Доктори и сестри крадат лекови од болните од рак

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 2 септември 2023.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.048
    Допаѓања:
    66.683
    Пол:
    Женски
    „Фокус“ ја открива разработената криминална бизнис-мрежа што се прави на скопската Клиника за онкологија со препродавање лекови.

    Во оваа шема се вклучени повеќе лекари и медицински персонал на клиниката. Според нашите доброупатени извори, во системот се внесувале и блиски роднини на екс менаџментот на клиниката, кои не се болни од карцином, но лековите што се наменети за нив, се препродавале.

    Исто така, на дел од пациентите им се дава половична терапија без да знаат, со што скапата биолошка терапија завршува на црниот пазар, односно, според неофицијалните информации, на Косово. А, за да можат навремено да го почнат лекувањето, некои пациенти за испитување со пет скен плаќаат и по 700 евра „под рака“.
    https://fokus.mk/fokus-express/zlos...N-xUvkbVhhIMT8zKgAcZXzywgup3q_ZCunf5EIRNtQ1RE
     
    Последна измена: 2 септември 2023
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.275
    Допаѓања:
    19.780
    Пол:
    Женски
    Ќе летаат конечно оставки од Онкологија или уште ќе се перат дека не сме медицински ние Славиците образовани, знаеле они што прават...?

    Или ќе се вадат оти ниски им биле платите па морало вака да заработат?
    Е овие се за ќотек. И тоа ептен за ќотек.

    Море не. Да дочекаат таква болест што ќе се молат да умрат од агонија. Како што пред нивни очи умирале пациенти. Е така.
     
    Последна измена: 2 септември 2023
    На elenaa0805, sunshinebabe, staycalm и 28 други им се допаѓа ова.
  3. Zhukov

    Zhukov Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2022
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    1.239
    Пол:
    Машки
    Колку е нечовечки да му го украдеш лекот на човек, да му ставиш обичен раствор и насмеан да го пратиш дома да се надева дека ќе се спаси. А неговиот лек да го праќаш на Косово за да печалиш пари...
    Постои ли збор кој може да опише такво злосторство?
    Да му ја украдеш на човек последната надеж за спас?
    Човек кој ништо не ти згрешил, човек кој само сака да живее...
     
    На GirlLove, LadyD, elenaa0805 и 64 други им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.098
    Допаѓања:
    20.817
    Пол:
    Женски
    Ехее, колку такви ситуации знам.... ама нашиот народ никад нема да се опраи, затоа барајте си спас надвор.
     
    На Mumoftwo30, Sielo❤️, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    За ова читав и во друга тема ама не разбрав баш, немаше некои информации, што се случило?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Musicallinmylife

    Musicallinmylife Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2022
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.460
    Пол:
    Машки
    Очигледно немаат совест, па можат да живеат со тоа дека на некого си му украл шанса за живот, мене не ми е сватливо и на тие што имаат совест не им е сватливо. Не можам да поверувам ова е еднакво на убиство.
     
    Последна измена: 2 септември 2023
    На Anie93, Осе, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Zhukov

    Zhukov Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2022
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    1.239
    Пол:
    Машки
    Одиш да се лечиш државно зашто си плаќал цел живот здравствено.
    И ти викаат а бе има еден лек може да те спаси, ама една ампула од него чини 2000 до 4000 евра. И ти желен да живееш продаваш стан имот да можеш да се лечиш, да купиш од тие ампулите. Плаќаш за нив
    И пази сега...
    Лекарска здружена банда наместо од тие ампули ти дава физиолошки раствор, а ампулите ги препродаваат на Косово, купени со наши пари.
    А ти мислиш те лечат, додека полека се гасиш клетка по клетка...
     
    На Zaljubena26, MeowMeow, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.275
    Допаѓања:
    19.780
    Пол:
    Женски
    Лекари и сестри на Онкологија краделе лекови и ги продавале на црно во Косово.
    А на пациентите место лекот им давале обичен физиолошки или којзнае какви тракатанци.
     
    На Mumoftwo30, Celltica, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.403
    Сакам да верувам дека не е вистина, дека се шпекулации… О Боже!
    Колку треба да си нечовек за вакво нешто да ти текне?
    За овие и затвор е малку, никогаш не посакувам никому лошо, ама….
    Ќе им се врати се, порано или подоцна. Ни помалку ни повеќе, сериски убијци.
     
