Не ми смета дождот ама мораже ли бе баш во сабота да врне !? Баш коа треба да се излезе надвор ке седиме дома затворени во некоја книга
БУквално се молев секоја ноќ пред спиење да врне! Немојте да ме мразите ама обожавам дожд ( а најмногу сакам бури, дождови, со молљи, грмежи и ветришта уфф ) Сега толку ми е се совршено, шо и да правам, мене ми е убаво, во ова време се чувствувам како некогаш, многу одамна, јас да сум учевствувала во правењето на дождот, и тмурните денови хахахаха. Убаво ми е кога е вака, зашто сега имам најмногу време за мене, да направам многу работи, кои нема шанси да ги направам кога е сончево и убаво. Сега, еве, ќе си направам какао, ќе си го пуштам мојот нај филм, Memoirs of a geisha, и ќе си седнам на бамбусот во мојата соба, и просто ќе уживааааааааааааааам, но пред тоа, ќе си ги средам ноктите на нозете, педикирче, па после еден туш, слободно ќе се дозволам да се изнашлапам со најубавите овошни лосиони за тело без да мислам дали ќе ме испотат...
Мораше баш денеска да заврнеш кога треба да испаѓам со лепотанов Инаку зависи од расположението дали сакам или не дождливи денови..понекогаш ги обожавам тие денови а понекогаш многу се нервирам кога ќе заврне.
Не знам зошто, но кога станав од спиење и застанав на прозорецот, долга и голема насмевка ми се рашири низ лицето. За две секунди се најдов пред мојот плакар, ги вадев пастелните нијанси парчиња гардероба, комбинирав со соодветна бижутерија и трк на шминкање. И лицето посебно убаво ми изгледаше денес, свежо, а очите мои зеленки, добија некоја преубава нијанса и светеа како стакло. Се подготвив и земав еден огромен чадор, често се шегувам дека е „трособен“, на него ги имаше сите нијанси на боите од виножитото. Шлапкав прескокнувајќи ги баричките, есенските листови ми се лепеа по чизмите, мирисаше на необична свежост, а јас се чувствував необично исполнето. Бев со другарка на по една пијачка, локалот одвнатре преполн, а јас почувствував едни очи што ги познавам од многу одамна,а последен пат ги видов зимата пред 10 години, ги почуствував како се лепат за мене, сакајќи да се уверат дека времето од клинка, моделирало урбана жена. Не почувствував ништо, ни морница, ни скокот, ни пеперутка в стомак, ни чувство на возбуда, ни чувство на омраза, како духот од минатото да не беше присутен, заборавив и дека постои, уживав во првото остро кафе без шеќер у вкусот на горчината на Швепс. Другарката ми е моја совест и мое второ јас. Таа е моја сенка, мој клон, моја симетричка слика...Фативме секакви теми и се кикотевме во аголот на пабот, додека надвор уште паѓаше дожд во ритамот на еден инструментал кој одеше во позадина. Тие огромни капки ме правеа среќна...ја прекршуваа светлината во моите очи, препознавајќи ги и гледајки ги сликите предметите на еден поинаков начин...
Почнав да го засакувам дождот..... Позитивно влијае на мојата психа,ми буди убави спомени.Сабајле кога видов дека врне многу убаво се почуствувам во мене се разбудија некои убави чуства и ми се вратија убави спомени. Колку е прекрасно чуството да седиш дома на вакво време завиткана во кебе со шоља чај и да ги прелистуваш старите веќе избедени слики и искинатите албуми да се навраќаш на детството и на спомените кога си бил најсреќен а на прозорецот да ги гледаш како се лепат капките дожд. Потоа добиваш желба да излезеш надвор да шеташ без чадор по улиците да шлапкаш во вировите....да завртиш еден број да повикаш некоја личност што ти значи да шетате заедно на вакво време да се потсетите на добрите стари времиња да накиснете заедно потоа да фатите такси да отидете кај него да се туширате заедноб спремите вечера да пиете вино и да имате жежок секс................. Аххххх времево ме прави носталгична но сепак го сакам
На дождлив ден се пуштаат песни со истиомен наслов и се силува статусот на Фејсбук Јас на дождлив ден си правам мераклиско кафе, земам бисквитчиња и се шмугнувам под ќебето...
Кога е дождливо место не ме фаќа, само шетам како фурија по дома, идам по другарки, може некогаш и надвор да отидам, ништо чудно, а кога сум принудена дома да седам ми текнуваат најлудите идеи.
Врне дожд, ја под ќебе со нешто топло за пиење и многу многууу филмови(ако нема филмови секогаш има добри стари сезони госип грл)
прекрасно мириса и преубаво е, обожувам дожд најчесто со другарките седиме филмчиња или трачариме опасно ако сум во школо, секогаш одам на кафе после тоа и седам надвор и уживам и уживааааа, http://www.youtube.com/watch?v=b7k0a5hYnSI&ob=av2e -FEEL THE RAIN ON YOUR SKIN
Го обожавам дождот,гледам дека и не сум единствена Нема ништо почисто и поубаво од тоа кога врне дожд,мислам дека тогаш и душата и телото ми се одмараат. Минатиот пат баш со дечко ми се шетавме кога врнеше онака со чадорче и верувајте ми беше толку романтично,спонтано вистинско задоволство ПРОБАЈТЕ !!!!
Дождлив ден...звучи привлечно под услов да си ја имам љубовта до мене Во глобала дожд не сакам, меѓутоа сакам прошетка после дожд...сакам гушкање додека врне,сакам да гледам тв додека врне особено foxlife , сакам да см некаде на некоја огромна тераса нормално покриена или усте поубаво стакларник со добар поглед а надвор да истура ајас да ужива во љубовта и саканиот...сакам стакларник...дожд...добра книга...кафе и некој добар десерт...може и чај де не викам не....
Дождлив ден = дождлива Snow-Queen Дента ме боли глава, не сум расположена, ми се спие, се ме нервира, не ми се мрда од моја соба, спуштам ролетни да не го гледам времето, и имам заприметено дека кога и да сум тажна за нешто во животот ако плачам, дента обавезно врне
Дождлив ден е убав ден само ако е поминат дома под топло ќебенце со нешто за грицкање или нешто топло и вкусно за пиење, чај , чоколадо или кафе. Ах да, добриот филм не смее да изостанува. Инаку најмногу мразам кога морам да одам некаде имам обврски а надвор се истура дожд. Шлапити шлупити шлап ,прекраснотии
Јас пак.. кога ќе заврне излегувам и шетам.. Сакам кога врне, мирисот на прашина . Се чувствувам безбедно под чадорот, нема многу луѓе по уличките и си размислувам за се Нема поубава комбинација од дожд и решавање на проблеми
Го овожавам дождот ненормално посебно кога е лето и кога тивко си врне а јас си седам на тараса си пијам кафе и си гледам....убавини.