1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доказ (Proof)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од blackpanter, 17 август 2015.

  1. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    6.096
    Пол:
    Женски
    Не најдов ваква тема, но ако има мојата во канта.

    Се работи за серија која излегла на 16 јули 2015. Се работи за брилијантен хирург д-р Керолин Тајлер (Џенифер Биалс) која ќе се обиде да најде доказ дека постои живот после смртта.

    Главни улоги: Џенифер Биалс, Дејвид Сатклиф, Еди Гадеџи, Метју Модин, Ени Турман

    Жанр: драма




    По смртта на својот син, разводот и оддалечувањето од својата ќерка, некој би рекол дека д-р Керолин Тајлер (Џенифер Биалс) не би била способна да продолжи со својата кариера како хирург. Но, наместо да се откаже од последната добра работа која во моментов ја одржува во живот, како што најчесто луѓето кои преживеале траума прават, таа решила целосно да се посвети на неа. Токму затоа и не изненадува фактот што Ајван Туринг (Метју Модин), инвентор и милијардер кој боледува од рак, токму неа ќе ја избере за своето истражување дали навистина постои живот по смртта.

    [​IMG]


    На почетокот таа ќе дава отпор, велејќи дека не верува во духови ниту пак дека постои начин на кој може да се докаже нивното (не)постоење. Но, способноста за убедување на Ајван ќе надвладее и таа ќе почне да соработува со него. Заедно со својот стажант, Зед (Еди Гадеџи) и асистентката на Ајван, Софи (Ени Турман) тие чекор по чекор ќе почнат да ги истражуваат сите случаи кои пријавиле каков било натприроден феномен кој не може да биде објаснет со помош на науката. И покрај тоа што некои од нив делуваат навистина неверојатно, тие брзо ќе почнат да откриваат дека можеби сепак има нешто повеќе одошто мислиме…

    [​IMG]

    Дејствата веднаш нè впуштаат во приказната и сите настани брзо се развиваат, па токму затоа и во ниту еден момент нема да ви биде здодевно додека ја гледате оваа ТВ серија. Со секој нов случај тие налетуваат на нови прашања кои на некој начин истовремено и ги оддалечуваат и ги доближуваат до одговорот на едно од најстарите прашања: „Дали постои живот по смртта?“ Останува само на времето да дознаеме дали тие ќе најдат вистински доказ…

    [​IMG]

    Превземено од Кафе пауза.мк

    Јас ја почнав серијата и засега многу ми се допадна, засега има излезено 9 епизоди. Се надевам ќе ви се допадне и на вас па ќе развиеме дискусија.

    Еве ви торент од првата епизода:
    https://rarbg.to/torrent/9g46wdu
     
  2. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    6.096
    Пол:
    Женски
    никој не ја гледа серијава? :(