воопшто не ги сакам дождливите денови, косата веднаш ми станува за никаде, вирчиња насекаде, мокри алишта......а па со ветар неподнослива комбинација
Сакам дожд ! Ми буди прекасни спомени , прв бакнеж , и слични ствари Кога врне добивам инспирација за се А од вирчињата сум заштитена со гумени чизми
Многу мразам кога врне а јас треба да одам негде .. А кога седам дома баш ми е убаво некако кога врне а јас да си лежам и да гледам ТВ )
Го сакам дождот кога не треба да одам никаде, туку онака да си излезам надвор и да си накиснам. Или па со некој да се шлапкаме во вирчињата како 5 годишни деца... Сакам барем еден дождлив ден да излезам надвор и да не се грижам дали носам чадор, дали ќе се намокрам или дали ќе настинам. Само да уживам во моментот не мислејќи на иднината
It's raining daaay, aleluja,its raining daaay haay haay Сакам дождови. Али секако да немам обврски, само да седам дома.. Сама. Надвор да капе, да истура, да се слушаат капките внатре. Сакам да го гледам дождот. Како го накапал мојот прозорец, надвор мрачно,и врне. А во никој случај не го сакам кога треба да искачам негде!
Дождот го сакам најмногу од се затоа што ме потсетува на мојата невозможна љубов Да го сакам дождот затоа сто дожд паѓаше кога се запознавме, дожд паѓаше кога му кажав дека сум вљубена во него и дожд паѓаше дента кога го изгубив
го обозавам дождот ми дава некоја посебна сила и енергија.......... колку и да звуци невозмозно за вас сто не го сакате
Кога врне,јас обично цмиздрам.Кога ќе го видам времето - тмурно какво што е,веднаш се присеќам на некои неубави работи што ми се случуваат и што ми се случувале и почнувааат од очињата да излегуваат едни солзи големи колку капките од дождот.Кога плаче небото,плачам и јас.Се осеќам депресивно,грдо, ама секако не се осеќам погрдо од кога има само темни облаци и студен ветер.Не го сакам ич дождов и поради тоа што кога врне поубаво не давај ми задача,сигурно нема да ја извршам.На ова време само би спиела и не би се разбудила се додека не изгрее сонце.Би го преспала тој период на дождови.
Од една страна не го сакам дождот од проста причина што некако те прави тмурен, нерасположен .. А од друга страна го сакам. Па нема ништо поубаво од спиење во топла постела, додека слушаш како надвор врне. Или пак си читкаш книга. Или пак си седиш дома со другарки, дечко, кој што си има , си гледате филмче, муабет, јадете, пиете .. милина! И многу се нервирам кога ќе ме завари дожд на сред пат. Мразам да носам чадори, воопшто не ги сакам. И кога врне си одам со капата (ако не е многу силен дожд), а ако врне силно тогаш пак не си излегувам од дома, бе! Или пак ќе се извозам со такси .
Мразам дожд, поради тоа што кога излегувам а надвор врне се направам лом (кажано на наше), истотака и поради тоа што дождот го прави денот досаден и те кара на спиење
Го сакам дождот ,го сакам дождливиот ден ,ноќ сеедно повеќе од многу убави нешта во животот. Го сакам затоа што ме тера да мислам , ми дава чувство дека не сум осамена,понекогаш чувствувам дека ме милува ,ме буди, ми дава слика за реалноста... Обожавам да водам љубов во прекрасно дождливо попладне , обожавам да читам ,обожавам да ги слушам грмотевиците и да се преправам дека се плашам ,додека се гушкам со него. Го сакам дождот толку многу ,посебно есенскиот златно-сребрен дожд кој личи на скинато герданче на есента ... Ух, сакам да се се преселам во Лондон мислам дека ќе бидам најсреќниот ситисен деар.
Кога има дожд имам самоо една желба,а тоа е да трчам по негоо...да ме направи бибичка сакааааам бакнеж на дожд се надевам еден ден ќе го добијаам
Го сакам дождот, сакам кога врне, не знам дали затоа што тогаш најубаво се (а ептен сакам да ), или затоа што во мене буди некои романтични чувства ... И баш би скала да прошетам со дечко ми кога врне (само без грмење ) и едно убаво да не наврне, па на дожд, прегратки ...
Во принцип го сакам дождот, иако знае некогаш да ме изнервира бидејќи на сред пат ќе ми заврне, јас без чадор, а брзам... но обожавам да се шетам по дожд но кога ,,послабо‘‘ врне. Исто така сакам дожд со грмотевици и светкање но ноќно време и јас дома спијам на топличко, а надвор врне ли врне