Дозволи да те сакам (Канал 5)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од cresa-jagoda, 28 јануари 2019.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Лејла е самохрана мајка на мало бебе, која по разводот се враќа во куќата на нејзиниот татко во Германија и ќе мора да живее под ист покрив со нејзината злобна маќеа, полусестрата и полубратот. Тогаш таа го запознава Хасмет, навидум романтичен, грижлив и примерен маж, сопственик на ланец ресторани кој со работата во Германија го прикрива неговиот валкан бизнис на трговија со дрога. Тој се вљубува во Лејла и ја бара нејзината рака од нејзиниот татко, кој е приморан да ја дозволи таа врска, за да го спаси неговиот син од проблемите и уцените на идниот зет. Во потрага по подобар живот за нејзиното бебе, Лејла ќе реши да се омажи за Хасмет и да се врати во Истанбул. Но, на денот на нејзината венчавка таа ги дознава тајните за илегалните работи на Хасмет. Во страв за животот на нејзиното синче, бега од домот и од сопствената свадба. Погрешната одлука да се омажи за тој човек сепак ќе ѝ ја донесе вистинската љубов. Истиот ден, сосема случајно го запознава скромниот и згоден Алпер. Тој работи како готвач во ресторанот на господин Хасмет, несвесен за криминалот на неговиот шеф. Неговата жена Берна со зетот ќе го прелажат и ќе му ги земат сите пари, по што ќе следува сообраќајна несреќа по која Берна останува во кома. Така, Алпер е приморан да се грижи сам за неговата ќеркичка и да заработува, работејќи во ресторанот на Хасмет. Средбата со Лејла и за него ќе претставува нов почеток и нова љубов. Овојпат, онаа вистинската и бескрајна љубов. Алпер ќе реши да ја заштити Лејла и да се грижи за нејзиното синче, но богатиот и опасен Хасмет нема толку лесно да се откаже од она што го сака - убавата Лејла. За Алпер и Хасмет следува тешка борба за љубов, во која мора да се изборат со сите препреки поставени од Хасмет, кој секогаш ќе им биде зад петици.

    Улоги : Kadir Doğulu, Seda Bakan, Mustafa Üstündağ, Dolunay Soysert, Kadir Çermik, Mahperi Mertoğlu, Cemil Büyükdöğerl

    [​IMG]



     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    55.227
    Пол:
    Женски
    Ја погледнав првата епизода,ми се виде како интересна серија.
    Алпер,односно Кадир,ми е симпатичен глумец.
    Ќе продолжам да ја гледам :D
    Жал ми е за Лејла бидејќи маќеата и полусестрата ја малтретираат психички, ми личи на борбена жена,и покрај се не си го остава само бебето,се надевам дека на крај ќе биде среќна со Алпер.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.