Го сакам дождот. Особено оние летните дождови кога се` мириса на липа. Баш ми е романтично. И тогаш, во средината на тој рој од капки, сакам една искрена прегратка надополнета со бакнеж. Онака, чисто за да знам дека некој ме чува, пази на мене. Обожавам и кога има бура надвор, а јас со топло чоколадо си гледам од прозорец. Ме опфаќа некоја сигурност, супериорност над дождот и грмотевиците. Есенските, чести дождови пак ме инспирираат. Ја будат меланхоликата и писателот во мене. Значи го сакам дождот. Сакам кога капките ќе ме накиснат цела или пак кога бура беснее надвор, а јас сум заштитена со ќебенце, со топло чоколадо в рака.
Дождлив ден. I love it ! Би спиела. Најслатко спијам кога паѓа дожд. И јас би сакала целата да покиснам да дождот, но неможам.
Кога надвор врне, сакам да си легнам на кревет, да се стуткам и да си отспијам една партија. Тогаш и најубаво се спие! Или пак, ќе си гледам некое филмче.
Дождот некогаш повеќе го посакувам од сонцето, тогаш некако се чуствувам свежо и мирно, легнувам во кревет одмарам и на ништо не мислам
Дождливиот ден не го сакам само кога морам цел ден да бидам излезена, кога имам милион обврски, па автобусите каснат, такси не можеш да најдеш, и се создава голем метеж. А на ваков ден како овој, кога единствени дестинации ми се креветот и фотелјата, сакам да спијам, да одмарам и да пијам кафе додека слушам радио.
Луѓе немам поим зашто и како, ама јас УЖИИИВАМ кога врне особено ако е вака како денес, си врнуцка по малце а јас онака опуштено си одам до Tinex, без чадорче и уживкам попатно!
дождлив ден = ден за лежење у пижами, тегнење, музиче и таков тип на релаксирање по дома или комшилук да се разбереме во зграда меѓу комшики е дозволено одење по пижами хихихихи
така тмурно денес, ама сепак подобар од многу останати врнежливи и сиви.. сепак не ми е баш даун расположението како што знае да ми биде, читам книга и ќе учам цел ден :geek нема да кажам априлилили) ама не излегувам надвор до утре. па што сака нека биде
Прееска шеткав по дождов и не успеа да ми повлијае негативно на расположение бидејќи си бев во убаво друштво... вообичаено на дожд обожавам да спијам, или да гледам некое интересно филмче што ќе разбие монотонија, ама и една прошетка на дожд со одредени личности воопшто не би ми пречела .
Денеска врнеше, баш убаво си седевме со другарка ми на терасата, со зборлив човек нeма да ти е досадно, верувам не и беше на другарка ми.
Јас убаво си се чуствувам кога врне дожд, така релаксирано си пуштам музиче и си го гледам како врне дождот и си уживам. Баш е убаво и романтично