1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дозвола за градба, елаборат, проект и сè околу добивање градежна дозвола

Дискусија во 'Правни совети' започната од ALISA0000, 15 јануари 2019.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.630
    Допаѓања:
    152.280
    Еве тема кај што ке може да се дискутира за законите и се што треба да се добие градежна дозвола за градење кука,викендица
    Мене ме интерсира дали е иста процедура ако градиш во градот или надвое од градот ако градиш и како оде процедурата од кај се почнува?
     
  2. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Се работи за градби од втора категорија. Како такви, меѓу останатите се сметаат: станбено-деловно градби, деловни градби, викенд куќи, градби за индивидуално домување, градби за колективно домување, рекреативни центри, итн...
    Градбите од втора категорија се градби од локално значење и одобрение за нив издава градоначалникот на општината, по спроведена постапка за издавање на одобрение за градење.
    За добивање на одобрение за градење, носителот на правото на градење поднесува барање во електронска форма до надлежниот орган, кое барање треба да ја содржи и основен проект, геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште, како и доказ за правото на градење.
    Учесници во изградбата се - 1.Носителот на правото на градење (тоа може да биде сопственикот на земјиштето на кое се гради, или лице кое стекнало право на долготраен закуп на градежното земјиште, или право на службеност заради градење, како и концесионер); 2. Правни лица кои вршат работи на проектирање, ревизија, изградба и надзор на градбата.
    Одобрението за градење се добива доколку доставената документација заедно со барањето е комплетна, и доколку барателот го платил надоместокот за уредување на градежното земјиште, во тој случај одобрението се издава во рок од 5 работни дена.
    Изведувањето на градби може да се започне со издавањето на одобрението за градење кое е правосилно во управната постапка.
    Градбите изградени без одобрение за градење се бесправни градби, а додека деловите од градбата изградени спротивни на заверениот проект и даденото одобрение, се причина да се утврди ништовност на одобрението за градба, односно во таков случај надлежниот орган кој го издал одобрението за градба, донесува акт за утврдување на ништовност на одобрението, кој го доставува и до јавната книга за запишување на правата на недвижностите.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dani-Bani

    Dani-Bani Нов член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Zdravo!
    Prv pat prasuvam na forum i ne znam dali e se soglasuva moeto prasanhe so temava.
    Majka mi imaat izgraden objekt od pred 30g za prasinja. Na komsiite kukjata im e izgradena pred 15-17god na rastojanie od 7m od objektot i im se zakanuvaat na mojte deka ke im viknele inspekcii za rusenje. Jas sakam da znam koj e vo pravo.
    Vi blagodaram
     
  4. ElenaSA

    ElenaSA Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите, ме интересира дали во процедурата за одобрение за реконструкција на кров е предвидено известување на непосредни соседи? Знам дека е за дозвола за градба, но Законот за градење има посебен дел за употреба, одржување и отстранување на објекти со кој е регулирана реконструкцијата и не е споменато известување.
    Прашувам поради времетраењето на постапката. Премногу трае наместо законските 7 дена и ме интересира кои се опциите и согласно кој закон. Нели 15 дена по известување, а нашана пошта е хаос, па писмата може да стигнат по два месеци иако препорачани од лично искуство :(
    Посебно со оглед на тоа што потполна и уредна документација мора да има потписи. Или, како во нашиот случај, кога има судско решение за замена на потписи, непосредните соседи се веќе известени и знаат дека има судско решение.
    Ви благодарам
     
    Последна измена: 8 август 2022
  5. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    713
    Допаѓања:
    1.832
    Пол:
    Женски
    Дали некој запознат со процедура на вадење градежна дозвола може да ми пише пп ве молам? Ако е активна темава уште :)