Море нека биде вакво мутаво времево додека не ми заврши колоквиумска и испитна, барем да не жалам за пропуштеното сонце
Како се чувствувате тогаш? Тогаш се чуствувам поспано Го сакате ли? Не Зошто? Бидејки неможам да излезам надвор Што правите, што сакате да правите додека ги слушате капките како паѓаат? Уффф како што креветот ми е под прозорот си лежам си читам нешто некоја книга и така и многу ми е убаво па си заспијам така абе убаини!
Ме тера на спијање не можиш да завршиш една работа како што треба ме нервирааааа само утре да не врни, затоа што утре е најважниот ден во мојот живот За денешниов ден http://www.youtube.com/watch?v=9tio-YWTBHo
Искрено, се радувам кога врне посебно кога грми, а убаво ми е и кога снемува струја па седиме со свеќи, и додека надвор грми и истура, а капките гласно маваат по прозорите и олуците, ние сме под ќебиња и од светлината на свеќата со сенките си правиме фигури на ѕидот. Мили ми се тие моменти, за момент си одделен од светот и технологијата, и уживаш и се радуваш на тие мали работи..
мрзам неубаво време мразам кога врни мразам кога е облачно мразам кога студи...времето премногу влијае врз моето расположение
Поезија од Мика Антиќ, добра музика и моето млеко за тело од вишњи, мириси низ цела соба. Уживанции, може да врне вака со години!
Ако спијам се чувствувам најубаво на цел свет. Доколку не е ладно во соба, и да нема причина пуштам клима за повеќе да уживам на тоа дека сум си во кревет, си спијам и ич не ми е гајле. Кога сум будна веќе ми е многу намќорско расположението. Сакам да си седам на фотеља, топло облечена, со ноџињата на нешто, на пример табуретка. Книга во едното раче, чај или друг топол напиток во другото и си го живеам сонот, делумно.
Не ги сакам ваквите денови... Расположението ми е сведено на нула, немам волја и сила за ништо, сакам само да спијам. Времето многу влијае на моето расположение, затоа не сакам кога врне, тажна сум и нервозна.
Си кулирам со џез на овој дождлив ден, со ладно нес на тараса фемина и хорор романче. Секако носот ми е црвен па морам да се покријам со ќебенце. А Скопје се гуши во прашината, замаглен е, не го гледам но го чувствувам. Да дувне малку ќе се разбистри... ете сега го гледам од Ново Лисиче до Карпош исток-запад и север до СЦГ го запра дождот малку
Го обожавам дождот. Ја сакам и есента. Се чувствувам толку исполнето.. ахх. Кога врне, најчесто одам кај мене во соба, го земам компјутерот, си правам чајче, кафе или какао, седнувам на кревет и, или по форуми си чепкам или пуштам некој филм (најчесто романтичен на такво време). Втора опција е да излезам надвор и да шетам на дожд со чадорче , доколку сум во можност со личност која многу ми значи. Трета опција е со другарките да се собереме дома, на кафенце, пуканки, да муабетиме се и сешто... Ииии четврта опција е да легнам да спијам, што е исто многу убаво, но кога би требала да бирам, би избрала некоја од првите три.
Дождот ме потсеќа на нешто смирено, романтично.... Ја сакам миризбата на дожд и сакам да гледам како врне....,а неостварена желба ми е бакнување на дожд
Ако немам некој посебен план кој што треба да го завршам надвор од дома, дождот е феноменален за одмор, релаксација.. Но, ако имам.. па да се влечкам по дожд и тмурно време, нема шанси. Врнење, грмење, гушнати со партнерот, фрц-прц.. ДА ДА ДА..
Го сакам дождот освен ако не е пропратен со ветер или грмотевици. Обожавам да си седам на тераса со книга и кафе или да ги гледам луѓето како трчаат по дома на дождливото време. Сакам да си седам и на компјутер со кафенце и најубавото да спијам додека врне кое го правам само долколку кога врне грми или има силен ветер и ми врне накај тераса па неможам да седам надвор. Интересно ми е и кога си седам на часови а надвор се истура, па сакам и кога си шеткам по дожд со чадор иако косата ќе ми стане був