Јас искрено мразам дождливи денови!..Дождлив ден=досаден ден.Немам што да правам освен да седам на компјутер да глеам некое филмче на телевизија(ако најдам некој асален пошо у последно време ништо интересно не даваат -.-)или да спијам..
Ееееее стварно беше мо*ка ден денеска. Урина ден беше. Среќа не дуваше, затоа што таа комбинација дожд+ветер е најгрда. Не знам дали погрдо постои. Можда ако зачинеме со грмотевици. И утре ќе биде како денес... да ви кажам. За некој степен поладно, па облечете си долги ракави и палта. И чадорите да не ги заборавите, како и водоотпорни чевли. Немој да ве мамел некој старки да облечете или книга-балетанки што ќе ви се распаднат по првиот допир со дождецот. Патика со дебел гумен ѓон - ете тоа се бара. И вечерва не морате Гиге на А1 да го гледате, јас се‘ ви кажав А јас?! Па и утре како и денес ќе ширам пролет низ градов, макар и на дожд.Секако, без очила за сонце
Ситуацијава ко на филм : Си одиме од школо јас и друшката и одеднаш се истури дожд, ама буквално се истури.Ко за белја си го бев заборавила чадорот и таман видовме зелено светло се упативме со ''брзината на светлината'' и така во залет спремни да минуваме улица, кога ТАП - црвено светло. Колку и да ви звучи глупаво и селјачко, мене ми текна на песната од Цеца - проџи са мном кроз црвено , ама чичко полицаец ни дишеше у врат и така глумевме примерни девојчиња кои никако не прекршуваат правила , дури и кога дожд од кофи им се истура врз глава! Нејсе... И цел ден ми се моташе низ глава песнава од Наде-то Тале(в)ска http://www.youtube.com/watch?v=xBWiLJ6XNxs Заклучок од мојот пост - секогаш носете чадор при сомнително време хаха Спојлер (дечки, стварно не знам што ми стана денеска - до пмс-от ќе да е )
Ммм обожавам дожд,ама онака по малку да врне, не да истура и да си гледам од прозорецот како врне и да ги слушам капките како паѓаат на олуците. http://www.youtube.com/watch?v=F2Cm_4573fs
Дожддддд цел ден и цела вечер уххх колку ли мразам само кога врне, за ничто немам ќејф и цел ден дома преп компјутер и пред тв
Од секогаш сум ги сакала дождливите денови.Некако имам чувство дека градот добива посебна енергија за време на дождот, а и откако ќе престане да врне...
Последниве дождливи денови се чувствував супер депресивно и без желба за ништо. Лошо. Се надевам набрзо ќе се стабилизира времето и ќе ме поштеди од повеќе вакви денови.
ко ке врне се чуствувам ужасно поспано и уморно, не сакам да го напуштам својот кревет и сакам да спијам додека не огре сонце
значи секогаш ко ќе заврни се осеќам поспано,едноставно умирам за спиење ..така да денот го користам да си завиткам во едно топло ќебенце и да си се изнаспијаммм
Дожд.....прва асоциација ми е лошо расположение и депресија што константно ме мава кога е такво времето никакво....е сеа кога не сум депресивна и лошо расположена,па секако единствено нешто што би правела е да водам љубов и тоа целллллл....божји ден
Обожавам дожд. Прекрасно ми е. Излегувам надвор и како мало дете му се радувам И си трчкам, се смеам и си потскокнувам додека врне. Дождот ме прави среќна и задоволна
Мене дождот ме опушта.. пред некој ден кога врнеше се шетаав на дождот...нормално има последици сега сум болна ... ама ако Исто на дожд ми е многуууу убаво да спијам
не сакам дожд и еве во временската прогноза најавија дека ке врне овие денови ах времето работи против мене имав толку планови и веднаш пропаѓаат
Значи кога ќе заврне дожд немам позитивна енергија во мене.Едноставно само ми се спие и баш ништо др.
Мм, дожд. Начин на природата да ги измие улиците од сите погрешни чекори што сме ги направиле. Ми ја прочистува душата во лето, ме тера да си пукам во колено во зима.