e како можат без твое знаење да ти направат кредитна значи немат право тука треба да стое ваш потпис и секако вие да поднесете барање значи во ниту една банка не смеат да ви направат кредитна без ваше барање...........
Мoже! И јaс дoбив кредитнa кaртицa кoјa никoгaш не сум јa пoбaрaлa и тoa нa изнoс 212000 денaри. Имaм дoбиенo и згoлемен лимит, без дa пoбaрaм.
Јас пак сакав да извадам кредитна од Комерцијална и ми бараа потврда од работа, а и за дозволен минус поднесував барање. Сега се каам што извадив
Јас колку што знам, ( сега зборувам за ТТ банка ) кога имаш кредитна картичка и плаќаш за нив всушност парите секој месец при уплатата ти се враќаат на сметка и можеш со таа да купуваш каде сакаш, при што се одбива само 500 денари од вкупната сума. Пример должиш 5000 месечно за кредитна картичка истите ги уплаќаш во банка со тоа што тие одбиваат -500 денари, а останатите 4500 денари ги имаш на сметка. Парите за кредитните картички се вртат, уплаќаш ги имаш на сметка и така секој месец, зависи до кога ти важи картичката.
Кажи како ќе кажеш (од шупљо у празно е тоа), вршат работа картици и кредити посебно за важни работи ама во моментот кога ќе си го ставиш ланецот околу врат стега секој ден ... 100 пати е подобро да немаш потреба од картици и кредити и лимити. Едвај чекам да ги затворам и СЛОБОДА, ДИШИ!!!
Не е за КБ ама сепак да прашам. Земав плата преку банката, работниотводнос ми прекина пред поврќе од две години а картичката ми имаше важност до зимата ама нели празна. Е сега преку познаник ми пратија абер од банката дека ми изработиле нова картичка, а јас немав примања повеќе од две години. Не ми се јавија или писмо на адреса не ми дојде и не ја ни подигнав а за надоместокот шо ми почна си отворив сметка преку друга банка. Е сега со оваа старава банка имам некоја обврска уште, сметката сама згаснува или јас одам да ја откажам..?? Дан ми репнат некоја сума за нешто...!?!
Комерцијална банка зема околу 50 денари месечно (не сум сигурна дали се 50, од таму ќе ти кажат) за одржување на сметка, што значи дека ако не отидеш и не потпишеш таму изјава дека сакаш да ја затвориш сметката, ќе ти се таложат долгови. Не очекувај да ти се јават пред да бидеш утужена. Значи, оди веднаш и ако немаш намера да работиш со таа трансакциона сметка, ОДМА затвори ја.
Убаво вика рефка, секој месец ситно по ситно, и на крај ќе ти дојде да дужиш неколку илјадарки. Оди затвори си ја ако не ја користиш. Јас ја затворив пред скоро време! Многу ми се бре неуслужливи, бавни, па на 100 шалтери да завршиш работа - за тековна ваму, за картичка онаму...
Одиш во експозитура која ти е во маало, во твоја Општина и ти велат ,,,ааааа за ова мора во дирекција на плоштад !!,, Работно време им е од 08 до 17, значи додека сум и јас на работа...па морам да ,,бацам,, рака на работа на одговорните за да ми дадат да излезам од работа. Компликејтид вери мач фор ми
го заборавив тоа со одењето во Дирекција еј!!! Па за е-банкинг ми закажуваа термин со ИТ за да ми дадат токен а оние за еднократна употреба не може во секоја експозитура да се подигнат!
После се раширија - може во неколку експозитури, не во сите, ама во поголема мрежа од дирекција. КБ и СБ ми се дефинитивно најкрш со услуга!
Со СБ сум немала допир, ама мм кога земаше картичка во Тутунска, се утепа од пцуење, па веројатно никаде не е сјајно Искрено, сега скоро цело време користам само картички и мобилно банкарство, и супер ми е
Сакам да прашам кои се условите во банките за дозволен минус?? Дали треба да си долго време вработен ??? Која банка има најповолни услови??
Дали може некој/а што се разбира во банкарски работи да ми пише лп, сакам да прашам нешто Благодарам однапред