мм многу сакам вакви денови... седам на пс и глеам некој филм, ама често се случува ради грмотевици да снема струја, е тогаш нема да верувате обожувам да седам на едно место и да се зверам у некое ќоше онака опуштено и изолирано од се и сешто
Имам пишано на темава, ама пак сакам да си кажам. Ми се чудат луѓево кога ќе речам дека се расположувам на вакво време. Е аман бе. Есен.. најубаво ми е мене. Бидете вие намуртени цели три-четири месеци, јас ќе си уживам. И, извинете ме, ама морам со вас да ги споделам овие убавини. Спојлер
Во теорија, да, обожавам дождливи денови, денови кога сум најмотивирана, креативноста ми е на највисоко ниво, смирена сум, се ми е на место. Таквото време ми е еднакво со карактерот. Есента како есен е магична, толку бои, толку емоции, љубов, романтика.. Го има тоа нешто. Без разлика дали имам за учење, или легам покриена со омилената фротирка, црткам нешто по тетратките, пишувам приказни на блог ( чија тема е пак: есен. ), што и да правам го правам со задоволство. Можеби ситница но звукот од дождот е едно од малите нешта кои ме исполнуваат. И мирисот на влажна земја и лисја и.. Е сега, пракса. Се убаво како што кажав погоре, ама моментот кога се враќам од факултет натоварена, во рака најлон со мантил и практикум од 300 страни, плус уште некоја книга што не ми ја бере во чанта, па некако давам се од себе да го држам чадорот над глава да не наврнам, па тоа косата залепена за врат, па чорапите мокри.. Па да ти е*ам и дождот и се. Тоа е. И најубавите работи некогаш се премногу.
Па вака, зависи прво дали е лето или зима..на лето воопшто не ми сметаат дождливи денови и имаат сосема поинаква димензија,дури и ги барам! На зима и есен ги мразам,ме депримираат максимално,посебно кај нас у Скопје се се зафркнува,улици,патишта,цел се мокриш итн..Ваквото време кај мене не предизвикува смиреност,напротив ме напнува,нервира,губам инспирација и креативност,немам желба за ништо освен да седам под ќебе да јадам и да гледам филмови! Не дека тоа е лошо,ама е сосема спротивно на мојата личност! Ваквите денови ме приморуваат да правам работи кои не ги сакам,кои не секогаш ме исполнуваат! Ах златно сонце
само на помислата доЖдлив ден, и пејсаЖот есенски кога ке си замислам, ме факаат морници Жолтиот пејзаЖ со најразлиЧни бои како винесто црвена Жолта и кафеава јас со Чадор в рака како се шеткам и го слушам руморот на есенските лисја и доЖдот. прекрасно
На дождлив ден дефинитивно најубаво се спие! Јас како дете на пролетта, не ја сакам многу есента и дождовите, но да не се ваквите денови веројатно не би имала време да си се посветам малку самата на себе. Да уживам додека читам некоја интересна книга, да одмарам во тишина со шолја кафе или да гледам некој добар филм.
Ах дождлив ден знае некогаш да ми биде голема инспирација и ме тера кон хедностичко однесување. Многу често знам да направам чај и да се загледам во некоја точка. Со љубовот кај мене во двор легнавме на трева и лежевме со лицето кон небото ах прекрасно. Секогаш добивам инспирација за некоја фотографија, за пишување поема.. меѓутоа често знае и да ме депримира кога сум предолго сама.. Ах и многу сакам да водам љубов на дождлив ден.. премногу ми е романтично, не знам посебно..
Јас дождливиот ден најмногу го сакам.Воопшто не ми е депресивно,напротив се чувствувам многу убаво. Обожавам да гледам како врне или да одам по дожд.Ма нека ме измокри целата,баш ми е убаво чувството. А многу работи би правела на дождлив ден....Отсекогаш ми било голема желба да се бакнувам на дожд па можеби и ќе ми се исполни некогаш .
Ги сакам дождливите денови. Сакам да се шетам по нив, сакам да си облечам убаво топло палтенце и со чадорче бесцелно да талкам. Тоа го сакам... А ако сепак сум дома, се облекувам во најудобното нешто што ќе го најдам и ги слушам капките како течат додека се топлиме со лепотанот, т.е. тој ме топли мене. Добра книга и кафенце не е на одмет! Ама, пак, дожливите денови ги мразам кога заврнува, а јас сум негде без чадор, а такси ни за лек.
Додека сум внатре на топличко, сакам дожд. Сакам да го гледам од прозорецот. Денес кај нас врнеше дожд Јас и сестричето, се покривме и збуткавме под ќебенцата со книгите во рака. Чат пат ќе се насмеевме и ќе се скокотнеме. Многу е мила
Ме депримираат дождливите денови. Ништо не ми се прави, сакам само да лежам во кревет и да слушам тажни песни, да гледам некој филм, да ги исклучам сите светла, со никого да не зборувам цел ден. Ту бреее...
Вљубена сум во дождот,па и во есента.Обожавам осамени вечерни прошеки во стариот дел од градот кога е ладно и водено.
Дожд. Кап,кап,кап.. Дождот како дожд е убав, но.. Студено е, ладно, не можам од дома да мрднам. Не. Не ми се допаѓа.
И да го сакам дождот колку што го сакам сонцето. Уживам на дождот и на дождливото време Секоја ваква природна појава носи со себе куфер со убавина
Дождлив ден.. За мене посебен ден. Како денес. Цел ден со некое мрзеливо расположение. Како полжав се врткам по дома. Во пижами, со екстремно огромен дуксер. Размачкана шминка и бушава коса. Закотвена во креветот покрај прозорот, со топли трислојни кебиња. Во едната рака чајот со вкус на јаболко и цимет(ухх), како куче го душкам. Во другата, книгата. Далеку од бучниот свет. Ги сакам ваквите денови.
убаво е конечно е ладно како што и треба да биде во октомври,мокри улици,мирис на ајвар,по некој лист со капките од дождот се тркала по влажниот асвалт,чадори,љубов..облаци,есен колку и да е се заспано некако е убаво и релаксирачко времево..