    На Frosty!, Mumoftwo30, Осе и 11 други им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.080
    Допаѓања:
    110.791
    Пол:
    Женски
    Ова е рамно на Хитлер.
    Не знам што да кажам друго...
    Да не кажам дека ми се повраќа кај живеам ама ќе ми скокнат овие шо му е арно овде ... Има и такви јбг (facepalm)
     
    На elenaa0805, Frosty!, staycalm и 35 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    :o
    Катастрофа, ужас. Кога доктор ќе забега, забегано е в крај... што се' може да направи со здравјето и животот на пациент. Еееј, болен, толку ранлив, со верба и доверба ќе оди да се лечи. :x А тоа Косово, тоа само поврзано со секаков криминал. :swear:
    За овие доживотен затвор треба, ништо помалку.
     
    На Victorian, Mumoftwo30, Ahoy и 12 други им се допаѓа ова.
  12. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.726
    Допаѓања:
    269.273
    Пол:
    Женски
    Белким го допревме дното.
    Од ова повеќе удолу нема.
    Не ми се верува дури навистина не ми е верно дека до олку е можно.
    Два пати по скоро 2 години сум ја посетувала со најблиски онкологија можам со заврзани очи да се снајдам низ неа.Тоа што сум го видела посебно горе кај лежечките пациенти ме прогонува и ден денес.
    И ова да им го правиш на тие кутри души кои за сламка се фаќаат.
    Никому ни на душман досега не сум посакала ни до влезна врата таму да појде ама сега од душа ги проколнувам сите што се дрзнале на овој геноциц да искусат на своја кожа и да умираат со месеци и години во таа агонија.
    Ау...се растревожив ко никогаш.
     
    На Frosty!, Bubce38, staycalm и 35 други им се допаѓа ова.
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Исусе Христе. Мајка ми пред 2 години почина. Којзнае што добивала и таа во " хемотерапијата"...
    Ѕверови гнасни, се надевам некој ке им скрши врат на главните, од роднините кои останале без најмилите. Ниеден затвор не ги пери, гомна смрдени монструозни.
     
    На staycalm, Victorian, azelea и 26 други им се допаѓа ова.
  14. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.878
    Допаѓања:
    203.903
    Пол:
    Женски
    Не дека е за лајк сето ова,туку подршка и исто мислење делам со вас.Страшно и монструозно сето ова.Зборови се нема,душа боли...
     
    На staycalm, Victorian, Mumoftwo30 и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Како може да се помисли дека само докторите и сестрите стојат зад ова ? Солзи ми идат на очиве,за нив само 9 круг на Данте.Нема простување.
     
    На Mumoftwo30, Purpleheart, fana и 6 други им се допаѓа ова.
  16. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.726
    Допаѓања:
    269.273
    Пол:
    Женски
    Стојат сигурно и повисоки структури и надредени над нив .Не е ова тоалетна ќе ја украде сестрата.Ова е кој знае каква организирана структура .И сигурно со амин на некој "битен".:@
    Леле знаете кој внатрешен немир се раѓа кај сите кои изимативе неколку години изгубивме блиски таму?
    Еден пример:мм вели леле затоа на мајка ми не и падна косата кој знае што и ставале.:|
    Која доверба бре да ја имаме пациентите сега.Немаме можности сите за приватни здравство.
    Ау...не да е трагично...;(
    Редно е смртна казна да има или ќе почнат луѓево пак крв за крв...(facepalm)
     
    На Victorian, azelea, Curious cat и 18 други им се допаѓа ова.
  17. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Не разбрав, во ова замешана ли е и детска онкологија ?
     
    На Mumoftwo30 и LejlaD им се допаѓа ова.
  18. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    И пак ќе седеме дома и ќе плукаме по интернет додека не излезе нешто ново?
     
    На Осе, Sophitas, Ouravanture и 2 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.196
    Допаѓања:
    247.654
    Одбивам да помислам на ова. Ме ужаснува само што спомна.
     
    На Lilit, Mumoftwo30, Ahoy и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    2.673
    Пол:
    Женски
    Да! И ќе фаќаме врски па макар и на онкологија. Жално ама вистинито
     
    На Mumoftwo30, Ugly Duckling и LejlaD им се допаѓа ова.