога душата ти е полна, секој ден е убав, па и најдождливиот . Обожавам да шетам по дожд, со чадорче . Сакам дождлив ден, но не и дождливи денови, кои немаат крај и траат со недели.
И јас многу обожавам дожд. Поготово кога ќе седнам пред прозор и гледам како врне, не мислам на ништо уживам во тоа, моментот е непроценлив
Денес ама се преплашив од грмењетосе надевам ќе се оправи ова времево па ќе можам да излегувам надвор да се шеткам