1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доживотна издршка или подарок

Дискусија во 'Правни совети' започната од Marni, 5 јули 2012.

  1. Marni

    Marni Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ајде да го погледнеме проблемов од перспектива на старите лица.

    Кој од овие два договора им обезбедува поголема сигурност на старите дека до крајот на животот ќе бидат чувани од своите деца и нема да бидат избркани од дома.

    Да не заборавиме дека пола од старите ке станат сенилни и уплашени да се влечат по судови и да докажуваат дека не се чувани од своите деца ( раскинување на договор за дар).


    Очекувам правниците да не советуваат
     
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    доживотна издршка или подарок

    Договорот за доживотна издршка им обезбедува поголема сигурност на старите лица, но овој договор е товарен и после нивната смрт ги оптеретува децата да плаќаат данок кој инаку не би го плаќале бидејќи се законски наследници од прв наследен ред.
    Токму поради тоа во повеќето случаи кога станува збор за родители и деца се прават договори за поклон. Во договорот за поклон може да се нагласи дека поклонодавателот има право на службеност на имотот кој го поклонува и од истиот не може да биде избркан се до неговата смрт. Оваа одредба(која многу често се додава во договорите за подарок) ги заштитува старите лица да не бидат избркани од имотот и да живеат таму дури се живи, но оваа одредба не ги обврзува децата да се грижат за родителите, да ги чуваат и негуваат(како што е случај со договорот за доживотна издршка).
    Освен овие две опции, исто така треба да се земе во предвид и тестаментот, бидејќи тука нема даноци кои ќе ги оптоварат наследниците, а поволност е и тоа што до смртта на оставителот имотот се води на негово име и тој може да го промени тестаментот во било кое време.
     
    На Marni му/ѝ се допаѓа ова.