Идејќи накај работа дождот добро ме накисна. Уф што немам сега резервни пантолони, се сушам на парното
Не сакам дожд воопшто, депресивно ми е ептен. Цел ден сум ко некој намќор и не зборувам со никој многу многу
Ете го пак дождов на мој ден ( судбина или случајност )....не можев да излезам а е треба да почнам да се спремам Ви викам ја има нешто со мене дождов......
Ич го нејќам,ама денес за чудо го сакам,пошто учам,а утре више кога ќе завршам со полагања,може да почне времево да размислува за подобрување
Кога врне сакам само да спијам. Многу е приспивно кога слушаш како врне. Мразам кога треба да излезам во сред дожд и да ме направи лом па после треба да се сушиш
Сакам кога врне дожд и немам обврски и мајка ми да не е дома. Обожавам да шетам по дожд без чадор. Кога е мајка ми дома обавезно со чадорот треба да излезам. Чадор носам кога имам ранец на пример или пак нешто друго што не треба да е наврнато. Сакам да спијам кога врне, но има една лимен така наречена правоаголник кој се наоѓа на аголот од влезот и е одма карши мојот прозор. Кога врне и кога спијам капките кои паѓаат т.с. се тркалаат по тој правоаголник и ме будат, но тоа не ме спречува да продолжам со мојот сон. Сакам додека врне, но не и после тоа кога улиците и стазите се мокри и полни со вирчиња. Треба на скекој чекор да внимавам дали во некое вирче ќе стапнам.
Јас го обожавам дождот. И снегот. Имаат посебна енергија толку смирувачка та кога врне или вее снег не можам да се одделам од прозор или тераса.Ме потсеќаат на многу убави спомени и нешта.Едноставно чуда на природата.
дождлив ден е нешто што најмногу мразам на свет,депресија,нервоза,мрза ,сите најлоши емоции ги имам на тој ден
Во дождливите денови или сум крајно депресивна или многу мотивирана. Најчесто е второто. Седнувам во аголот на мојата соба (од таму најубаво се слуша дождот) и најчесто читам, пишувам или цртам. Често знам и да го отворам големиот прозорец доколку е летен дождец, а ако е студено седнувам на бирото и ја набљудувам секоја капка која поминува толкав пат за да се залепи на мојот прозорец. Уживам во добра музика и се релаксирам. Кога врне најубаво ми е да слушам smooth jazz, најмногу ме опушта.
Обично на дождлив ден спијам зошто тогаш многу убаво се одмарам. Посебно ако истура сите си седат дома, никој не се дере надвор, а јас имам многу бучни комшии. Ако ми е досадно, си пуштам некој филм на двд, си правам пуканки, или се лакирам
Кога врне ситно,сакам да шетам по дождот. А кога врне крупно и силно уффф е таквото време многу ме нервира,езера по улиците,недај боже да треба да излезам(а мрзам да носам кишобран).Тогаш и јас сум како и времето-депресивна и сакам само да спијам.Ништо не ми се прави тогаш,ме мрзи и немам ни сила ни воља да правам нешто.
Иако најчесто паѓам во депресии во вакви денови, ги сакам понекогаш. Спиење, одмарање дома, муабети со другарки.... и најомиленото нешто во вакво време, СЕКС! Дали има поубаво нешто на вакво време, дома топло, си уживате и се гушкате под кебенце, и после и се препуштате на страста.....мммм
На дождлив ден цело време ми се спие. И најмногу се нервирам кога ќе заврне а јас не сум зела чадор, косат ми е пеглана и после цела ќе ми се извитка, како десен на пример што ми се случи
Што дождлив беше денов... машала.. ама и јас на ваков ден најдов да акам по кафиња и со другарки да се гледам ама ако... пак беше совршено... дождлив ден, и покрај чадорчето се чувстуваш накисната... Го обожавам дождот доколку е без ветар се разбира
капка тука,капка таму,ваму пукнав мразам ДОЖД;ДОЖД кал до колена,вирчиња за бањање еден куп. нашата држава е погодена за дожд ги исполнува многуте дупки по патиштава. мразаааааааам дожд,кога ли ќе престане да врне па влечење секојдневно чадори големи,мали,шарени секакви на крај бесплатно туширање за тие кои немаат чадор,а некои попаметни и со ќесиња од џамбо на глава ги гледам,смешки но жалосно е додека си мокар целиот....
Е да ..за жал често се случува да врне за време на викенд цела недела топличко и петок кога ќе дојде дожд тоа е не треба да дозволиме времето да ни го наруши расположението!
Еве гоо..истура надвоор Јас баш и несакам мн. дожд,ама кога врне си седам така дома во топличко и не одам надвор никадее